Пред да легнам, гасам се што работи на струја. Светло, телевизори, компјутери... Телефони подалеку од мене. Исклучок правам само кога сакам да послушам музика во кревет, но и ова го правам поретко. Тогаш имам други проблеми.
Обично пробувам да заспијам по брза постапка. Наводно ако не мрднеш ни со еден мускул за 10-15 минути ти се икслучува мозокот. Ова ми успева еднаш или двапати месечно, обично кога сум ептен папсан.
Е кога ќе поминат тие 15 минути започнува интересното. Вртење на секои две минути, де на лева страна, де на десна страна. Па рака под перница, рака над перница, рамото нанапред, рамото наназад...
А што ми се случува во главата во меѓувреме е приказна за себе. Од замислени сценарија што го би го трансформирале мојот живот во нешто помеѓу шанска/турска серија и ситком од 12 сезони; преку дискусии и спорење со замислен противник на теми што сум ги видел на Кајгана но ме мрзело да одговорам; до низа од целосно случајни мисли кои варираат од анализа на текстот на „
Зелката има кошули триста“ до барање начин како со моето досегашно знаење би можел да креирам тродимензионална проекција на
Калаби-Јау многуобразието.
Најчесто, после саат и нешто заспивам.