Навигација за Windows Phone уреди

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.870
Поени од реакции
26.907

Лето, одмори, скриени плажи и долги дестинации...
Која е вашата омилена Windows Phone апликација за навигација?

Како сте задоволни од HereDrive? Сте ја користеле негде „посериозно“ на пат? Како сте задоволни од неа во споредба со навигациите кои ги има на Android? Некои маани и проблеми? :)
Сте користеле некоја од другите апликации како StreetPilot, Copilot и Navigon?

Прв пат оваа година ќе одам надвор од земјава за WP уред и навигација за него, па затоа прашувам :)
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.675
Поени од реакции
1.805
Топ се heredrive мапите додека имав 920ка, ја имав тестирано низ Скопје, многу брза и прецизна беше навигацијата, според мене една од најдобрите е.

Али за секој случај имај си некоја за бекап навигон или копилот, моментално тие ги иам јас на иОС
 

Xibalba

Punctum vivimus
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.773
Поени од реакции
10.395
HereDrive си брка работа, едино ограничувањата на брзина не се точни на доста места.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
114
Поени од реакции
141
Супер си е Here Drive +, јас ја користев и ја споредував на два телефона паралелно со Copilot на андроид баш пред еден месец во Грција. Досега низ странство користев исклучиво Copilot( закон е), но на WP се плаќа и нема гласовна навигација( освен првите 14дена од инсталацијата). Само доколку ја користи некој Drive + , пред да патувате направете си споредба според дадената препорака за навигација (Faster, Shorter или Balanced), бидејќи едната од овие препораки (доколку некој ја користи за во Грција) ќе ве однесе низ Солун, а не покрај обиколницата, па да не заглавите :) . Инаку кој користи WP 8.1 и има наместено регион United State може да си ја симне бесплатно Here Drive +, а во друг случај ќе ви бара 45$. Нокиа најавија дека со официјалното излегување на WP8.1 Here + ќе биде бесплатна за сите телефони.

Среќни патувања
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
Eve soodvetna tema...aj malku nekoj poupaten da mi objasni, kako funkcionira aplikacija za navigacijata na androidot, probav da simnam nekoja i me prasuva pred da pocnam deka moram da imam net, GPS....vkluceno na telefonot, dali toa znaci deka i posle pri koristenje (primer idam Makedonija-Grcija) moram da imam internet celo vreme ili samiot android si ima GPS ili kako...kako funkcionira seto toa, zasto imam slusnato so post-paid broj moj poznanink koristel navigacija na abdroid na telefon i posle na smetka mu doslo deka ima koristeno gps uslugi nadvor od MK...?
 
Член од
6 април 2014
Мислења
114
Поени од реакции
141
При првото стартување на навигацијата ти бара нет за да си симнеш мапи кои ќе ги користиш оффлајн, а кога ќе патуваш ќе си пушташ исклучиво Gps
Sent from my GT-I8750 using Tapatalk
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.977
Коа се губам по вашево скопје, секогаш ме вади HERE Maps :icon_mrgr:
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
59
Поени од реакции
5
Да ве прашам последно време ви работи ли навигацијата и мапите оти на лумиава 625 неможам ни да ги уклучам???
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.870
Поени од реакции
26.907
Да ве прашам последно време ви работи ли навигацијата и мапите оти на лумиава 625 неможам ни да ги уклучам???
Работи...
 
На врв Bottom