Навредливи билборди во Скопје

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Чудото во Св. Димитрија исмеано на билборд!

Граѓаните на Скопје се згрозени од новата „реклама“ што осамна на еден од билбордите.
Рекламирајќи го средството за чистење, нарачателот ја искористил фотографијата од прочистените фрески во црквата Св. Димитрија, со што автоматски се негира чудото господово и она во што веруваат верниците.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/chudoto-vo-sv-dimitrija-ismeano-na-bilbord

Квазиверници пронајдоа однова вера од квазичудо,па сеа се навредија од вистината. На некој на кој што му треба чудо и црква(како нашава) за да биде верник не е верник, верата е твоја лична , не ти треба посредник во црква што ти бара пари за "преност на информации нагоре". Билбордов требаше да го постигне спротивниот ефект, на христијаните да им ги отвори очите за да видат баш какви личности се чиновниците во МПЦ.
 
S

Shaman

Гостин
Ај еве јас сум глуп и со IQ -50 (минус 50) па ако може некој да ми објасни
како може нешто што ститици илјади христијани од Македонија го сметаат за навреда,
некој да то бутка како уметничко дело и креативност?

Фората е дека на креативен начин некој навредил 2/3 од населението во Македонија?
Не разбирам.
И како може да плукаш демократија ако на 2/3 им смета а само на еден грст луѓе
им се дига на ова што очигледно претставува навреда?
Навистина не ми е јасно?

п.с.
јас лично не сум навреден од билбордов.
2/3 од население? Да не претера малку? Ти (како верник) не си навреден, ете и други верници не се навредени...кај најде 2/3??? со математика слабо изгледа?
ок може претерав. не ми беше намерата да преувеличам.
само мое мислење е дека се што на некого му смета
другиот не треба да му го прави. не треба да се бара причината зошти и како му смета.
едноставно му смета и тоа ти е. како сега да излезе некој
со билборд и атеистите да ги претстави како празни луѓе, без душа,
итн итн, во најлошо светло.... глупо ќе биде и навредливо нели?
да акнат утре некој билборд: Атеист неможе да биде добар родител!
и да го нашминкаат во некоја смешна конотација.

или ова подоле
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ај еве јас сум глуп и со IQ -50 (минус 50) па ако може некој да ми објасни
како може нешто што ститици илјади христијани од Македонија го сметаат за навреда,
некој да то бутка како уметничко дело и креативност?

Фората е дека на креативен начин некој навредил 2/3 од населението во Македонија?
Не разбирам.
И како може да плукаш демократија ако на 2/3 им смета а само на еден грст луѓе
им се дига на ова што очигледно претставува навреда?
Навистина не ми е јасно?

п.с.
јас лично не сум навреден од билбордов.
Кога на официјален документ ќе видам, тогаш ќе бидете 2/3 од населението. А не да ми пукате имагинарни бројки како албанското малцинство.

Ќе ги земам тие што гласаа за владава последниве неколку години, дека се христијани (какви христијанни, нема да коментирам). Ти текнува со колкав процент од целокупното население се бафтаат на избори? И ги победуваат?

Што е со остатокот? Да не се и тие сите христијани?

Според луѓево што ги запознавам, се чини атеизмот е во голем пораст, а тие што ги знам дека се декларирале како христијани, дознав дека го прават тоа од страв. Тоа не ми проаѓа како право христијанско на мене (за тебе не знам). Ако ги скратиме сите плашковци, колку ќе останете? Во споредба со неодредени, агностици, атеисти, антитеисти и припадници на други религии?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
како сега да излезе некој
со билборд и атеистите да ги претстави како празни луѓе, без душа,
итн итн, во најлошо светло.... глупо ќе биде и навредливо нели?
да акнат утре некој билборд: Атеист неможе да биде добар родител!
и да го нашминкаат во некоја смешна конотација.
Па уште и билбордот не сум го видел, а за ставови и чуени и видени се. Скоро секој „верник“ има такво мислење.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
ок може претерав. не ми беше намерата да преувеличам.
само мое мислење е дека се што на некого му смета
другиот не треба да му го прави. не треба да се бара причината зошти и како му смета.
едноставно му смета и тоа ти е. како сега да излезе некој
со билборд и атеистите да ги претстави како празни луѓе, без душа,
итн итн, во најлошо светло.... глупо ќе биде и навредливо нели?
да акнат утре некој билборд: Атеист неможе да биде добар родител!
и да го нашминкаат во некоја смешна конотација.

