@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114
Никодим Царкњас е еден од најголемите борци за македонските права во Грција. Поради тоа честопати се соочувал со притисоци и бил затворан поради богослужење на македонски јазик.
06.04.2008 19:00
Никодим Царкњас
Во два наврата со камења и јајца нападната е куќата на борецот за македонските права во Грција, архимандритот Никодим Царкњас.
Групи малолетници и до 30-мина во четвртокот и петокот ја каменувале куќата на Царкњас без причина. Никој не е повреден, но во нападот во местото Арибија, Воденско, оштетена е куќата, искршени се прозорците и уништена е фасадата.
„Фрлаа камења и стотина јајца. Излеговме надвор, видовме што направиле, повикавме полиција и ја исчистивме куќата. Утрото пак исто така“, изјави архимандрит Никодим Царкњас.
Архимандритот Никодим Царкњас по двете каменувања отишол во гимназијата каде што учеле малолетниците. Бил дочекан од 600 деца кои по него викале, а професорите од училиштето го навредувале и од него барале да се врати во Македонија.
„Професорите ми викаа, да бегаш оттука, да одиш горе. Им велам, каде ќе бегам. Јас им велам да не ги учат децата да бидат националисти и фашисти. Тоа е срамота што го прават“, рече Царкњас.
А1 вести