Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.272
Поени од реакции
4.434
Денес гледам активни на домашен терен Винари Неготино(добра бројка) , Ајдуци Струмица , Фантоми Гевгелија , Сејмени Кочани и Чкембари на гости .

Рибари зошто ве немаше денес на гостување во Кочани фудбал ? (само за ракомет гледам имате објава за утре )
Исто и Војводи немаа најава за гостување во Македонска Каменица а претходно на сите утакмици беа ...
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2021
Мислења
339
Поени од реакции
3.407
Денес гледам активни на домашен терен Винари Неготино(добра бројка) , Ајдуци Струмица , Фантоми Гевгелија , Сејмени Кочани и Чкембари на гости .

Рибари зошто ве немаше денес на гостување во Кочани фудбал ? (само за ракомет гледам имате објава за утре )
Исто и Војводи немаа најава за гостување во Македонска Каменица а претходно на сите утакмици беа ...
Рибари обработија уште едно гостување, или поточно екипата помина 520 километри и беше на стадионот во Кочани.
Уба вечер!
 
Член од
25 август 2011
Мислења
139
Поени од реакции
819
Чекај батице , ти стварно викаш Чкембари со големите стомаци се подобра екипа од Кик Боксерите од Комити ?! Ова сериозно или ?!
Момците од Комити екипа кик бокс , им треба 4 секунди за да бидат у бонус овие вашите стомак - екипа .
Ti be ti, demek vozrasen okej decko.
Dali si seriozen so muabeto !?!?
hahahahahhahaha Na drugite ne ni mu repliciram, znajme gram mozok nemat

Kakvi ti se ovie sporedbi ne znam jas, ovie so stomaci a drugite kik bokseri hahahahaha

DA BIDIME REALNI, Ekipata na Ckembari izgleda x2 pati pospremna.
So ne znaci deka e taka, duri ne vidime fight (livada) ne mozime da kazime deka to e taka.A to nema da se desi nikogas taka da samo kuro muabeti ke si prajme.

Ako kik bokserite bea spremni ke se pustea do struga ovie 3-4 godini hhhhhh
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.272
Поени од реакции
4.434
Рибари обработија уште едно гостување, или поточно екипата помина 520 километри и беше на стадионот во Кочани.
Уба вечер!
Не видов никаква објава и слика затоа мислев ве немало, ок чим сте биле (y)
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.162
Поени од реакции
2.020
Ti be ti, demek vozrasen okej decko.
Dali si seriozen so muabeto !?!?
hahahahahhahaha Na drugite ne ni mu repliciram, znajme gram mozok nemat

Kakvi ti se ovie sporedbi ne znam jas, ovie so stomaci a drugite kik bokseri hahahahaha

DA BIDIME REALNI, Ekipata na Ckembari izgleda x2 pati pospremna.
So ne znaci deka e taka, duri ne vidime fight (livada) ne mozime da kazime deka to e taka.A to nema da se desi nikogas taka da samo kuro muabeti ke si prajme.

Ako kik bokserite bea spremni ke se pustea do struga ovie 3-4 godini hhhhhh
Имаат Чкембари добра екипа , не сум рекол дека немаат , ама како што и сам пиша , никогаш ништо не се знае додека не се види ?!
Пример Чкембари пеат “дојдовте во Битола и наебавте” а кога нападнале Чкембари последниот инцидент се случил 93та “ итн.

Поздрав до тебе 110% Македонец се надевам дека е стално така и не те повела еуфоријата на Е*фт*.
Автоматски споено мислење:

Nov vic:
Z*ti osnova novo obezbeduvanje pod ime “Ckembari”

Абе друже ги местите Лозари само со ова . ако ти речам Ж*ти сам ќе ги тепа 10 Лозари ќе мислиш е шала али некои работи излегуваат од колосек и после испаѓа после играчка плачка :)
 
Член од
25 август 2023
Мислења
287
Поени од реакции
535
Nov vic:
Z*ti osnova novo obezbeduvanje pod ime “Ckembari”
Mene pa smesno mi e sto tolku se zbori za ckembari denovive? Lozari se fatija so Komiti go izedoa sto sega nesto se ripa za Ckembari? Mene po smesna navivacka grupa od ckembari ne mi postoela uste odkoga prvpat gi imam gledano, site pesni im se prepeani od zbor do zbor, pred nekoe vreme ja peea Uste edna pobeda i titula i povtorno ti prvak postana nasekade te pratevme i verno bodrevme za tvoja slava denes peeme hahahahahahhah pa po smesna grupa ne postoi i vlezeni vo film deka se fajt ekipa a nemaat tepacka 20’godini moze i povise, isto kako jas da mislam deka sum astronaut zosto gledam youtube klip i oblecam takva obleka
 
Член од
7 септември 2023
Мислења
27
Поени од реакции
24
Епа ако не се обоеше немаше да има хајп и докажување (никој не очекувал дека видео ке биде извадено во етер)
Абе се е тоа во ред ама малце погрешно е изведено според мене јас би го ставил прво видеото па најавата (сликата) зошто многу фама се крена како наводно срамота за Комити во таа ситуација зошто сами ја боеле паролата која е одземена од Лозари, Комити испраќаат порака но дали ќе бидат разбрани како што сакаат да бидат разбрани од јавноста со нивниот потег затоа прашав што е со таа ситуација фала на инфо
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.272
Поени од реакции
4.434
Screenshot_20230917_102132_Facebook.jpg

И на видео иде песната Чкембари и Лозари заедно сме посилни , и сами си признавате дека само заедно може да парирате на Комити :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.479
Поени од реакции
68.958

За ова зборував кога го пишував прртходниот пост. Не знам како би влегол во пресметка со други македонци, па колку сака нека се ривали, додека гледам како државата се распаѓа и не брка во страндтво, додека ние како навивачки групи (а нели треба да сме најголеми поборници за права во општеството) не преземавме ништо по прашањето на станување граѓани од втор ред. Како дозволивме како народ за нас да важат едни закони, а за другите не? Кој друг треба да крене глас, ако не ние?

Важно ќе се изнапцуеме денес едни со други, ќе фрлиме некој камен, а од утре пак ќе читаме како во Тетово, Скопје, Кичево, Струга, Куманово група малолетници со тврди предмети нападнале малолетник во школски двор, автобус итн.

Мене ми е јасно дека како група секогаш сме влегувале во конфликти за бранење на македонското прашање и гарантирам дека од сите групи сме број 1 по ова прашање и по број на тепачки и протести. Ама ова се решава на поинаков начин, со кревање бунт, поголеми протести, вклучување на сите, привлекување медиуми, размрдување на дијаспората, да се крене пичкарскиот менталитет на ќути си и трпи.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.322
Поени од реакции
5.600

За ова зборував кога го пишував прртходниот пост. Не знам како би влегол во пресметка со други македонци, па колку сака нека се ривали, додека гледам како државата се распаѓа и не брка во страндтво, додека ние како навивачки групи (а нели треба да сме најголеми поборници за права во општеството) не преземавме ништо по прашањето на станување граѓани од втор ред. Како дозволивме како народ за нас да важат едни закони, а за другите не? Кој друг треба да крене глас, ако не ние?

Важно ќе се изнапцуеме денес едни со други, ќе фрлиме некој камен, а од утре пак ќе читаме како во Тетово, Скопје, Кичево, Струга, Куманово група малолетници со тврди предмети нападнале малолетник во школски двор, автобус итн.

Мене ми е јасно дека како група секогаш сме влегувале во конфликти за бранење на македонското прашање и гарантирам дека од сите групи сме број 1 по ова прашање и по број на тепачки и протести. Ама ова се решава на поинаков начин, со кревање бунт, поголеми протести, вклучување на сите, привлекување медиуми, размрдување на дијаспората, да се крене пичкарскиот менталитет на ќути си и трпи.
Ова во наредни 5-6 години нема шанса да се случи. Толку зла крв се насобра последните години , шо сега ако се запри ќе треба време , не па уште малку ако дополнително ескалира.
Мора да си напрат НГ некаков договор и кодекс да си почитуваат .Ама колку и некој да се потрудат и губат време, ќе се најди некој кретен од било каде шо ќе напрај нешто надвор од тоа , па после се ќе оди во курац .
Мене уште ми е нејасен моментот оти јас и ти со клупски дресови неможиме да седиме еден до друг на неутрална трибина и заедно да гледаме натпревар без разлика дали Скопје или Битола. Прво нека се почни да се објаснува дека едно е клупски дрес друго е навивачки и член на навивачка група . Ама за тоа треба да се смени менталниот склоп поединечно па за да се преенси на групно. Ама тоа е балкански менталитет и тешко дека ние тоа ќе доживееме.

Пример шо кур Комити по градови одеја местеа транспаренти Вардар е Македонија за да провоцират , т.е. кога знат каква реакција ќе има во Битола , Прилеп , Кавадарци итн.

Има уште многу за пишење на темата , ама еве првин нека почни админот на ова тема да блокира куртони , посебно профилите од последните недели.

Па гледам и овие постарите профили пример Кире на Батерии Ултрас , и кој беше друг кик боксери , мма,УФЦ ,стомаци, бокс , Кунг Ги , стрижени глави, тетоважи итн .
Па кој биле појаки дрн дрн ...
Јас сега гарантирам да се напрај попис во сите навивачки групи дека поќе има шо живеат во странство од колку тука .

И како шо иди времето уште толку ќе се намалува бројот на членови во НГ , па како што тргнало ќе остани натпревар на 50-60 макс 300 редовни навивачи од групите шо и по 10 години истите муабети и ситуации ќе се вртат.

п.с. Една тема на форум неможи да се клат правила не па во реал лајв.
Еве прати денес темата кај ќе замини. Па овде има нови профили од којзнае која Вукојебина шо пишат во име на цели групи , а народ чита и се палат.
Еве јас по 100 пат пишам дека не сум член на НГ. Па нека се напрај горе листа кој профил е навистина член на НГ кој не за почеток.
А тој шо е член и пиши нешто различно од став на група нека пиши дела е негово лично мислење.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.999
Поени од реакции
7.026
Ми се изгуби постот пошто за саат време 100 нови поста се напишаа. Знамето на ФА Е НА ТРИБИНА ВО МОМЕНТОВ, никок ништо не им одзел во Малта.

Не го пишав постов за лајкови, сакам да чујам мислења на овие теми од тие што редовно пишуваат во навивачиве теми, како помлади, така постари. Секако, би сакал и мислења и од битолчани (ако бојкотираат) @favorito, @ZelenoBel, @Goran Bt итн :D
Знам дека @ultras1988 има свое мислење на темава, што би сакал да го чујам. Сме збореле многу пати за 5тата точка и порано.
Истото се однесува и на сите членови на Комити што активно пишуваат, како и членовите од Лозари како се вклучија во дискусии од пред година дена.
Со оглед дека си побарал мислење од мене на тематиката, а да го искористам малиот простор на затишје пред бура ќе ти го напишам моето мислење на целата тематика на која си напишал пост пред тоа а на која си посветил пост и сега на форумот, па ќе пишам само 1 % (можеби и помалце) од тоа што имам да го кажам на дадената тематика, но и тоа ќе биде премногу за на форум.

Како прво имаме проблем од тоа да излеземе надвор од кутијата, цело време овие прашања се гледа низ призмата на навивачи, но тоа не се навивачки прашања а национални, а навивачите не се ниту 1 % од целокупната нација, така да не гледам како тие би смениле нешто сами, значи затоа во нормалниот свет имаш организации на националисти, во кои членуваат речиси сите навивачи, но тие се само еден дел кој најмногу достигнува 1/3 од целокупната маса на луѓе кои делуваат и се борат за спас на нацијата.

Самото тоа за некакво здружување на навивачите, па сите да сме заедно, да не се напаѓаме или не ти знам што ми е малце аут, како прво сите ние кои сме избрале да бидеме навивачи многу добро знаеме што носи самото со себе навивачкиот живот, целата негова магија е токму тој адреналин кој го носи самиот со себе, таа постојана борба да докажеш дека си подобар од противникот , да го поразиш, да го надмудриш со парола, песна, скандирања, така да самиот муабет кој долги години се води исклучиво само во Македонија е непотребен, погледни пример Хрватска како сите групи се како едно кога имаат национални интереси, а само у едно тромесечје БББ и Торцида имат повеќе меѓусебни инциденти него цела наша тифосцена во деценија, според мене она што повеќе е потребно е градење прво на КОДЕКС зад кој ќе застанеме сите групи за тоа да имаме достоинствено ривалство, кога сме обединети за МАКЕДОНИЈА, како да делуваме заедно против репресивниот апарат кој врши репресија врз нас, да имаме заеднички акции со пароли, но не по цена умртвување на ривалствата, умртвување на ривалствата е умртвување на цела магија на нашата субкултура, целото постоење на навивачките групи губи тогаш целосна смисла.

Ако сакаш да ја промениш трагичната ситуација во која живееме тоа се работи со промена на менталниот склоп на народот и на нацијата, а не со умртвување на навивачките ривалства, џабе е се тоа кога останатиот дел од нацијата не е вклучен, за да успееме да ја надмине целава ситуација треба да го смениме менталниот концепт на кој размислува народот, а навивањето на ниту еден начин нема допирни точки со него, сите знаеме дека е тешко, ама ако сте ги читале спомените на нашите преродбеници и револуционери ќе видите дека во нивно време ситуацијта била каде, каде полоша но не се предавале, единствената позитива што тие ја имале а кај нас оди во денешно време многу против нас е факторот демографија, се друго било против нив.


Најголемата причина поради која сме овде каде што сме е начинот на размислување за тоа што и да почнеш да правиш е следното НЕМА ДА УСПЕЕ, ќе има ПРЕДАВНИЦИ, кога веќе ти тргнуваш однапред поразен, со мислата дека ти си осуден на пропаст, нема начин како да успееш, почна едно здружение порано ТВРДОКОРНИ со многу јасна визија, но како и што се упропасти знаат само луѓето во Скопје, тука имаше мали минуси кои на крајот чинеа глава, а здружението беше составено од навивачи, патриоти, националисти, луѓе кои денес се дел од специјалните едицини на армија и полиција и.т.н., таков широк спектар и на крај беше се уништено од еден удбаш поради немањето на одбранбен механизам од одбрана од такви ситуации, значи да сме на јасно во ОРГАНИЗАЦИЈАТА имала пропусти, било која организација во светот има свои пропусти и предаства, не па некоја од Македонија, но ти треба да си свесен дека до тоа може да дојде и да имаш јасен одбранбен механизам како тој плевел да го чистиш, тука лежел успехот на ОРГАНИЗАЦИЈАТА, бидејќи за тие што не знаат во тоа време делувале мал милион организации, а само таа успеала да се наметне на широките народни маси, причината е јасна, интелигенција на водството, визија и јак одбранбен механизам.

Да излеземе од историјата и да се вратиме на сегашноста, ситуацијата обожаваме да ја правиме црна, да е толку бедна, нема шанси да сме смени ништо, а всушност најтемно е пред да изгрее сонцето, но за тоа да изгрее некој треба да делува кон тој правец, еве бев два пати до Скопје последниот период, првиот на одбојка, пеењето на крајот од натпреварот на химната беше лазење морници, после доаѓа фудбалот, напишав негативните последици но ајде да дополнам кратко некој работи, а тоа е дека имаше многу луѓе кои беа дојдени со национални обежеја, но сепак главниот момент што влева надеж е големиот број млади кои беа под свои 20, кои носеа дресови од репрезнетација, патриотски маици меѓу кои предничеа комитската Боже чувај ја Македонија (најновата верзија) , Идентитетот (на Боемот меѓу женската популација посебно) и некој дуксери од патриотско друштво, но сето тоа е на ниво на индивидуална свест и мала искра надеж, нас ни фали градење на силна КОЛЕКТИВНА национална свест, а таа се гради со колектив кој силно верува во една идеја па тоа да се промовира и форсира меѓу младите.

Како прво ти фали организација со 20-30 луѓе кои ќе работат на градење на таква визија, организирање на протести, патриотски манифестации, но за таа организација да е успешна сите тие луѓе треба да бидат финансирани и да зимат плати од самата таа активност, а не да имаат работа од 9 до 5 каде што ем ќе губат време ем нема да бидат финансиски слободни , ти фали патриотски моден бренд кои ќе извади над 30тина маици, десетина дуксери, блузи и.т.н. кои ќе бидат со најразлични патриотски мотиви со пристапни цени за секој и со голема дистрибуција, ти фали патриотска издавачка куќа која ќе вади различни патриотски книги, разни патртиоски игри преку кои најмалите уште од бебиња преку интеракција и игра ќе учат за македонската историја и традиција, ти треба музика во која ќе се промовира македонското , цртање на мурали и графити како тој за Диво Насеље или што е за Гоце Делчев на цела зграда, со револуционери, бранители, херои, во секој град, создавање на подкасти во кои ќе се промовира родољубието и Гоцевиот идеал дека за Македонци друго место освен Македонија нема, концерти со патриотска музика каков што имаа Некст Тајм но со полна сала до последно место, патриотски фестивал каде што најголемите македонски музички ѕвезди ќе пеат по една народна или патриотска песна, ете има еден куп страници кои промовират патриотски текстови, се тоа да биде испопуларизирано до максимум, кога ќе излезеш во свој град видиш три-четири македонски мурали, ќе видиш пет или десетина млади со маици во кои се промовира македонски патриотизам , автоматски ќе почнува да се менува менталитетот пред се кај младите, нашата борба е за генерациите родени пост 2000, овие пред тоа веќе на жал во многу што се изгубени генерации за кои поврат нема.

Идејата за промовирање на тоа дека животот во Македонија е единствена солуција, разубедување на секој што ја напуштил или сака да ја напушти државата, чувство на припадност кон својата нација преку силен национален култ, а на крајот на денот ако никој не работи масовно да се смени ситуацијата во која се наоѓаме и не правиме ништо да се промени, како очекуваме нештата да се променат сами од себе сигурно нема, така да нас ни е потребно многу поголемо делување од тоа на навивачи за нештата да се променат, тоа може да се случи со тоа што е напишано погоре, со иницијативи и делувања на еден силен КОЛЕКТИВ кој верува во идејата на Македонија, се останато е само продолжување на утопијата и пропаѓањето во кое живееме сите ние кои не сакаме да заминеме од татковината.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom