Ми се изгуби постот пошто за саат време 100 нови поста се напишаа. Знамето на ФА Е НА ТРИБИНА ВО МОМЕНТОВ, никок ништо не им одзел во Малта.
Не го пишав постов за лајкови, сакам да чујам мислења на овие теми од тие што редовно пишуваат во навивачиве теми, како помлади, така постари. Секако, би сакал и мислења и од битолчани (ако бојкотираат)
@favorito,
@ZelenoBel,
@Goran Bt итн

Знам дека
@ultras1988 има свое мислење на темава, што би сакал да го чујам. Сме збореле многу пати за 5тата точка и порано.
Истото се однесува и на сите членови на Комити што активно пишуваат, како и членовите од Лозари како се вклучија во дискусии од пред година дена.
Со оглед дека си побарал мислење од мене на тематиката, а да го искористам малиот простор на затишје пред бура ќе ти го напишам моето мислење на целата тематика на која си напишал пост пред тоа а на која си посветил пост и сега на форумот, па ќе пишам само 1 % (можеби и помалце) од тоа што имам да го кажам на дадената тематика, но и тоа ќе биде премногу за на форум.
Како прво имаме проблем од тоа да излеземе надвор од кутијата, цело време овие прашања се гледа низ призмата на навивачи, но тоа не се навивачки прашања а национални, а навивачите не се ниту 1 % од целокупната нација, така да не гледам како тие би смениле нешто сами, значи затоа во нормалниот свет имаш организации на националисти, во кои членуваат речиси сите навивачи, но тие се само еден дел кој најмногу достигнува 1/3 од целокупната маса на луѓе кои делуваат и се борат за спас на нацијата.
Самото тоа за некакво здружување на навивачите, па сите да сме заедно, да не се напаѓаме или не ти знам што ми е малце аут, како прво сите ние кои сме избрале да бидеме навивачи многу добро знаеме што носи самото со себе навивачкиот живот, целата негова магија е токму тој адреналин кој го носи самиот со себе, таа постојана борба да докажеш дека си подобар од противникот , да го поразиш, да го надмудриш со парола, песна, скандирања, така да самиот муабет кој долги години се води исклучиво само во Македонија е непотребен, погледни пример Хрватска како сите групи се како едно кога имаат национални интереси, а само у едно тромесечје БББ и Торцида имат повеќе меѓусебни инциденти него цела наша тифосцена во деценија, според мене она што повеќе е потребно е градење прво на КОДЕКС зад кој ќе застанеме сите групи за тоа да имаме достоинствено ривалство, кога сме обединети за МАКЕДОНИЈА, како да делуваме заедно против репресивниот апарат кој врши репресија врз нас, да имаме заеднички акции со пароли, но не по цена умртвување на ривалствата, умртвување на ривалствата е умртвување на цела магија на нашата субкултура, целото постоење на навивачките групи губи тогаш целосна смисла.
Ако сакаш да ја промениш трагичната ситуација во која живееме тоа се работи со промена на менталниот склоп на народот и на нацијата, а не со умртвување на навивачките ривалства, џабе е се тоа кога останатиот дел од нацијата не е вклучен, за да успееме да ја надмине целава ситуација треба да го смениме менталниот концепт на кој размислува народот, а навивањето на ниту еден начин нема допирни точки со него, сите знаеме дека е тешко, ама ако сте ги читале спомените на нашите преродбеници и револуционери ќе видите дека во нивно време ситуацијта била каде, каде полоша но не се предавале, единствената позитива што тие ја имале а кај нас оди во денешно време многу против нас е факторот демографија, се друго било против нив.
Најголемата причина поради која сме овде каде што сме е начинот на размислување за тоа што и да почнеш да правиш е следното НЕМА ДА УСПЕЕ, ќе има ПРЕДАВНИЦИ, кога веќе ти тргнуваш однапред поразен, со мислата дека ти си осуден на пропаст, нема начин како да успееш, почна едно здружение порано ТВРДОКОРНИ со многу јасна визија, но како и што се упропасти знаат само луѓето во Скопје, тука имаше мали минуси кои на крајот чинеа глава, а здружението беше составено од навивачи, патриоти, националисти, луѓе кои денес се дел од специјалните едицини на армија и полиција и.т.н., таков широк спектар и на крај беше се уништено од еден удбаш поради немањето на одбранбен механизам од одбрана од такви ситуации, значи да сме на јасно во ОРГАНИЗАЦИЈАТА имала пропусти, било која организација во светот има свои пропусти и предаства, не па некоја од Македонија, но ти треба да си свесен дека до тоа може да дојде и да имаш јасен одбранбен механизам како тој плевел да го чистиш, тука лежел успехот на ОРГАНИЗАЦИЈАТА, бидејќи за тие што не знаат во тоа време делувале мал милион организации, а само таа успеала да се наметне на широките народни маси, причината е јасна, интелигенција на водството, визија и јак одбранбен механизам.
Да излеземе од историјата и да се вратиме на сегашноста, ситуацијата обожаваме да ја правиме црна, да е толку бедна, нема шанси да сме смени ништо, а всушност најтемно е пред да изгрее сонцето, но за тоа да изгрее некој треба да делува кон тој правец, еве бев два пати до Скопје последниот период, првиот на одбојка, пеењето на крајот од натпреварот на химната беше лазење морници, после доаѓа фудбалот, напишав негативните последици но ајде да дополнам кратко некој работи, а тоа е дека имаше многу луѓе кои беа дојдени со национални обежеја, но сепак главниот момент што влева надеж е големиот број млади кои беа под свои 20, кои носеа дресови од репрезнетација, патриотски маици меѓу кои предничеа комитската Боже чувај ја Македонија (најновата верзија) , Идентитетот (на Боемот меѓу женската популација посебно) и некој дуксери од патриотско друштво, но сето тоа е на ниво на индивидуална свест и мала искра надеж, нас ни фали градење на силна КОЛЕКТИВНА национална свест, а таа се гради со колектив кој силно верува во една идеја па тоа да се промовира и форсира меѓу младите.
Како прво ти фали организација со 20-30 луѓе кои ќе работат на градење на таква визија, организирање на протести, патриотски манифестации, но за таа организација да е успешна сите тие луѓе треба да бидат финансирани и да зимат плати од самата таа активност, а не да имаат работа од 9 до 5 каде што ем ќе губат време ем нема да бидат финансиски слободни , ти фали патриотски моден бренд кои ќе извади над 30тина маици, десетина дуксери, блузи и.т.н. кои ќе бидат со најразлични патриотски мотиви со пристапни цени за секој и со голема дистрибуција, ти фали патриотска издавачка куќа која ќе вади различни патриотски книги, разни патртиоски игри преку кои најмалите уште од бебиња преку интеракција и игра ќе учат за македонската историја и традиција, ти треба музика во која ќе се промовира македонското , цртање на мурали и графити како тој за Диво Насеље или што е за Гоце Делчев на цела зграда, со револуционери, бранители, херои, во секој град, создавање на подкасти во кои ќе се промовира родољубието и Гоцевиот идеал дека за Македонци друго место освен Македонија нема, концерти со патриотска музика каков што имаа Некст Тајм но со полна сала до последно место, патриотски фестивал каде што најголемите македонски музички ѕвезди ќе пеат по една народна или патриотска песна, ете има еден куп страници кои промовират патриотски текстови, се тоа да биде испопуларизирано до максимум, кога ќе излезеш во свој град видиш три-четири македонски мурали, ќе видиш пет или десетина млади со маици во кои се промовира македонски патриотизам , автоматски ќе почнува да се менува менталитетот пред се кај младите, нашата борба е за генерациите родени пост 2000, овие пред тоа веќе на жал во многу што се изгубени генерации за кои поврат нема.
Идејата за промовирање на тоа дека животот во Македонија е единствена солуција, разубедување на секој што ја напуштил или сака да ја напушти државата, чувство на припадност кон својата нација преку силен национален култ, а на крајот на денот ако никој не работи масовно да се смени ситуацијата во која се наоѓаме и не правиме ништо да се промени, како очекуваме нештата да се променат сами од себе сигурно нема, така да нас ни е потребно многу поголемо делување од тоа на навивачи за нештата да се променат, тоа може да се случи со тоа што е напишано погоре, со иницијативи и делувања на еден силен КОЛЕКТИВ кој верува во идејата на Македонија, се останато е само продолжување на утопијата и пропаѓањето во кое живееме сите ние кои не сакаме да заминеме од татковината.