Направи сам!

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Има многу работи на колата кои човек може да ги направи сам, со малку знаење и трпение.
Тоа се менување на шофершајбни (кај постарите возила со дихтунг) и бочните стакла (исто кои не се лепени), некои ситни работи со електриката (менување сијалички, осигурачи, некоја маса... вградување радио...), исправање на пластични браници, ситни лимарски работи, фарбање бандаши, полирање алуминиумски бандаши...
За некои постапки кои и сам сум ги работел, ќе напишам нешто подоцна, во меѓувреме, напишете и вие нешто, прашајте, споделете некое искуство!
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Ме интересира боење со спрејови Лак-Боја..
Ме интересира која е постапката за квалитетна фарба да има.
Тоа ке го искористам на мојот велосипед ова лето.
Досега само еднаш го обоив во црно бело со трајбали ама бојата не е добра. При удар со нешто потврдо се лупат цели парчиња.
Ме интересира која е постапката и каков лак треба да се користи.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Ќе ја истругаш површината која ја фарбаш со фина шмиргла (ако не е оштетена) или со некоја погруба ако има дупки во бојата, ставиш малку кит, ама само малку!, и пак со фината шмиргла да го изедначиш за да добиеш мазна површина.
Ставаш прајмер (подлога) или миниум, па пак со најфина шмиргла (ако ставаш миниум), и на тоа фарбаш, т.е. шприцаш на растојание од едно 30 цм со движења лево десно од крај до крај на делот кој го фарбаш.
Започнуваш надвор од делот и завршуваш надвор од делот, и не се задржуваш на едно место.
После 2-3 раце, ќе добиеш прекрасна лакирана површина.
Ако има корозија, стругаш до гол метал! И тоа со поостра шмиргла, или челична четка. Потоа за изедначување со пофина, и се така до најфината шмиргла, и како што е опишано погоре за подготовката за лакирање.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Тоа што опиша горе Струмикс е супер, само што јас би ти препорачал, земи си метална четка и стави ја на бормашина (тоа е како додаток место бургија, ако немаш дома оди до локалната продавничка за таква опрема знаат тие)...и влези му на ..цел точак, СКРОЗ ..до металот! Потоа (сега за велосипедите не користат прајмери и такви работи), ама убаво е така да го направиш, ќе се извежбаш. Значи се како што и е горе опишано! Ако ти е алуминиумски точакот немаш потреба за антикорозивни работи ако ти е железен (од постарите „модели”) тогаш еден слој на миниум нема да му шкоди...па следи ги постапките на Струмикс што ти ги опиша.
Иначе заборави да кажи Струмикс се работи за водобрусна хартија. Имаш груба и фина, се движат од 200, па 400,600,800 и 1200 во зависност од финоста на хартијата. Можеш со рака ама убаво е нешто да ја ставиш таа хартијата (парче дрво), вода и брусај :) како што напредуваш можиш да одиш на пофина (400,600,800).

Јас да сум на твое место ако е алуминиумски (малце ќе се помачиш) ќе го исполирав и ќе изгледаше како хромиран.истата постапка (Само ништо не шприцаш, односно само водобрусна хартија и полир паста за алуминиум), на крајот само безбоен лак!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Да, да, да...водена, водена...фала колега :)
И со алуминиумските бандаши се прави многу фина работа, т.е. полирање...изгледот е ЗАКОН!!!
Туку добив луда идеја:
Да пробам челичните бандаши да ги направам така? До голо железо, па полирање и безбоен лак?
Има некој идеја како ќе изгледа? Chrome look?

И, мало надополнување:
Пред било што да работиш, што може да се извади, од она што не го лакираш, ќе си извадиш, а што не, убаво и прецизно ќе си изолираш со хартиена самолеплива трака, не со селотејп!!!
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Фала струмикс. и Волксваген!
Јас минатиот пат вака го направив.
Основната боја беше валкана бела (жолтеникава) и лакирана.
ГО стругав лакот со 1000 шмиргла. и потоа го одмив останатото. немаше дупки во бојата и затоа преминав на боење. откако го симнав лак слојот (не и основната боја) фарбав одозгора со бела (сјајна) со Лак спреј. така направив две раце. Го оставив 36 часа да се осуши и потоа ги покрив деловите кои требаше да останат бели и ги извадив трајбалите со жилет. малку ја оштетив бојата што ја нанесов ама незнаев друг начин. Потоа исфарбав со црна боја неколку раце (три) и излезе задоволително. ама откога беше составен точакот го удрив несакајки со клучот и приметив дека цела лушпа од бојата одпадна. воопшто не ми се допаѓаше бидејки корисев Лак боја а не МАТ..

сега прашањето ми е . Минуимот или подлогата може ли да се најде во спреј или? и дали сега бидејки е фарбан еднаш на погорниот начин треба да ги симнам комплет боите? немам корозија само имам вдлабнување на едно место од еден несрекен случај.вдлабнувањето не е големо ама би можел со кит да го покријам. А ме интеересираше и (како што приметуваш) роговите на велосипедот како би ги средил. малку се кородирани и треба да ги стругам до гол метал? па после подлога и боја?
еве и сликичка од велосипедот .
 

Attachments

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Малце кит ке ти покрие тоа место, а прајмерот го има во спреј, миниумот мислам дека го нема...барем јас не сум видел.
Не мораш да одиш до гол метал, иако убаво ќе е да го истругаш па со миниум да го заштитиш...како си сакаш!
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
а исто ме интересира ..како да вадам делчиња од изолацијата без да ја оштетувам бојата? јас пробав со жилет ама пак неми успеваше? има ли некои начини за изолација кои покриваат поголем дел од површината..јас користев креп-трака (за изолиација при фарбање) и имав многу проблеми со наставањето.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Бате...влези му со метална четка


Скрос изчисти се! Биди си на чисто!

Јас иам идеа да напраам ваков точак олд скул, бандашите целите, црвени, а цел точак со црна мат боја, никаков сјај, а гумите еден слој бела боја...на ова мислам... нормално направено на точак.
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
и јас сакам таков точак да направам. на цела несрека немам гаража каде што би можел да работам непречено.досега си го сервисирам дома у соба. си ја претворив собата у работилница!
само напред и секое добро со олд скул точакот!
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
[MkD]Scout напиша:
а исто ме интересира ..како да вадам делчиња од изолацијата без да ја оштетувам бојата? јас пробав со жилет ама пак неми успеваше? има ли некои начини за изолација кои покриваат поголем дел од површината..јас користев креп-трака (за изолиација при фарбање) и имав многу проблеми со наставањето.
А зошто не си остави малце од таа траката надвор од рамката и само полека ќе извлекуваш? со раката ќе ја обликуваш кога ќе ја ставаш.
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
таа беше широка 5сантиметри? а не сфакам како да ја обликувам..јас прво го облепив и потоа директно сечев..
ај ако сакаш објасну ми пошо у план имам некој покомплициран трајбал да ставам
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Ау..5 cm...

Скалпер?
Мислам скалпер пред да ја залепиш траката. Сечи ја на 0,5cm ако е добра за сечење. После тоа импровизирај. Неможам да ти кажам вака ама онака со едната рака држи ја траката а со другата давај му правец. Е сега за остри агли како што бара трајбл, не знам треба да ја сечиш, така што ќе направиш хоризонтален пресек и така и на другата трака што ќе налепиш на неа...и ќе дојди вака > (цртичките се да речеме горниот дел од траката...)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
А има и слаба трака... Најслаба мислам дека е 1 цм (таман да ја сечиш на пола). Само треба да побараш. И гледај да е книжна, пошо ако е селотеп (најлонски црн, или проѕирен сеедно) ке ти одлепува од бојата бидејки на него има повеќе лепило од на книжната трака.
 

VORTEX

Кафански човек
Член од
10 мај 2006
Мислења
673
Поени од реакции
1
Volkswagen напиша:
Ау..5 cm...

Скалпер?
Мислам скалпер пред да ја залепиш траката. Сечи ја на 0,5cm ако е добра за сечење. После тоа импровизирај. Неможам да ти кажам вака ама онака со едната рака држи ја траката а со другата давај му правец. Е сега за остри агли како што бара трајбл, не знам треба да ја сечиш, така што ќе направиш хоризонтален пресек и така и на другата трака што ќе налепиш на неа...и ќе дојди вака > (цртичките се да речеме горниот дел од траката...)
Неможеш така да ја обликуваш, сум пробувал кога работев моделарство користев креп трака. Најдобар начин(во наши услови се разбира) е да исечеш со жилет ама треба да бидеш крајно внимателен и потоа откако ќе завршиш со нанесување на боите со мокра шмиргла 800 или 1000 нежно ќе шмирглаш само за да го тргнеш делот од бојата што е како кора од портокал и потоа со безбоен лак(незнам дали го има како спреј кај нас) ќе ја поминеш целата површина после со полир паста убаво ќе исполираш и готов си :helou::helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom