Ти бе сигурно си пораснал во квази услови штом имаш вакво мислење. Нема да стигнеш далеку со дебилно понашање. Па ти смеј се колку сакаш.
Јас сум стигнал до кај сум стигнал, гледај си ти за тебе...
Ти да растеше во едно друго време професорите ко маваа ко нездрави ќе мислеше различно. Еден наставник во основно го скапа од ќотек еден ученик, го остави наглув за цел живот со апаратче да оди. На 13 години остана скоро без слух дека ете се кезел на час, а овај наставников демек јак педагог со ќотек ни покажуваше како се воведува дисциплина...
Од сите наставници беше вообичаен вокабулар како - идиоту, дебилу, свињо, мајмуне, ако ти дојдам таму ќе по повратиш мајчиното млеко и слични педагошко-психолошки бисери...
Голем дел од наставниот кадар доаѓаше на школо колку да земи плата, да јаде во менза и да си оди, а учениците нека се снаоѓаат...
Не ги идеализирајте многу наставниците и професорите.
На факултетите се полнат со пари,книги за 50-60 евра продаваат муда за бубрези,а јас кога учев средно информатика не знаеја за интернет уште...
Плата знаеја да земаат секој први.
За педофилските афери да не прајме муабет...
А во секој случај професорот не е виновен, од каде ви таков заклучок. После такво буткање, закани, очигледна намера да биде малтретирана, како треба да реагира жената? А што ако истата ви беше мајка, тетка, а што ако бевте вие на нејзино место? Дали вака ќе ја квалификувавте? Како тогаш ќе реагиравте?
Можда изреагирал нагло ученикот, само многу повеќе ученици се тепани од професори отколку обратно.Вакви инциденти се ретки и ќе разбере цел Балкан што се десило...
Нека кажи искрено некој дали во текот на неговото школување од основно па до факултет не му дошло некогаш да измава некој наставник/професор...
Пред се оние кои учеле барем некое време во СФРЈ:helou:...