Направи сам!

>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
Оди на www.mafra.mk можеш онлајн да го земеш, можеш и кај нив во продавница, а го имаш и во бриколаж. Можеш седишта, кров, доле подот, пластики, плочки, шпорет итн :D Не се зезам сериозно ова, чудо е средствово иако главна намена му е за возила. Многу лесно се чисти со ова за разлика од било кое друго средство и има многу пријатна миризба.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Епа супер!
Само кажи ми знаеш и од пракса, да не се заебам:)
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Епа супер!
Само кажи ми знаеш и од пракса, да не се заебам:)
Да од искуство ти зборам, имав земено прво шишенцето, па кога видов како чисти, одма ја набавив 5 литра кантата и двете коли си ги светнав сам (кров, тапацири, седишта, под, пластики).
Зошто сум мераклија сам да си ги одржавам возилата, имав претходно купувано разноразни средства за ,,хемиско,, чистење и никогаш не успеав убаво да исчистам, Pulimax-от е ван сериски :D
 
Ok thanks :)
 
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72

Потврдувам и мое позитивно искуство со пулимаксот, нема да згрешиш. :)
 
Член од
12 декември 2009
Мислења
161
Поени од реакции
69
Ако некој знае да ми објасни сакам сам да ги фарбам челичните бандажи на колата.Знам само дека треба да ја исчистим рѓата и да ја истружим колку се може старата боја. Предложете какви и од дека да купим спреј,фарба и слично ???
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Ако некој знае да ми објасни сакам сам да ги фарбам челичните бандажи на колата.Знам само дека треба да ја исчистим рѓата и да ја истружим колку се може старата боја. Предложете какви и од дека да купим спреј,фарба и слично ???
Пескарење со кварцен песок, после премачкување со wurth rust converter и фарбање со прав (powder coating). Ќе немаат мака барем 5 години
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
DIY позиционо светло

Го пренесувам во целост туторијалот за направи сам ЛЕД позициони светло:

„Никола Војновски aka ExtremeBt, дизајнер и аниматор, Senior Flash/Flex Developer во Invideous Limited, со-основач на Mafia.mk во слободно време го реставрира своето BMW 315, модел E21 од 1981 година, па во разговор со него зборувавме за употреба на LED светилки наместо предни халогени светла (за нешто слично пишував овде) каде што ми кажа дека сам направил позициони светла од отпорник, лед диода и старо позиционо светло, по што му предложив својот проект да го престави на нашиот портал и тој веднаш прифати.

Бидејќи една слика може да замени многу зборови, решив голем дел од самиот проект да го прикажам со илустрација и фотографии. За реализација на следниот проект се потребни следниве елементи:
- позиционо сијаличе (старо, може и прегорено)
- бела LED диода (средна големина)
- отпорник 670 оми
- божур трака
Изработка:

- Се зема позиционо сијаличе од автомобил, се крши стаклото, се отстранува делот внатре, да остане само металното куќиште
- Раководејќи се според шемата десно на сликата, се лемат елементите како
што е прикажано десно.
- После лемењето, делот каде што е отпорникот се изолира со божур трака.„

Сликите на мајсторијата
Како да најдам на youtube туторијал за како се менува позиционо сијаличе?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom