Наркомани vs дилери

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Во темата за смртна казна во Македонија, прочитав едно мислење кое ме наведе на темава. "Да има смрна казна, но не за наркоманите туку за дилерите." - така некако гласеше мислењето.
Но мене не ми е муабетот да општиме кој од нив треба да се убие, туку ми е кој од нив е полош како човек, кој од нив повеќе допринесува дрогата да станува се помодерна и повеќе побарувана, кој штети повеќе на општеството, младината итн и зошто мислите дека е така?
Ете нека биде и со казна (не смртна) ... кои луѓе први би ги сместиле во затвор и на колку години ... наркоманите или дилерите?
На страна тоа дека најчесто и дилерите се наркомани ... значи да не ги посистоветуваме тука за да не испадне дека се исти, а не се.
И така ...:pipi:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Би рекол дека се за во еден топ сите... Поврзани се во ланец и се меѓусебно зависни. А кога би морал да кажам кој е полош... Сепак би ги избрал дилерите. Како прво прават заработка на туѓа несреќа што многу ме нервира. Има еден куп попаметни работи што можат да се работат за да се заработи за живот. А ако ги нема нив, дрогата би била понедостапна за љубопитните дечишта кои сакаат да пробаат се во животот, а не знаат која цена ја плаќаат.
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Наркоманите се болни луѓе и би требало да се лечат,а не да се ставаат во затвори,а дилерите....епа едно подебело дрво,едно подебело јаже...и ви оставам да одлучите.Ако нема дилери ќе нема и наркоси,не?!
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Според законот што го има дадено државава ако те фатат како дилер на опојни средтсва тогаш повеќе ќе „го јадеш„ одколку некое џаначе со пар џоинти или табли во џеб....

Кој е полош? Нема добри и лоши дилери и корисници на дрога. У последно време лесна дрога скоро и да не се купува т.е. секој си ја одгледува по дома, а за потешка дрога незнам.

Вака генерално кажано криви се тие што купуваат дрога, затоа што не е како што ни кажувале како помали ќе ве тераат да пробате, неможе некој да ме натера да пробам или да купам дрога од него, ако сакам ќе купам ако не ху гивз а дем. Ама доаѓаме до едно нешто што се вика поседување и продавање дрога, што автоматски дилерот испаѓа по крив. Иначе казните се различни за уживатели и казните за дилери

Ако нема дилери ќе нема и наркоси,не?!
не зафркавај, на интернет просторов има милион сајтови кои што ти кажуваат како да одгледуваш дрога и тоа не само лесна дрога:( тоа ти е не е секогаш до дилерите)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дилерите.Да не се дилерите,н’цки што наркоманите ќе имаат пристап до дрогата.
Плус секогаш дилерите се фини,дури прво и бесплатно ќе ти понудат,за да после нонстоп им купуваш од нив.
Море,земи таму,удри - мавај,да се исчистат таквите штетници од планетава Земја/
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.903
Поени од реакции
50.565
Епа и ова е нешто како кокошката и јајцето кој е постар,Ако нема луѓе што сакаат да конзумираат ке нема ни луѓе што продаваат и обратно а 90% од дилерите и сами конзумираат,Друга приказна е за произведувачите на дрогата тие го зимаат кајамакот и треба највеќе да го јадат во некој иделен замислен свет
 

VORTEX

Кафански човек
Член од
10 мај 2006
Мислења
673
Поени од реакции
1
Според мене дилерите. Сепак тие се виновниците и според мене се оние кои треба кривично да одговараат. Наркоманите од друга страна мислам дека не треба кривично да одговараат туку да бидат згрижени и адекватно лекувани за нивната зависност.
 

jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
Во темата за смртна казна во Македонија, прочитав едно мислење кое ме наведе на темава. "Да има смрна казна, но не за наркоманите туку за дилерите." - така некако гласеше мислењето.
Но мене не ми е муабетот да општиме кој од нив треба да се убие, туку ми е кој од нив е полош како човек, кој од нив повеќе допринесува дрогата да станува се помодерна и повеќе побарувана, кој штети повеќе на општеството, младината итн и зошто мислите дека е така?
Ете нека биде и со казна (не смртна) ... кои луѓе први би ги сместиле во затвор и на колку години ... наркоманите или дилерите?
На страна тоа дека најчесто и дилерите се наркомани ... значи да не ги посистоветуваме тука за да не испадне дека се исти, а не се.
И така ...:pipi:
мое беше тоа мислење и сеуште си стојам на мојот став се знае каде им е местото на наркоманите а тоа установа за рехабилитирање а што се однесува до дилерите па нели е очигледно еве ти пример кај мене во населба пола од бившите ми другари скапуваат во затвор поради дилање дрога некои од нив излегоа ама пак не им иде памет у глава и пак со старите навики дури сега се и поопасни со тоа што се поагресивни лути на сите кои им се и малку сумљиви као у стилот ти ме отчука па сеа ќе видис ке те лежам па и тн. значи таквите луѓе многу ретко се оправаат или рехабилитираат како повеќе љубите:salut:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
мое беше тоа мислење и сеуште си стојам на мојот став се знае каде им е местото на наркоманите а тоа установа за рехабилитирање а што се однесува до дилерите па нели е очигледно еве ти пример кај мене во населба пола од бившите ми другари скапуваат во затвор поради дилање дрога некои од нив излегоа ама пак не им иде памет у глава и пак со старите навики дури сега се и поопасни со тоа што се поагресивни лути на сите кои им се и малку сумљиви као у стилот ти ме отчука па сеа ќе видис ке те лежам па и тн. значи таквите луѓе многу ретко се оправаат или рехабилитираат како повеќе љубите:salut:
Нема некоја посебна врска тоа што беше твое мислењето и немам ништо против тебе, само ми даде идеја за темава ...:pipi:
Туку, со оглед на тоа што установите за рехабилитирање кај нас се такви какви што се, мислиш дека токму таму им е место на наркоманите? Не мислиш дека и тие таму стануваат позависни, полоши и идни дилери, нешто слично како твојот пример со дилерите?
Зборувам за тука исклучиво, бидејќи надвор од границиве не ме интересира, а и не ни знаеме баш точно што и како се случува. А и да знаеме, џабе ни е кога ние немаме врска со тоа.
 

jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
сосема сум согласен со тебе во врска со установите но на тоа мораме сите да му дадеме поголемо значење но ние сите ќутиме и викаме добро е што не е во наш двор а кутрите поминуваат низ пекол и затоа велам дека сум за веке претхдно изнесеното
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Абе прашањево е доста дискутабилно....ама гледано по закон се знае дека дилерот ќе го крка највеќе....

Е сеа гледано од наш морален аспект(поготово мој нормално) дилерите се криви за ширење на дрогата...значи немаат чиста душа си дозволуваат да заработат преку препродавање и сл....значи едноставно дилерите се тие што овозможуваат ширење на дрогата...но сепак и наркоманите се криви гледано во истата конотација....

На пример...никој не доаѓа до дилерот самостално без некој да му го посочи...тука наркоманот е виновник и жртва од друга страна...бидејќи тој е зависен и мора да изнајде начин да си ја ублажи физичката зависност,а со тоа нормално отвара можности и многу други да станат препродавачи поради фактот што во околината на новонастанатите дилери се појавиле и нови "купувачи"...

Значи тие се обострано продуктивни во негативна смисла...бидејќи наркоманот од толеранцијата спрема лесните дроги преминува на поекстремни(кока,хашиш и сл.) и со тоа добива потреба од дилер...а дилерот е производ на зголемениот број на наркомани...

Има уште многу да се збори на темава ама како ќе тера темава така и ќе се менуваат аспектите над поимите.

:toe::smir:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас мислам дека дилерите се повеќе криви за се` поголемиот број на наркомани, позлобни луѓе се и прво нив би ги пикнала во затвор. Би ги мачела додека не молат да престанам, а и уште.
Кога не би биле тие, наркоманите сакале или не, малку по малку ќе се намалуваат дека не секој ќе може да се снаоѓа да нарачува од интернет, да си засадува по дома, да си увезува од надвор или како се прави тоа ...
Друго, најверојатно за нивни личен профит навлекуваат и чисти деца. Значи директно влијаат и на порастот на наркомани, што не е за простување исто.
Трето, којзнае какви мешавини прават со тоа дрогите, па којзнае какви поголеми отрови им даваат на уживателите ... и пак за што? За нивна лична заработка.
Доживотен затвор за нив, па после може да се размислува за другиве ...
Наркоманите не се цвеќа за мирисање, ама барем доколку си го гледаат само својот ќеиф, не штетат на другите. А се додека не ми штетат мене, нека паѓаат на секој ќош ... тоа е нивен личен избор.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Како и да го извртите епилогот е ист.... секогаш е крива Државата (со сите свои мистери и мисици)....

Џаба е да имаш закон за све.... а да не се применува за ништо.

За сите нека е исто.... значи џанаци, дилери, одгледувачи, дистрибутери и тнт..... да се знае.... ако имаш било каков контакт со дрога казната ти е доживотен затвор (па и смртна).... и најважно од све овој закон да се применува 100%... тогаш да видиме кој ке биде тој "батка" што ке продава или пак недај боже некој да користи.

То е то.... удри кај што најповеќе боли за да те осети дека го маваш. :wink:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Дилерите се секогаш виновните. Да не земам да објаснувам на долго, парите ги заработуваат на туѓи проблеми и дорпинесуваат за смрт на милиони млади луѓе годишно.

Смртна казна за нив.:violent1:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Legaliziranje na lesni drogi.. Sve ostalo BESILKA..
Ako nema pojaki i poopojni sredstva ni dzanacite nema da preminat vo polosa faza neli?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom