Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.981
Поени од реакции
6.912
Не ја сфаќам поентата на дискусијата...Не треба како навивачка група да го почитуваме Стив Наумов, кој со својот батаљон Пелистер се борел за ослободување на Битола? Знаете ли вие колкав е култот на Стив во Битола? Улици, училишта, споменик во центарот на градот, не биста, детски хорови и шо уште не нема во негова чест.Треба и споменикот да го турниме? Не сфаќам...не одел со "нашата" наци идеологија...па кај имате видено знаме од стив и нацистички симбол кај нас заедно? Ви објаснив од кај наци идеологија еден период кај нас. Времето на Стив и појавата на битолските скинхедси е едно 60 години разлика. Се во свое време, и крај краева, и скинхедсите од Битола беа предводници на револтот во градот за време на 2001-ва.
Во крајности заминавте ептен... Српските групи како крајно десни ориентирани, навиваат за класични комунистички творевини кои се основани 1945 и имаат класично комунистичко име. И, треба да ги сменат клубовите или да ги преименуват? Го глорифицират четникот Дража Михаиловиќ а навиват за партизанските творевини. Милион примери имате такви, ама Чкембари ко ке се во прашање се на тапет и не под лупа туку под микроскоп барате мани.
САМО РАД ! :D
 
Член од
26 март 2022
Мислења
491
Поени од реакции
4.392
Комити Запад / Полусезона 2022/2023

Акции за време на летото:

1. Се нацртаа 50/60 графити
2. Неколку илјади налепници.
3. Маички "Вардарци на одмор"
4. Шорцеви "Комити".
5. Баклијада на кеј (12км/500 бакљи)
6. Акција "Шаблон".
7. Членски карти (златна, сребрена и обична)

Оваа полусезона помина одлично. Од вкупно 19 натпревари, присуствувавме на точно 16. Немаше можност за гостување против Арсими и Гостивар. Воедно, го бојкотиравме последниот натпревар против Кожув.

Од можни 9 гостувања, се одработија 7.
Да напоменеме дека на гостувањата во Виница и Радовиш бевме повеќе од 150, додека на натпреварот во Битола бевме околу 300 луѓе.
Се одработија и сите гостувања од Купот. Ова го напоменувам зошто термините за одигрување беа ужасни (среда од 13:00ч). Да напоменеме дека наши членови беа присутни и на натпреварот Ф.К. Дортмунд - Ф.К. Шалке 04 (17.09.2022).

Направени се 7 кореографии кои претежно се работеа на платно. Изработени се стотина знамиња, ударен транспарент од 60м кој се закачи на оградата на натпреварот против Железничар, нов барјак, како и неколку транспаренти за на ограда.

Во однос на пиротехниката, направивме 10 баклијади/димнијади. Мора да ја потенцираме баклијадата и димнијадата на јубилејот бидејќи се запалија повеќе од 300 строба, повеќе од 50 димни, стотина огномети, како и 150 полски бакљи околу двете трибини. А на сето тоа претходеше баклијадата во форма на "87" со венец од двете страна, за чија цел се запалија околу 180 бакљи на западната трибина. Тоа беше воедно и главната најава за јубилејот. За овој натпревар направивме и караван како најава.

Фото извештај е направен од сите натпревари, додека пак имаме 8 видео извештаи и две во подготовка (Ф.К. Тетекс - Ф.К. Вардар) и (Ф.К. Железничар - Ф.К. Вардар) кои треба да излезат до крајот на месецот. Воедно, направени се 8 видео најави и промовирани се две нови песни.

Во однос на маркетингот, промовиравме нови маички - урбан код, нови шалови со логото наменето за јубилејот и шушкавци кои беа промовирани на натпреварот против Железничар. Исто така направен е и графит по повод денот на организацијата - Следбеници на идејата.

Како група присуствувавме и на ракометниот натпревар Р.К. Еурофарм Пелистер - Р.К. Вардар во Охрид (11.09.2022).

Многу се работеше на проблемот со константноста на трибината. Преку постојани герила акции имавме за цел да ги мобилизираме и поттикнеме нашите членови и подгрупи, да доаѓаат редовно на натпреварите на Вардар и мислам дека во голема мера, секако, кога ќе се земе второлигашкиот квалитет на првенството, упеавме да го создадеме тој потребен менталитет.

Герила акции се направени за натпреварите:
Ф.К. Вардар - Ф.К. Охрид (27.8.2022)
Ф.К. Детонит - Ф.К. Вардар (3.09.2022)
Ф.К. Вардар - Ф.К. Воска (29.10.2022)
Ф.К. Слога Виница - Ф.К. Вардар (5.11.2022)
Ф.К. Вардар - Ф.К. Железничар (23.11.2022)
Ф.К. Пелистер - Ф.К. Вардар (3.12.2022)

Активно се вклучивме и во борбата на нашата збратимена група "Војводи Тетово" и купивме повеќе од 300 билети за спас на Ф.К. Тетекс.

Присуствувавме и на тренингот на Вардар пред дербито во Битола каде што истакнавме парола: Порака од западот верен - сакаме срце на терен!

Силни пароли се извадени на натпреварот против Железничар:

Ќе сведочат некогаш полициските архиви,
дека сме го издржале секој ваш напад,
крвави траги крие досието - Комити Запад

Калдрма, другари и фрки неброени,
од мали нозе со Вардар задоени!

Промовиран е и Правилник до кого мора да се придржуваат сите членови на групата!

Во продолжение - фотогалерија!
 

Attachments

Член од
3 мај 2022
Мислења
98
Поени од реакции
793
Ние како националисти и десничари ќе ги славиме сите шо се бореле за слободна Македонија, партизаните иако носеле петокраки не се бореле за работнички права туку за Македонија.
Левица освои ако не се лажам 40.000 гласа на изборите, идеологијата на Левица официјално е марксизам, левичарско движење...шо мислите 40.000 марксисти има во Макединија или собрале толку гласа заради популизмот шо го прикажват цело време, скоро исто било и со партизаните.
Полјаците како едни од најголемите националисти и антикомунисти во Европа го мразат Хитлер и нацистичка Германија и си ги слават своите борци од то време.
 
Член од
21 ноември 2019
Мислења
4
Поени од реакции
14
Ние како "нацисти" не треба да го почитуваме делото на Стив Наумов и да вадиме транспаренти, знамиња... само заради то шо бил комунист? Кога се работи за хероите кој го дале животот за Македонија и комунисти и националисти секогаш ќе бидат величени и почитувани од наша страна.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.040
Поени од реакции
5.769
Резиме на полусезоната.

Во пред сезоната се изработија десеттина нови графити, што за нашата група претставува рекорд. Изработени беа капи со вез "Тифо Битола '85", изработени беа и маици без ракави, маици направија и подгрупите на Екстремо Карпош и Стив Наумов. Исто така беше и реализиран 7-миот број на Чкембари Фанзин. Испечатени беа и 4.000 стикери во 5 различни дизајни. Во текот на овој дел од сезоната Нова Битола изработија шалови.

Во пред сезоната се навиваше на подготвителната утакмица против Вардар во Црнобуки. Традиционално бевме присутни и во Струга на 2 натпревари. Тоа што го одбележа турнирот во струга беше и одземеното знаме Вардар од фанови на истиот клуб.

ФУДБАЛ.
Оваа полусезона обработивме 6 гостувања, што претставува рекорд за нас. Бевме во Гевгелија и Радовиш и покрај забраните, бевме во Охрид, Струга, Велес и Мак. Каменица. Освен Велес и Охрид другите гостувања беа со бројка под задоволително ниво.
Присутни бевме на сите домашни натпревари, каде исто така мора да се напомене освен натпреварите со Тетекс и Вардар на другите бевме слаба бројка.
Пиро се користеше против Беса, Гостивар, Тетекс и Вардар.
Кореографии се изработија вкупно 4, против Гостивар, Беласица, Охрид(гостински терен) и Вардар.
Пароли имавме на 4 утакмици, против Беса, Слога Виница(посветена на Тоше), Радовиш(гостински терен) и Вардар-3 пароли.

РАКОМЕТ.
Сезоната започна со првата домашна утакмица против Мешков Брест од 1/4 Сеха. Супер бројка. Се навиваше уште и против Арау, Фуксе и Бидасоа. Освен со Бидасоа на другите утакмици имаше респектибилна бројка.
Гостување изработивме во Задар, Хрватска.20-тина души бевме на Сеха фајнл фор, и во Охрид каде имавме супер изданије со огромна бројка против вардар во суперкупот, со две пароли и пиро.
Кореографии изработивме две, преку цела сала против Арау и една со 5 големи мотки против Фуксе.
Кортео имавме за утакмицата со Фуксе.
Еден натпревар во квалификациите од евро куповите го подржавме и 2-риот тим на Пелистер.

Резиме, севкупно имавме 9 гостувања од кои едно меѓународно и 6 кореографии оваа полусезона.
 

Attachments

Член од
26 март 2022
Мислења
491
Поени од реакции
4.392
Предлагам сите останати активни групи да направат целосно резиме за претходната полусезона. А потоа, би можеле да направиме одредено гласање по однос на некои сегменти. Пр. Најдобра кореографија/баклијада, понатаму најмасовно гостување, најдобра акција и сл.
Може заедно тука да ги утврдиме точките, но би било според мене корисно. Да не помине целава зима во спиење.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.011
Pa ja bi pre rekol za sebe deka sum nacist nego kumunist …
Исто лајно и едни и други .
доста више со тие муабети.
За да кажеш нацист треба да знаеш прво што е нацист .
 
Член од
2 септември 2019
Мислења
203
Поени од реакции
1.372
Уште една донација на новогодишни пакетичиња. Овојпат беа поделени пакетчиња во Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во населба Ново село како во Центарот за аутизам и Мал групен дом на населба Пребег.

FB_IMG_1671447851182.jpg


 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom