Имате возило од поновите со пластични фарови...
И, со текот на времето, фаровите пожолтеле, ја немаат она кристална провидност...изгледаат грозно, никакво, и ве фрла тоа во очај...
Има спас, а да не се тоа купување нови (или половни!)
Си земате водна П2000 (или прво П1000, ако се многу оштетени, т.е. пожолтени) и стругате со многу вода се додека не добиете мазна бела површина. Многу време треба, и многу стругање...
Кога ќе добиете проѕирна површина, (т.е. ќе видете како изгледа фарот однатре) ќе си земете Пурол паста и ќе си ги исполирате фаровите до висок сјај.
Можеби нема да се како нови, но ќе бидат блиску до нови, и секако многу поубави!