или ова подоле
А да се соберат вегетаријанците/веганите па да реагираат против рекламите на Промес? Прост ми е примеров, ама морав да доловам- во секуларна држава споредбата си е на место. Ти знаеш што ќе се случи да секој почне да се собира и протестира против нешто лично што му смета во демократска држава? Стварно не знам како се дрзнуваат некои луѓе.

И меѓу другото, Македонец =/= христијанин. Некои луѓе ги мешаат поимите.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
како сега да излезе некој со билборд и атеистите да ги претстави како празни луѓе, без душа, итн итн, во најлошо светло.... глупо ќе биде и навредливо нели?
да акнат утре некој билборд: Атеист неможе да биде добар родител!
и да го нашминкаат во некоја смешна конотација.
Оф топик е ал нек ме бришат, ме гајле. За потсетување: ја реагирав негативно на колумната на Венко Андоновски коа сечеше глави на атеисти и дрвеше за морал. Номинално, неговата колумна спаѓа во цивилизиран демократски дијалог а мое право е да се спротивставам. Јасно, никој не му ја симна колумната и тоа е разликата меѓу овие два случаја. Толеранција, право на несогласување и принципиелност во дискусијата се фини работи.

Io Sono Interista : ептен оф топик: имаш тема за Лари Флинт? Може бајаги да се научи од филмот за него.
 
S

Shaman

Гостин
А да се соберат вегетаријанците/веганите па да реагираат против рекламите на Промес? Прост ми е примеров, ама морав да доловам- во секуларна држава споредбата си е на место. Ти знаеш што ќе се случи да секој почне да се собира и протестира против нешто лично што му смета во демократска држава? Стварно не знам како се дрзнуваат некои луѓе.

И меѓу другото, Македонец =/= христијанин. Некои луѓе ги мешаат поимите.
Држи место муабетов. :pos:
Само осетлива работа е кога станува збор за религија.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Баш сега на еден пријател му го дадов тој пример. Сеуште чекам да видам билборд на кој е нацртан Муахамед, со тоа бомбата на глава, како јаде свинско, во реклама за Промес, на која пишува: "Промес -- вкус на кој никој не може да одолее".
Христијанството крка ќотек од уметниците редовно. Црквите се жалат, протести се прават...никому ништо. Уметникот е слободен пак да се заебава со Исус. Кај исламот не е така.
 
Креативност на ниво :icon_lol:

И кој дел треба да се смени? Да се цензурира и христијанството или да се разбие цензурата кај исламот? :)
 
Секако, затоа што демократијата е присутна во (бивши номинално) христијански општества каде правото на несогласување е дел од демократската пракса. Ама сеа некој ќе каже дека сум пристрасен и дека шеријатот е бољи, одсносно custom made за муслимани или дека е исто така погубен како христијанството. Ќе ги оставам овие муабети за подфорумот „Религија“.
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
87
Поени од реакции
114
Ако го исклучиме елементот религија, елементот верски чувства, чудо... христијанство... и ако остане само елементот уметност, креативност... ова е типичен кич, без ниакаква креативност, ниту естетика... ЧИСТА ГЛУПОСТ И НУЛА!!! Поглупаво нешто никогаш не сум видела, а ни помислила дека може да се случи!!!! Ако е ова Скопје креатива, навистина жалам за креатвиноста на скопјани!!!! Не е се што ќе се самонарече креатива и уметност, токму тоа, туку напротив... под тие имиња денес се провлекуваат многу празни анти идеи и безидејност!!!! Тотална бесмисла!!!!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Оф топик е ал нек ме бришат, ме гајле. За потсетување: ја реагирав негативно на колумната на Венко Андоновски коа сечеше глави на атеисти и дрвеше за морал. Номинално, неговата колумна спаѓа во цивилизиран демократски дијалог а мое право е да се спротивставам. Јсно, никој не му ја симна колумната и тоа е разликата меѓу овие два случаја. Толеранција, право на несогласување и принципиелност во дискусијата се фини работи.

Io Sono Interista : ептен оф топик: имаш тема за Лари Флинт? Може бајаги да се научи од филмот за него.
Кога веќе го спомна Венко, еве негов став за слична тема како оваа, да не речам идентична.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=727101359445&id=13&prilog=0&setIzdanie=22045
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
А да се соберат вегетаријанците/веганите па да реагираат против рекламите на Промес? Прост ми е примеров, ама морав да доловам- во секуларна држава споредбата си е на место. Ти знаеш што ќе се случи да секој почне да се собира и протестира против нешто лично што му смета во демократска држава? Стварно не знам како се дрзнуваат некои луѓе.

И меѓу другото, Македонец =/= христијанин. Некои луѓе ги мешаат поимите.

офтопик
не е лоша идејава...дај ќе почнеме да поднесуваме тужби и претставки за се што ни смета и не навредува....од несредени мишки во автобус на ЈСП (навреда на сетилото за мирис)....па се до песните на Благица (навреда на сетилото за вид и слух)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Креативност на ниво :icon_lol:

И кој дел треба да се смени? Да се цензурира и христијанството или да се разбие цензурата кај исламот? :)
Болдираното.

Секако, затоа што демократијата е присутна во (бивши номинално) христијански општества каде правото на несогласување е дел од демократската пракса. Ама сеа некој ќе каже дека сум пристрасен и дека шеријатот е бољи, одсносно custom made за муслимани или дека е исто така погубен како христијанството. Ќе ги оставам овие муабети за подфорумот „Религија“.
Ако. И јас немам намера тука да дробам.
Само, знаеш каде иде иронијата? Уметниците кога се подјебаваат со Исус, мораат да проверат дали некој пред нив на ист начин се подјебавал со Исус. Дали му нацртал рогови, го нацртал без пенис, дали го нацртал СО пенис, како уринира и напишал подолу "Jesus, turning wine into water." Има томови и томови подјебавки со христијанството. И тоа е во ред. Влегува во слободата и правото на уметниците во нивните дела да се изразат како што сакаат. Слобода која ја избориле благодарение на (сега веќе) толерантното христијанство. Сега кога ја имаат, кукавички маваат само по толерантните религии кои трпат критика. Се плашат од судбината на Салман Ружди, Тео Ван Гог и Треј Паркер.
Лигуши. :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ако. И јас немам намера тука да дробам.
Само, знаеш каде иде иронијата? Уметниците кога се подјебаваат со Исус, мораат да проверат дали некој пред нив на ист начин се подјебавал со Исус. Дали му нацртал рогови, го нацртал без пенис, дали го нацртал СО пенис, како уринира и напишал подолу "Jesus, turning wine into water." Има томови и томови подјебавки со христијанството. И тоа е во ред. Влегува во слободата и правото на уметниците во нивните дела да се изразат како што сакаат. Слобода која ја избориле благодарение на (сега веќе) толерантното христијанство. Сега кога ја имаат, кукавички маваат само по толерантните религии кои трпат критика. Се плашат од судбината на Салман Ружди, Тео Ван Гог и Треј Паркер. Лигуши. :)
Баш ме занима дали ќе ти се сипат атеистите од форумов да ја докажат својата бескомпромисност во борбата против опиумот за прос народ. А можда и нема пошо им кинам рука со постов. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom