- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 12.774
- Поени од реакции
- 9.902
Заради фрлање градежен материјал, отпушоци, хартија, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија како и песок на недозволени места, изминативе две години, МВР издало над 50.000 платни налози за причинителите.
Од друга страна, граѓаните во посочениот период доставиле 7.500 потврди за реализирана општокорисна работа.
Статистиката на МВР покажува дека најмалку за хигиената се грижат жителите во Скопје каде се издадени 22.858 платни налози, потоа следуваат Штип, Велес, Тетово, Охрид, Струмица, Куманово и Битола.
Од досега издадените платни налози, најмногу се за:
- фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут) - 22.465 прекршоци
- фрлање и оставање на хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена - 7.411
- продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи - 5.356
Потоа прекршоци по основ на член 34 в.в. со член 19:
- фрлање и оставање на смет на отворени простори на јавни објекти надвор од места определени за ваква намена – 607 прекршоци
Но, не се грешни само физичките лица. МВР санкционирало и 267 правни лица на кои им се изречени прекршочни санкции најчесто за фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, превоз на песок и слични материјали без претходна подготовка и нивна заштита, мешање на бетон и малтер надвор од места определени од општината и сл.
И покрај овие бројки мислам дека законов не функционира :salut: