Наметната религија?

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Да, ќе имаат избор, не велам не. Од друга страна, поеднинец да ги запознае СИТЕ религии или СИТЕ религии да им бидат понудени на учениците на „запознавање„, еден човечки живот е прекраток.
Оној кој е од мали нозе крстен, нема потреба од лутање по рано-разни будизми, шинтоизми, хиндуизми, брамизми, кришнаизми и се некои такви „изми“ до 101 и назад. Го има она кое му е дадено по раѓање, како бесплатен Божји дар, а тоа е Црквата Христова.
пак сега почнуваш со тоа...
од каде пак христијанството да е вистинската религија ако воопшто постои вистинска...
според тебе сите би требало да ја изучуваат христијанската религија...и оние што се родени во ирак и на кои што им е НАМЕТНАТ исламот...
би можело да се направи една реприза на инквизицијата и да се спалуваат оние како мене...:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
66
Поени од реакции
5
Апсолутно се согласувам дека религијата , барем во нашиве простори е наметната.Тоа наметнување не треба да се сфаќа како вербално убедување од страна на родителите или околината туку како збир на чинови во кои учествуваме сакале или не. Зарем едно бебе од 40 дена, кое го крстат и станува христијанин го одбрало христијанството како своја религија? Кај нас секоја религија (со исклучоци) своето постоење и опстанок го темели на традицијата.Од традиционални причини нашите баби постат, фарбаат јајца, а ако ги прашаш за значењето и суштината на нивните дејствија не верувам дека ке знаат да дадат одговор. Тоа го прават зошто така правеле нивните мајки и баби. Зошто така останало.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Точно, досаден сум.
За жал, односно за среќа, мојата психа не ми кажува дека имам познавање за Божјото постоење и учење па морам да се повикувам на Светото Писмо и богословската литература каде тоа знаење (знаењето за Бога) на верниците им е достапно и беслатно дадено, без труд, без напор и без „кршење на главата„.
Лични ставови можам да кажам по други пражања, а кога е во прашање вероисповеста, се исповеда она кое е веќе утврдено и проверено и вистинито.
„Личните„ ставови кои формуџиите ги пишуват, воопште не се лични, и тие се нечии, од некаде слушнати, прочитани, научени.
Не си свесен од таа твоја колективна свест, борговска, дронска накаде го носиш муабетот.

Јас реков дека не секој се пронаоѓа во наметнатото а ти го заврте кон тоа дека Исус сакал да ја имам верата, а после си продолжи во стилот на јеховин сведок да ми проповедаш дека твојата вера е вистинска.

Кога ке сфатите дека религијата е нешто интимно и приватно, и не треба за тоа на секого да му се труби и пере мозок.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цитат:
„Јас реков дека не секој се пронаоѓа во наметнатото а ти го заврте кон тоа дека Исус сакал да ја имам верата, а после си продолжи во стилот на јеховин сведок да ми проповедаш дека твојата вера е вистинска.„
Коментар:
Веќе ми е досадно да преповторувам дека јас не проповедам и дека не сум јеховин сведок, туку дека се исповедан за православен.
Тоа што протестантите цитираат делови од Писмото а истото го прават и православните верници,само покажува ОД КАДЕ тие го црпат своето познавање на верата. Тоа значи дека се повикуваат на веќе ОТКРИЕНА вистина, а не на лични ставови извадени од рбетниот мозок.
Патем кажано, КОЛЕКТИВНАТА свест е својствена за оние кои не веруваат („прави се што прават и другите„-Горц) а оние кои веруваат се истомисленици, ЕДНО во умот.
 
значи ти сакаш некој за тебе да мисли...не сам да размислиш...доста паметно...:smir:
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Цитат:
„Јас реков дека не секој се пронаоѓа во наметнатото а ти го заврте кон тоа дека Исус сакал да ја имам верата, а после си продолжи во стилот на јеховин сведок да ми проповедаш дека твојата вера е вистинска.„
Коментар:
Веќе ми е досадно да преповторувам дека јас не проповедам и дека не сум јеховин сведок, туку дека се исповедан за православен.
Тоа што протестантите цитираат делови од Писмото а истото го прават и православните верници,само покажува ОД КАДЕ тие го црпат своето познавање на верата. Тоа значи дека се повикуваат на веќе ОТКРИЕНА вистина, а не на лични ставови извадени од рбетниот мозок.
Патем кажано, КОЛЕКТИВНАТА свест е својствена за оние кои не веруваат („прави се што прават и другите„-Горц) а оние кои веруваат се истомисленици, ЕДНО во умот.
Ке бидеш едно во умот кога ке се просветлиш било од оваа или од таа страна. Се додека си дрон не бива од тебе ништо освен слепо дете.
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Низ неколку теми на форумов прочитав: Мојата религија е вистинска, бидејќи се залага за ова и ова и ова... вашата е лажна итн итн...

Читав и многу луѓе кои цврство веруваат во тоа... Сега следуваат прашања:
  1. Велиш дека Христијанството е она правилното, но, што ако се родеше во Ирак?
  2. Велиш дека Православието е вистинска права христијанска религија, но што ако се родеше во Бразил?
  3. Велиш дека Будизмот е вистинската верба, но што ако се родеше во Германија?
  4. Велиш дека Исламот е онаа религија која ги знае правите вредности, но што ако се родеше во Канада?
Мислам споредбиве се со цел да се одговори на прашањето:

Дали сметате дека онаа религија во која верувате е вистинската, или во неа верувате само поради тоа што сте се родиле во местото каде таа религија се практикува, сте се родиле во семејство кое е верник на Вашата религија, Вашите родители ви ја наметнале религијата?

Дали верувате дека, ако бевте родени во опкружување на друга религија, еден ден, кога ќе почнете да расудувате и размислувате ќе излезеше на површина - вистинската религија?
Темава е ептен на место..
Многу јасно дека религијата е наметната.. Иначе немаше да биде православни во тие, тие и тие држави, католици во други, муслимани во трети.. Опкружувањето верски не определува.. И онаа вистинска религија како што имаш пишано нема никогаш да излезе пошто за секој е вистинска таа што бил воспитан дека е.. Ја сега сум атеист, но од кај знам можда ќе бев забегана по Алах или по Буда или по незнам кој да бев во такви услови.. За религиски да се определи човек единствен удел имаат родителите и воспитувањето.. Сатанистите и сектите не спаѓаат во ова пошо не се религии воопшто..
 
*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Цитат:
„Ај јас да дадам свое мислење за темава.
Секако дека религијата ни е наметната од родителите.Ако сме се родиле во семејство што е припадник на некоја религија самото воспитување не насочува да мислиме дека таа е вистинската.Еден поединец да знае во што треба да верува треба да расте меѓу атеисти и кога ке стане доволно зрел сам да одлучи кон која верска заедница ке се приклучи барем јас така мислам.Но веројатноста за такво нешто е скоро невозможна:pipi:
Коментар:
Оние кои се одгледани во атеистички семејства, најчесто и остануваат атеисти. Атеизмот им е единсвениот избор во добар дел од нивниот живот, разбира се, доколку не поверуваат во Божјото постоење.
Треба да го прочиташ поубаво постот:wink:Искрено мислам дека ептен си забеган по религијата ама сепак мое мислење:smir:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цитат:
„Треба да го прочиташ поубаво постот:wink:Искрено мислам дека ептен си забеган по религијата ама сепак мое мислење:smir:„
Коментар:
Во право си! Логичен заклучок! Моја благодарност за комплиментот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цитат:
„Ке бидеш едно во умот кога ке се просветлиш било од оваа или од таа страна. Се додека си дрон не бива од тебе ништо освен слепо дете.„
Коментар:
И ти си во право! Просвелтувањето е „резервирано„ само за врвните монаси. Јас живеам во светот и нормално дека не сум просветлен, но верувам во Божјото постоење и во се што Он кажал и направил и тоа ми е повеќе од доволно.
 
Буквалисто, просветлувањето на монасите е сосема друго. Зборувам за обичен верник. Ти можеш колку сакаш да веруваш, ако не ја наоѓаш смислата во верувањето и во тоа во што веруваш слепо детенце си.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цитат:
„Буквалисто, просветлувањето на монасите е сосема друго. Зборувам за обичен верник. Ти можеш колку сакаш да веруваш, ако не ја наоѓаш смислата во верувањето и во тоа во што веруваш слепо детенце си.„
Коментар:
Да, јас сум обичен верник. За мене и тоа е доволно, имајќи ја во предвид можноста да не бидам дури ни обичен верник! Православието никаде нема кажано дека само монасите имаат можност за влез во Рајот. Таква можност имаат и луѓето кои не живеат изолирано, по манастирите, туку и оние кои живеат во светот.
„Можете да бидете роб на гревот или роб на послушноста„, вели Апостолот Павле. Мој избор, секако, е ова второво. Да,јас верувам „слепо„, пошто дел од христијанските вистни ги имам проверено на свој грб и тоа ми ја докажува точноста од христијанското учење.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Инцидентно и делумно ми ја сфати поентата конечно, иако повторно нешто ми покажуваш колку си ја научил библијата, ама добро тоа ти е мана очигледно. Алелуја.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Патем кажано, јас сум страшно слаб познавач на Светото Писмо, признавам.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
мики ме интересира ова правиш copy paste од на интернет негде цитативе од библијава,ги знајш на памет,ги препишвиш...???
многу ме интересират:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom