Ги изгледав видеата пред да ги избришат па да дадам едно видување, а и одамна не сум напишал нешто.
Комити доаѓаат со 4 коли од кои во минимум 2 коли остануваат шоферите внатре во колите. Од клипот се гледа дека Комити се меѓу 10 и 15 души кои не се со празни раце, но и домаќините маваат со што стигнат се гледаат и флаши на клипот како фрлаат. На видеото се гледаат 6-7 Лозари плус чуварот. Откако влагаат Комити внатре Лозари бегаат и го оставаат платното кое им е спремно за цртање (на видеото се гледа дека е бело и нема ништо нацртано сеуште на него или е само обележано) Скроз навивачка акција на Комити и секоја чест што се трудат да живеат ултрас. После тоа што го направија Лозари на баражот во Кавадарци, заслужија многу повеќе од ова иако сигурно дечкиве што ја спремаат кореографијата не се истите што сликаа крвави боксирачи од родители со деца или симпатизери по кафани, ама ја преставуваат групата и срамот сега е за сите.