Настанокот на човекот

Како мислите дека настанал човекот?

  • Господ го создал(Адам иЕва)

    Гласови: 29 31,2%
  • од еволуцијата на Мајмуните(Човеколики мајмун)

    Гласови: 64 68,8%

  • Вкупно гласачи
    93
D

Daedalus

Гостин
Oва ти е сродствено дрво пошто скроз наопаку ги ставаш приматите дека му припаѓаат на група човеколики мајмуни, што е скроз погрешно и свртено наопаку, човекот, мајмуните човеколики мајмуни му припаѓаат на групата примати, значи си испомешала тие две групи и поими кој на кого му припаѓа,
А од кој мајмун настана човекот (ако не е тајна)
Да, исто така јас цело време тврдам дека луѓето се ангели измешани со вонземјани, а ти пробуеш да ми објасниш дека не е така. Неспособен си да прочиташ прост текст или измислуеш ствари што не сум ги кажал пошто си орев.
Нема трето.
Тоа ти го приметив и кога зборевме за хомосексуалците, скроз не си прочитал цело детално објаснување и верглаш со истите глупости што сум ти ги појаснил. Не да не се сложиш, а да разбереш, па да појасниш зошто, не бе, ти не си ни читал, не си ни сконтал што ти пишуем. Тоа што го прочитав ко реплика е next lеvеl Мики.
+ Не ни ја разбираш сликичката што си ми ја постирал, тоа се бруки Лет3.


Јас не реков дека приматите спаѓаат у група на човеколики мајмуни.
Јас реков:
Човеколики мајмуни/хоминиди се семејство изведено од редот на примати и таксономски у тоа семејство, спаѓаме ние (great apes ти е на англиски), горилите, шимпанзата, бонобо мајмуните и нашите изумрени предци, учителе.
Знаеш што значи зборот изведено?
Еве ти го целиот текст, а ако не знаеш англиски, ќе ти преведам за да не си у забуна со стари информации пошто не ни очекуем да го кликнеш линкот и да прочиташ.

Постојат промени во начинот на кој луѓето, шимпанзата, горилите и орангутаните се класифицирани. На пример, порано се мислело дека „apes (човеколики мајмуни)“ треба да се делат на три групи (фамилии). Во оваа стара шема, луѓето се гледале како различни од останатите мајмуни и поради тоа се сметало дека мора да постојат во различна фамилија, Hominidae (хоминиди).
Со текот на времето, биолошките класификации се менувале поради подобрените техники и подоброто разбирање на биологијата и еволуционите врски на различните живи суштества. Сега, со подобреното знаење, научниците ги смениле класификациите за да го подобрат разбирањето за еволуционите дрва. Во оваа шема, постојат само две фамилии од кои една е таа на големите МАЈМУНИ во кои спаѓаат и луѓето, све тоа сместено во големата група на „хоминиди“.
Оваа поделба ги трга орангутаните во посебна подфамилија и сите останати големи мајмуни во друга подфамилија.
А тек после, на ниво на племе, горилите, шимпанзата и луѓето се делат во различни бранши од еволуциското дрво со тоа што луѓето се во гранката „hominin“, а не како хоминиди што спаѓа под стари класификации.


Ние сме мајмуни, нашиот според нашите сознанија најстар предок Австралопитекус е мајмун „hominin“ во подредот на сувоносни мајмуни и МАЈМУН е зборот кој се употребува за „ape“ у Македонија.
Ќе почнам у сликовница да ти цртам ебаго.
 
Последно уредено од модератор:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Човекот потекнува од примати кои се во фамилијата на „човеколики мајмуни“ или попрецизно хоминиди, човекот Е МАЈМУН.
Приматите се постар вид, настанаа пред 70 милиони години
Мајмуни настанаа пред 40 милиони години
не може примат кој е постар вид да го сместиш во понов.
Основата ти е погрешна и зато после се ти е испомешано конфузно и нејасно. Затоа и се прашуваш дали сме настанале еволуциски илли не создал бог, зато шо не ти е јасна еволуцијата
 
D

Daedalus

Гостин
Приматите се постар вид, настанаа пред 70 милиони години
Мајмуни настанаа пред 40 милиони години
не може примат кој е постар вид да го сместиш во понов.
Основата ти е погрешна и зато после се ти е испомешано конфузно и нејасно. Затоа и се прашуваш дали сме настанале еволуциски илли не создал бог, зато шо не ти е јасна еволуцијата
Не е можно. Не бе, не е возможно, ова е некој ген што доведува до психопатологија која манифестира симптоми на:
1. Неспособност некој да прифати дека тресе глупости и не е у право што резултира со сите можни вербални/логички грешки на селективно размислување.
2. „Не те читам, пупу, те заебав, хаха, рипам све што пишуеш“ што е мање више екстензија на првото.

Покрај моите 100000 објаснувања и шеми у кои ти посочувам јасно што е што, кои ако мочано ги прочиташе, ќе сфатеше дека кога зборам за примати, зборам за РЕДОВИ, кога зборам за ЧОВЕКОЛИКИ МАЈМУНИ зборам за фамилии,
ти ми посочуеш реченица у која така изолирано, изгледа дека ја зборам како фамилии се пред редови. Си тргнал контекст, си тргнал све и си посочил изолирана реченица. Браво. Еве ти петка на рука за чери пикингот. Ти ко оној Здравко Смилевски си, све трга од муабет, све трга од контекст и иако тресе глупости, вергла со една реченица што ти ја чери пикнал од све остало и ќе ти го тупи со таа реченица 30000 саата.

У реченицата стои ова:
„Човекот потекнува од примати кои се во фамилијата на „човеколики мајмуни“ или попрецизно хоминиди, човекот Е МАЈМУН.“

Граматички правилно е:
„Човекот потекнува од примати кои се ОД фамилијата на „човеколики мајмуни“ или попрецизно хоминиди, човекот Е МАЈМУН.“

Ваква реченица не укажува на човеколики мајмуни, хронолошки пред примати. Ти си примат. Факт е тоа. Ако сакаш да го изјасниш фактот дека си примат пред да го изјасниш фактот дека си во фамилијата „Човеколики мајмуни“, ќе кажеш, „Ја сум примат и сум од фамилијата човеколики мајмуни.“
Фрустрира фактот дека све друго си извадил од контекст, нешто што ако еднаш го прочиташе внимателно, немаше да има потреба да мавам боксови у ѕид и да се воздржуем од навреди поради моите кратки нерви со глупости од ваков карактер. Што сум сакал да ти пишам со таа реченица, нешто што ваљда треба да ти е појаснето од све што сум пишал после и пред МОЧАНО ТОА, е дека сум пробуел да ти појаснам дека ние потекнуваме од заеднички примат со другите мајмуни со што ние сме од СЕМЕЈСТВОТО „хоминиди/човеколики мајмуни/големи мајмуни“, кажи ги како ебано сакаш.
Никој не ја ни стави под знак прашалник каузалната врска примати, па после „човеколики мајмуни“ како фамилија.

Не е битно, не планирам да верглам со тебе.

Што и да правиш, да ја превртиш земјата наопаку, да научиш трбушни плес, што сакаш прави, пишувај постови, глуши го со чери пикинг....

Нема да го смениш простиот факт дека според било која биолошка таксономија...

Примати - Човеколики Мајмуни - Луѓе.


Тоа е проста вистина, една таква цврста вистина која ќе те боли пошто не си бил у право, не си знаел, си опоменал некого, а ти си бил тој што направил грешка!!!

Тоа е вистина, факт дека луѓето, горилите, Трпе од Свирипичино итн... се МАЈМУНИ, според секоја биолошка класификација.
Крај на муабетот.
Нека трепка!!!

The family Hominidae, known collectively as the great apes, include orangutans, gorillas, chimpanzees, and humans;[1][2][3][4] alternatively, this family clade is also known as the hominids. There are seven extant species of great apes: two in the orangutans (genus Pongo), two in the gorillas (genus Gorilla), two in the chimpanzees (genus Pan), and a single extant species, Homo sapiens, of modern humans (genus Homo).[5][6]


Превод на GREAT APE/HOMINIDAE - ЧОВЕКОЛИКИ МАЈМУН

Ако не ти е ова некој од твоите глупи обиди да тролаш и си сериозен, ако после текстови и линкови, a сега и џиновски реченици, не си способен да разбереш нешто што со секој релативно разумен човек ќе се решеше со 2-3 поста, ондак официјално, ја сметам дека МИКИ1 е поблизок до логиката од тебе по секој основ. Ова секако не е навреда, ова е мој став кој го имам за тебе!!!
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ја ова неам појма што се дешава, мајмун поише разбира од мене, ама му верувам на Роџер, ги знае он ваквите ствари :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Човекот потекнува од примати кои се во фамилијата на „човеколики мајмуни“ или попрецизно хоминиди, човекот Е МАЈМУН..
(и тоа вака убо зголемено и здебелено го напиша, потенцирано,)
и после на тие темели си креираш некои свои теоии. Јас велам пополека да тргнеме, и разјасниме дека, еволуциски, најпрво пред било кој мајмун, настанаа примати, па после 30 милиони години, настанаа мајмуни.
Тоа значи дека кога постоеа примати, не постоеа мајмуни. Јас таа твоја грешка ти ја посочив
е сега, како одеше чоечката еволуција, од приматите настанаа различни гранки на еволуција, лемурите си ојдоа по свој пат, а катархинте по свој. (Кој се сега пак тие тие катархини, маме им нивно ?? - се прашува дедалус збунето клепкајќи со очичките) Катархини или пак високи примати се една од еволуциските гранки на примати која после со тек на десетици милиони години се дели на повеќе свои еволуциски насоки, и тоа афричко аустралиски мајмуни, гибони и хоминиди.
Хоминиди тебе те бунат и прават несреќен,зато шо мислиш дека то е некој специфичен организам, некое посебно животинче кое живеело на некое посебно место и си имал своја историја, но не е така, значи од високите примати за кои кажав предходно се делат повеќе насоки во кои се посебно орангутани, шимпанзи, човекот, горилата... секој башка се дели не од некаков хоминид кој шетал наоколу со банана в раце туку од високите примати кои настанале од примати.
Тоа е група хоминиди кои настанале од високи примати а која група ја нарекуваат и човеколики мајмуни но човеколики мајмуни не настанаа од некој предходен човеколики мајмун туку од примати.
Така да и насловот на темата ти е погрешен, нема човеколик мајмун како предок на човекот, тоа е само посебна група која се развила од примати и која си има свои посебни гранки на човек и мајмуни.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Господ го создал човекот, т.е. прво го создал Адам, па од неговото ребро ја создал и Ева.

Нормално е дека науката ќе оди контра на верата и ќе кажува се по нешто ново, кое ,,најверојатно" е така, научниците тоа го сметаат за точно благодарение на нивните истражувања/испитување, а дали е тоа така навистина, никој не се прашува. Науката вели дека светот е создаден од атоми, честици, човекот од еволуцијата на мајмунот, но сепак од нешто морало се да почне да се создава. Неможе туку така да се создадат честици и потоа тие се да создадат. Затоа Господ е оној кој се започнал, кој се направил, луѓето во минатото виделе многу вистински чуда, тоа се префрлало од колено на колено и затоа до ден денес е познато дека Господ го создал и светот и човекот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Sungerot Bob
Твојот пост ме воодушеви
Јас би дополнил со следново;
Ако се чита Библијата може да се види дека луѓето многу страдале ако не верувале во Господ
Сите знаеме дека Мојсеј ги добил Десете заповеди на Синајската гора. Но додека тој разговарал со Господ, другите направиле златно теле и се клањале на телето. Затоа Господ ги казнил 40 години да талкаат ни пустињата
Затоа твоите зборови : „ затоа Господ е оној кој се започнал, кој се направил, луѓето во минатото виделе многу вистински чуда, тоа се префрлало од колено на колено и затоа до ден денес е познато дека Господ го создал и светот и човекот. А кој не верува дека Господ го создал Човекот ќе биде казнет 40 години да талка низ пустињата ’
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Верувам во Господ, фала богу, ама...

Доста познато ни е тврдењето дека човекот настанал од мајмун, зборувам за тврдењето дека Адам и Ева биле од иста раса или биле од 2 различни раси, од каде тогаш се појавила третата раса? Ако Адам имал сини очи, Ева црни, од каде кафените? Доста позната теорија е, знам, ама вреди да се спомне.
 

Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33
Верувам во Господ, фала богу, ама...

Доста познато ни е тврдењето дека човекот настанал од мајмун, зборувам за тврдењето дека Адам и Ева биле од иста раса или биле од 2 различни раси, од каде тогаш се појавила третата раса? Ако Адам имал сини очи, Ева црни, од каде кафените? Доста позната теорија е, знам, ама вреди да се спомне.
Поптолно мислење имам и јас, па затоа ја поставив темата да видам шо мислат другите
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
Човекот секако не е создаден ни од Господ ни од Мајмун.... Ние сме креација на поразвиена далеку поинтелегнтна вселенска раса со каква цел можеби никогаш нема да дознаеме не барем додека не се достигне приближното совршенство и тогаш да се отворат пандорините кутии се дотогаш ете некој ке си ги тера приказните за Адам и Ева некој за некаков си Господ ... жал ми е што не сум се родил барем 300-400 години понапред :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Човекот секако не е создаден ни од Господ ни од Мајмун.... Ние сме креација на поразвиена далеку поинтелегнтна вселенска раса со каква цел можеби никогаш нема да дознаеме не барем додека не се достигне приближното совршенство и тогаш да се отворат пандорините кутии се дотогаш ете некој ке си ги тера приказните за Адам и Ева некој за некаков си Господ ... жал ми е што не сум се родил барем 300-400 години понапред :D
A таа вцеленска раса дали настана со еволуција или и неа ја создаде некоја ептен најразвиебна вселенска раса од сите вселенски раси:?
има ли во галаксијата некоја раса које не е напраена од појака раса или то не е можно некоја раса да настане по природен пат пополека со еволуција?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.871
Поени од реакции
11.565
Па ништо посебно не се случува во наредните 3-400 години. Сеуште ќе живеат истите гомна на истата шугава планета. Дури и полошо ќе биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom