Над 7.500 граѓани се фатиле за „општокорисна“ метла
Не сум баш сигурна дека се ова граѓани...мислам дека за некои работи не ти треба казна, за да знаеш дека ВО ГРАД не смееш (НЕ СМЕЕШ) да ги правиш. На пример, ркање зелени "уз пат", секнење на нос "измеџу два прста", лиснување на остатоци од ручек "у задње двориште" т.е на плочник пред зграда (иако за ова не верувам да е некој казнет), фрлање на ситни ѓубренца (од мастики, ужинка и сл.), мочкање у некој темен ќош, оставање на кафеави "тортички" од домашниот миленик точно на стаза, пред влез во двор итд. Затоа има разлика од оној што е стварно граѓанин и оној што доплзил од некоја планинска вукојебина и фаќа место у град...За ваквите "граѓани" не треба да има казна, за нив е потребно да се воведе наградно патување во еден правец без можност за враќање...
Јеп, свеста за градот, животот во град, е нешто што или го имаш, или го немаш. Се раѓаш со него или без него. Тешко се учи. Ако го немаш, ниедна казна на светот нема да надокнади за недостатокот на чуство-но може да ја држи простата маса у страв. А стравот е основата на се, нели? Така да, ако пред тоа имало ситуација во стил "си држам отпадок у рука и си го фрлам бидејќи ми е тоа као природно чувство да се ослободам од ѓубрето" сеа има ситуација "си држам отпадок у рука и у моментот коа ќе ме обземе оноа познато природно чувство за ослободување ми паѓа на памет дека ќе ми стегнат пендрек у глава и ќе ме боли, а да ме боли не е убаво"...