Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.400
Поени од реакции
2.449
Следење на глупа дискусија во Навивачки групи во Македонија..
upload_2018-6-17_20-6-57.png
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.977
Имаш ли дома аквариум?
Не и он како тебе АК-47 му е домашно милениче.
Нема???
Епа @RebelMk мора да е .....:pusigo:....:pos::pos::pos:, да ви се плукнам во логиката, ако не се протестира за сеператистички идеи, тогаш вика признаваш дека такви сте:tapp:

Шефот изнервиран дека неговите полицајци се глупави им вика:
- Сакам утре сите да ми кажете што е тоа логика!
И иде еден цајкан дома, мисли мисли, па ја прашува жена му.
- Абе жено, што е тоа логика?
- Епа вака сега... ти имаш аквариум така?
- Да
- Епа тоа значи дека сакаш риби, така?
- Да, да.
- Сакаш риби значи сакаш женски. Сакаш женски значи не си педер! Тоа е логика свати?
И иде следниот ден цајканот кај шефот и му вика
- Шефе знам што е логика!
- Е ај кажи.
- Ти имаш аквариум дома?
- Не.
- Епа педер си!
 
Член од
23 март 2018
Мислења
50
Поени од реакции
20
После ова што се деси ако нема револуција, ако не се дигниме како народ крај е !
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
891
Поени од реакции
2.569
После ова што се деси ако нема револуција, ако не се дигниме како народ крај е !
Ако алудираш на вечерните случувања и сликите шо го преплавија интернетот,апсолутно те поддржувам ама кај беа тие револуционери кога истите кучиња влегваја во студентските домови и библиотеки и насилно ги вадеја студентите,кај беа револуционерите кога на Турчин цела дланка му беше откината,тогаш никому ништо..
Зато никогаш нема да не бива како нација,заради тие поделби во зависност од потребите и интересите,сега едните ќутат и око не му трепнува додека овие од вечерната смена истото го правеа пред извесно време,секоја чест на исклучоци.По психотичен народ нема на планетата земја.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461

И цело време со истото, а кај беа овие коа беше ова, а кај беа оние коа беше она?
Имало и порано поводи за обединување, ама повод на вакво ниво немало. Ова тангира постоење/непостоење на народ и држава. Се што наведе е помало од ова сега.
 
Член од
27 мај 2011
Мислења
265
Поени од реакции
113
Јас немам проблем ама еве некои каури сакале да сме учеле заедно и да се запознаваме повеќе.Ти шо ќе кажеш?
Nitu jas nemam problem. Cair ne e takov kako sto vi go raskazuvaat.

Ps. Moe licno mislenje e deka sekoj navivac treba da ucestvuva na protesti i da bide vo strana na narodot i da gi brani nivnite interesi. No ne vo protesti koi se organizirani od strana na nekoja X partija ili zdruzhenie koi se bliski so politickite partii barem vo ovaa drzhava bidejki mnogu dobro gi poznavame partiite i znaeme zosto i do koga im treba lugje.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.529
Поени од реакции
69.313
Не тропајте глупости бе, ало. Луѓето што одат на протестите од ваков тип стварно ги погодуваат работите што се случуваат во државава, срамота е вака да зборувате. Сум бил на скоро сите протести во минатото и секогаш 99% од луѓето од Комити што биле присутни, не биле дојдени со некоја позадина туку имале искрени намери. Повеќето се деца кои се водени од љубов кон државата, поттикнати од снимки што ги гледаат во други држави, каде што стварно живеат луѓе што се креваат против државата.
Работата е што често во тие протести за кои се знаеа дека ќе завршат со инциденти, предизвикани од револт и гнев, а не по нарачка, доаѓаат и лајнари што еднаш во 15 години дошле во Комити и прават вакви муабети после тоа.
И јас вчера чув вакви муабети дека Самс го финансирал протестот и слатко се изнасмеав. Типот нема два збора сврзано со Комити во овие 5 години откако е во Вардар, па сега протести ќе организирал. Како прво Комити немаат водство, немаат никаква организација, со кого ќе седне да разговара?
Споредбата со играњето фудбал со МВР е бесмислена. Тоа беше потег на една подгрупа на Комити, а причината беше да се скинат пријавите кои им ги поднесоа на Комити за инцидент во кој другата страна не доби никаква осуда. Не го оправдувам играњето фудбал со МВР и едно 90% од членството е против таа одлука.

Од последниве протести се дистанцирам затоа што знам кој е крајниот епилог. Партиите убаво си се договараат како ќе дејствуваат на овие протести, затоа што им одговараат и на едните и на другите. Децата ќе изедат ќотек како и секогаш, медиумите ќе известуваат селективно, гневот ќе расте и на крај кога ќе пораснат ќе дојдат до стадиумот до кој сме дошле многу постари членови. Сфаќаш дека нема лек за државата, народот веќе нема мотивација да се бори за ништо, сите гледаат да фатат магла и се' им е сеедно. Кажав, навивачките групи треба да направат општествено социјална револуција за да ги тргнат од власт оние што владеат од осамостојувањето и конечно да завладее народот, а не лоповите чиј грб им го чува полицијата како приватна гарда на секоја власт. Ама, тоа е утопија. Дотогаш, овие протести немаат никаков позитивен ефект, а контраефектот е голем. Дополнително се оцрнува името на Комити, групата пропаѓа до „немајкаде“.
 
Ako Komiti nemaat vodstvo togas koi se ovie sto povikuvaat na protesti od officialnata strana na grupata. Bidejki poslednive godini na sekakvi protesti, partiski mitinzi i dr sl. sobiri se pojavuvaat stotici "Komiti" a na zapad se samo tie sekogasnite 50-100? Koja e razlikata megju Komiti Zapad, Komiti rakomet, Komiti mitig, Komiti protesti? Sto bidna so LF, Tvrdokorni, Pivo, Novo Lisice, UKB, TheClub pa makar i Cento koj izleze pred niv i zema vodstvo ili ja ostavi grupata bez vodstvo?
 
И

Име И Презиме

Гостин
Полицијата маваше по луѓето и не бираше по кого .
Некој можеше да биде убиен или сериозно повреден.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.529
Поени од реакции
69.313
Ako Komiti nemaat vodstvo togas koi se ovie sto povikuvaat na protesti od officialnata strana na grupata. Bidejki poslednive godini na sekakvi protesti, partiski mitinzi i dr sl. sobiri se pojavuvaat stotici "Komiti" a na zapad se samo tie sekogasnite 50-100? Koja e razlikata megju Komiti Zapad, Komiti rakomet, Komiti mitig, Komiti protesti? Sto bidna so LF, Tvrdokorni, Pivo, Novo Lisice, UKB, TheClub pa makar i Cento koj izleze pred niv i zema vodstvo ili ja ostavi grupata bez vodstvo?
Кои се тие секакви протести и митинзи во кои учестувале Комити?
Додека Комити се' уште функционираа како група одржаа неколку протести во своја организација низ годините.
Тоа се протестите после Нерези, протестот на Кале, протестот за Смилковци и еден од протестите при назначувањето на Талат Џафери. Последен протест за кој Комити го повикуваа членството е вчерашниот. Меѓу овие протести имало и некаков вид на протестирање при посети од УЕФА/ФИФА.
Комити никогаш не повикале да се оди на некаков митинг и слично.
Членови на Комити имало и при други протести, протестите на студентите, протестите за Нешковски, протести по објавувањето на бомбите, но тоа не било во организирана форма и не по повик на групата.

Сто пати сум зборувал на темата, а сигурно нема детално да ви објаснувам што се случувало во Комити :D Поради низа причини групата доживеа целосен распад по настаните со Бошко Луди, настаните од гостувањето во Тетово, настаните од пријателската со вас во Марино и пред се настаните со шок бомбата во Битола. Плус, голем дел од членството се пресели од Македонија. Цели подгрупи има по Германија и Малта :D
Групата нема водство, но повеќето од тие што одат на трибина си тераат некој филм (поголем акцент на Македонија, отколку на Вардар) во последно време за кој не им давам голема поддршка. Ги почитувам истите, знам дека немаат задни намери, ама едноставно не сме на иста линија. Западот ниту сум го напуштил, ниту пак некогаш ќе го напуштам :D
Покрај нив, си постојат екипи кои одат само за Вардар и мува не ги лази на оваа тема.
Подгрупи не постојат, бидејќи ниедна нема членство поголемо од 20-тина души. Едноставно имаш екипи кои се групирале ради возраст, место на живеење итн. Нема Комити ракомет, Комити фудбал, има само членови што не ги интересира ракомет и членови што повеќе сакаат јаки ракометни утакмици отколку мртвилото од ПМФЛ.

Ако погледнете убаво, на ФБ страната нема никакви најави за натпревари во последно време. Којзнае кој ја води истата и тука единствено отворам простор дека некој свесно го разгорува членството. Сепак, тие што присуствуваат се водат по својот револт и нема врска дека свесно одработуваат за некого. Работата е што Комити НЕСВЕСНО секогаш одработуваат за некоја страна, затоа што Комити како група секогаш реагирале исто, ЗА МАКЕДОНИЈА и лесно е да се предвиди во која ситуација членството би можело да направи инциденти и тоа некој да го искористи во своја полза.
Јас стварно жалам што некои постари членови на Комити се' уште не го сфатиле ова и борбата не ја однесат на едно сосема друго ниво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom