Ах бе децо децо, да ви беа рацете сусијатчиња, без онакво ќе останевте досега
Инаку шо прам. Легнувам странично и ја дрвам со глупости во умов. Од некоја си глупа банална анализа зошто се посврши Сербез Донка па до некој план за новиот ден. Музика обавезно, па така често пати се карам со домашниве како тоа било штетно од зрачењето ау ова она. Гајле ми е, битно да дрнка нешто. Во последно пуштам Радио Скопје и слушам некои емисии во тие доцни часови. Пример пед некој ден кажуваа за слепите лица и кучињата водичи кои минуваат на специјална обука, дека треба слепото лице да се движи минимум со 6.5 км на час, дека треба да се поврзи емотивно со песот, да го сака, да носи бел стап и така натака и то прам.