Навредливи билборди во Скопје

Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.092
Не ми јасен синдромот „а што не направиле вака“, или „а во нивно време боље да не било“. Најчесто се појавува во недостиг на аргументи. И сега не им се допаѓа билбордот, а знаат дека уметност не смее да се цензурира, па главен „аргумент“ станува „па зошто тоа не го правите на муслиманите“. Ептен смешно. :rolleyes:

Абре што има мене некој да ми кажува за што уметнички да се изразувам? Што сакам ќе исмејувам, се додека е во рамките на Уставот и законите (што би рекла Гоца) :icon_lol:. Ако не ти се свиѓа, земи најди креативен начин и направи го тоа што уствари си земал за право да ги тераш уметниците да исмејуваат. Мислам која пародија еј..

И да напоменам дека по карневалот во Вевчани, на ист начин се исмејував на „навреденоста“ на муслиманите, како што тоа сега го правам на христијаните.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Прво женско сум, ;)

--- надополнето: 15 јуни 2012 во 13:15 ---

Знаеш зашу нели ? :sneaky:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
А шо е ова со сликиве сеа, тешка ни станала комуникацијава ли? :нинџ:
Иначе ич не си ме погодил, си ме видел, оваа вода да ми носи :icon_lol:
Ма каква вода бе маче,оваа може само да плаче кога ке те види :LOL:
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
4.607
Smetajte se sebesi za kojznae kolku umetni;ki du[i ali mene ovakviot bilbord verski dlaboko me navreduva, ako vie smetate deka treba da slobodno da se izrazite i patem treba da mi gi ismejuvate moite religiozni cuvstva togas vie ste premnogu sitni dusi i vo toa nema nikakva umetnost, tuku samo potreba da se bide vo centar na vnimanieto, ama Gospod gleda
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.172
Поени од реакции
25.935
Пак не ме сфати. Ми вика што фајде ако исчезнат религиите, јас подоле му ставам - нема такви глупости да се дешаваат. Со други зборови, одредени морони нема да имаат изговор да ги прават тие глупости, сега разбираш?

Религијата ко религија не ми пречи, и некој што колку толку асално ја следи, како пар души што ги знам од форумов. Но очигледно е дека кај некои буди лудило. Не треба да ти давам примери други сега од тоа лудило.

А дека има дебили атеисти јас никаде не негирав. Впрочем, познавам двајца кои станале и масовни убијци, до толку изопачени да бидат, а сепак атеисти.
Осеќам некое дежаву од дискусиите со Тоукатер кој е многу (или се прави на сила дека е) неразбран младич, се надевам дека нема потреба да го развлечеме ова како со него. Морони, глупости и изговори секогаш ќе има, само на малоумници не им е јасно дека guns don't kill people, people kill people. Демек ако нема религии, пиштоли, нации нема да има клање. Се тепаат средни школи ЕМУЦ, ЕТУЦи АСУЦ и тоа веќе години е традиција на иницијација во тие школи, Торцида (навивачи на Хајдук) и Бед блу бојс (Динамо Загреб), двајца браќа за нивата оставена од татко им, Трајче и Петко затоа што на Трајче кучето лаело до сабајле. Отвори весник, отвори интернет полно е со вакви трагикомични инциденти и убиства. На Морон јас можам да му кажам дека Шкорпио рекол дека ќе му го ебе таткото и Морон ќе поверува и ќе дојде да те (у)тепа ама знаеме дека Морон е морон. Од друга страна ги имаш паметните на мајка кои вака викаат-Еј види го ти Сусаро, му кажа на Морон да го убие Шкропио, овој стварно и го уби. Ако го немаше Сусаро на овој свет Морон немаше да биде морон, туку ќе беше булка крај шините кој на мравка не гази, така да Сусаро мора да го снема. Аристотел си имал девиза на златна средина, дека се што е претерано е многу (дури и на душмани), и дека многу арно не е на арно. Затоа ретко кој сфаќа дека од спортивната оска на Морон се наоѓа Оксиморон, што доаѓа од фузија на зборовите окс што значи вол (кастриран бик), сврзникот и, и Морон што значи морон. Оксимороните некогаш знаат да имаат и некоја книга разлистано, факултет завршено, и се поретко учени а прилично приучени затоа исклучиво тешко е на Оксиморон да му кажеш зошто е оксиморон. Фрчко е рецимо класичен пример за оксиморон како и многу од дискутантите на еден подфорум тука. Тоа надолго му беше поентата на Антоние. Оксимороните не ја сфаќаат таа поента. Се надевам дека не си еден од нив.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Петар, мислев од сите луѓе дека ти ќе сфатиш на што целев со сликиците. Пример, војните и масовните убиства во име на војните. Тие што ја криват религијата се идиоти. Криви ги луѓето кои интепретирале дека смеат такво нешто да направат и религијата им дозволува. Во тие луѓе, на пример, не спаѓаш ти (и тие како тебе, кои се христијани, ама не ги боли таквото за другите, и дали веруваат и во што веруваат, не па да идат до екстреми како горе спомнатите пример).

Поентата ми беше, она што реков не е во ред со религијата беше начинот н акој се користи. Како изговор за одредени болни умови. Свесен сум дека светот нема одеднаш да стане розов ако ги снема религиите, единствен поентата ми беше, не да имаат изговор одредени изопачени умови да го рават тоа што го прават.
Уф више почиња да ме мрзи да дебатирам на оваа тема бидејќи е ептен јалов муабет. Не ми сметаат критиките, исмевањата, курчењата, мемињата, you name it. Некои антирелигиозни мемиња и доскочици дури и ми се забавни и оригинални. Твојата претстава и интерпретации за религија, теизам, компатибилност со современиот свет и наука се твое право. И океј се се` додека покажуваат толеранција кон неистомислениците и се` додека комуницираш на цивилизиран начин. Исмејувањето на теизмот како светоглед и пракса е секако право на слободен говор и изразување. Меѓутоа, според мене има граница меѓу слободен говор и говор на омраза. Милитантните повици за искоренување на религијата како човечка пракса и одземање на правото на луѓето да веруваат мене ми се гледаат како hate speech. Затоа што се исклучиви, нетолерантни и одбиваат да прифатат другост. Исто како и хомофобијата, расизмот, етничката омраза. Ваков говор на омраза на форумов доаѓа од луѓе кои се к`лнат во наука, прогрес, демократија, толеранција и кои не можат да се вадат на неписменост. Ова е мое гледање на дискусијата. На Религија има купишта постови со говор на омраза кон теистите. Редовно ги прескакам зашто имам попаментна работа.

Бертранд Расел има една одлична реченица: The whole problem with the world is that fools and fanatics are always so certain of themselves, and wiser people so full of doubts. Нетолеранцијата, омразата и тесноградоста, за жал, ја има насекаде на Балканов. И кај милитантните атеисти кои се убедени дека уништувањето на религијата е оправдано.

Ај малце он топик, за освежуење. Дечките кои го креирале билбордот очигледно имале поента и смисол за хумор и по ниеден основ не го прекршиле правото. Челичната тупаница на власта во спрега со верници-викачи експресно го симна билбордот. Без никаква правна основа. Таа челична тупаница е ептен потребна ама на друго место: да одговори адекватно на флагрантите кршења на правото, криминалот и насилствата кои, en masse и безобразно им се сервираат дури и во форма на разулавена толпа пред Парламентот. Тука мислам дека се согласуваме и тоа е битно за темава.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Јас цело време им го објаснувам тоа ама или не го сваќаат или несакаат ДА ГО СВАТАТ. Нека го направат на Исламот ако се толку силни.
сФаќаат, сФатат. Неписмен

"нема ние примитвците да сватиме". (y)
сФатиме! неможам да дебатирам со некој што незнае да пишува. Ај биди поздравен
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
За да искажеш мислење, нема потреба од одкривање на идентитет. Аргументите не се мерат преку способноста да претепаш, нападнеш или убиеш некого. Токму затоа реков дека е детски да се префрла некому дека повеќе критикувал или исмејувал христијани одколку муслимани, затоа што овие вториве биле опасни.:)
Тоа што некого треба да го загрижи според мене е леснотијата со која се осудува можноста за слободно изразување, само затоа што некој се нашол навреден од тоа.

Што се однесува до талибанскиот форум, зошто те чуди што ОТО е претставено на тој начин? Па за нив се што не е ислам е автоматски сатанистичко. И не само за нив, колку е поограничена една религија, толку пофанатички се однесуваат нејзините следбеници.
Ако јас не сум против да се осудува, ама зошто баш религијата, тоа е дирлив проблем, ма колку и да има затуцани луѓе во таа религија. Едноставно атеистите намерно провоцираат вакви работи да добијат на внимание а кога не ќе можат да се справат со нив се кријат после како глувци под јорган ако некој од тие затуцани религиозни фанатици им се заканува дека ќе ги линчува и убие. Ако сакаат нивните комплекси да си ги лечат и да се шегуваат со некој нека не ги лечат на религијата. Зобрам за сите религии. Ако се уметниците-атеисти толку "храбри" нека ги ребраат сите религии подеднакво, а не како што сум приметил само Христијанството. Или сакаат да си ги лечат комплексите што ги имаат поради христијаните. Така тој Данецот во 2005 направи со Исламот, ама видоа жежок костен и видоа каква реакција се случи и веќе не ни помислија од тогаш да ја исмеваат и криткуваат таа религија.

Не не, они збореја нешто за телемистот Едвард Алистер Круоли, го сметаа за вештер, кажуваат дека бил масон од 33 степен (највисок) во британската ложа, а и вашата организација за рагинрање на на степени се кажува дека првите 6 се масонски. Круаоли бил водач едно време. Плус го спомнуваат и бројот 666 кој знаеме чиј број е. А ти пред тоа ме лажеше кога прашував дали имате масонско нешто во вашиот ред, ти ми рече не. Така да сега добро сум информиран за вашиот ред и не можете да ме лажете. Ама сега да не одиме многу офф топик за ова и слично сеа темава е за билбордот, така да да се држиме до темата.
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 14:55 ---
сФаќаат, сФатат. Неписмен

сФатиме! неможам да дебатирам со некој што незнае да пишува. Ај биди поздравен
Оф бе неписмен еден ти ќе ми кажуваш за неписменост:pos::pos:. Имаш и од мене поздрав, не ми реплицирај кога немаш веќе аргументи што да ми кажеш.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Челичната тупаница на власта во спрега со верници-викачи експресно го симна билбордот. Без никаква правна основа. Таа челична тупаница е ептен потребна ама на друго место: да одговори адекватно на флагрантите кршења на правото, криминалот и насилствата кои, en masse и безобразно им се сервираат во форма на разулавена толпа пред Парламентот. Тука мислам дека се согласуваме и тоа е битно за темава.
Во нормални држави институциите ги решаваат споровите....во Македонија народот.....не сакам да одам офтопик...но примери има многу....Црквата на поштад...убиството на Мартин....убиството на децата од Радишани....потоа на секој протес власта наместо достојно да одговори....ги активира своите контрапротести....па така имаме презадоволни и незадоволни тутунари...презадоволни и незадовони мекари ....тутунари без пари и контратутунари во одела....

така да и овој случај со билбордот требаше да се решава во суд....доколку некој беше навреден слободно можеше да поднесе тужба и доколку судот одлучеше дека билбордот е спорен...со извршно решение билбордот ќе беше отстранет а авторот казнет....во спротивно тужителот ќе ги платеше судските трошоци и мир во куќа

вака билбордот е отстранет незаконски....никој незнае дали авторот го прекршил законот или не...и што е најтрагично ова отвара можност за тоталитарна цензура....што ако утре власта или некоја друга организација со влијание врз толпата го искористи методов и ги тргне сите билборди од конкуренцијата само затоа што дел од толпата ќе изјави дека била навредена од ликот на билбордот и не сака да го гледа....или пак промоции на филмови, книги или изложби се цензурираат на ваков начин

Дали ова мене ми дава за право да ги отстранам спомениците (врби и шмизли) кои не ми се допаѓаат?????

Дококолку АВТОРОТ ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА....НО НЕКОЈ МОРА ДА ОДГОВАРА ЗА НЕЗАКОНСКОТО ОТСТРАНУВАЊЕ НА БИЛБОРДОТ

Ако сакаме да не биде како држава ЗАКОНОТ МОРА ДА ФУНКЦИОНИРА ПОДЕДНАКВО ЗА СИТЕ
 
Б

Бат Елохим

Гостин
а да ги запалиме бе?....
Крематориума не работе...
Баба Зумбула муабет...
Добро бе, христијани сте (навредените) или што? Ова е демократска држава или инквизиција иаме?
Да ги убиеме најубаво, ко оној режисер или што беше поим неам, што се дрзна мухамед да го нацрта...
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И кај милитантните атеисти кои се убедени дека уништувањето на религијата е оправдано.
Ама јас не реков дека религијата треба да се уништи!

Контра аргумент на меме постот само направив, во однос на тоа кои глупости се случиле во име на религијата. Тоа не значи дека ако утре ја снема религијата како аргумент, дека некој изопачен ум нема да најде друг изговор за своите злодела. Друг ами беше поентата, зошто никој не сфаќа не знам ...
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Осеќам некое дежаву од дискусиите со Тоукатер кој е многу (или се прави на сила дека е) неразбран младич, се надевам дека нема потреба да го развлечеме ова како со него. Се надевам дека не си еден од нив.
И не сум, не ми ја сфати поентата, ама моја кривица е зошто погрешно се изразувам. Особено со меме сликици.

А Тоукатер го познавам лично, и не е неразбран човекот, вие не го разбирате :P. Може и он има проблем со изразувањето, ама не значи дека не му се издржани некои аргументи.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во нормални држави институциите ги решаваат споровите....во Македонија народот.....не сакам да одам офтопик...но примери има многу....Црквата на поштад...убиството на Мартин....убиството на децата од Радишани....потоа на секој протес власта наместо достојно да одговори....ги активира своите контрапротести....па така имаме презадоволни и незадоволни тутунари...презадоволни и незадовони мекари ....тутунари без пари и контратутунари во одела....

така да и овој случај со билбордот требаше да се решава во суд....доколку некој беше навреден слободно можеше да поднесе тужба и доколку судот одлучеше дека билбордот е спорен...со извршно решение билбордот ќе беше отстранет а авторот казнет....во спротивно тужителот ќе ги платеше судските трошоци и мир во куќа

вака билбордот е отстранет незаконски....никој незнае дали авторот го прекршил законот или не...и што е најтрагично ова отвара можност за тоталитарна цензура....што ако утре власта или некоја друга организација со влијание врз толпата го искористи методов и ги тргне сите билборди од конкуренцијата само затоа што дел од толпата ќе изјави дека била навредена од ликот на билбордот и не сака да го гледа....или пак промоции на филмови, книги или изложби се цензурираат на ваков начин

Дали ова мене ми дава за право да ги отстранам спомениците (врби и шмизли) кои не ми се допаѓаат?????

Дококолку АВТОРОТ ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА....НО НЕКОЈ МОРА ДА ОДГОВАРА ЗА НЕЗАКОНСКОТО ОТСТРАНУВАЊЕ НА БИЛБОРДОТ

Ако сакаме да не биде како држава ЗАКОНОТ МОРА ДА ФУНКЦИОНИРА ПОДЕДНАКВО ЗА СИТЕ
Прекрасно доловена поента, после ова не треба да има коментар :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom