Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 февруари 2022
Мислења
296
Поени од реакции
1.587
И тие почнаа како вас менталитет да имаат ко че земат знаме или блуза шал се чаламат еден месец кога нив че ги истепаат или му одземат знаме шал одма тоа се деца жени дедовци
Еее море мисир еден
 
Член од
5 ноември 2022
Мислења
110
Поени од реакции
472
Член од
25 мај 2023
Мислења
31
Поени од реакции
66
Еее море мисир еден
Таа е вистината извини ако те боли ама многу во филм влеговте сега со партијава со цицате како на времето иначе на мапата ве немаше одма филмој дека сте троцида делије ама убаво ве спуштија на земја лозарите со чкембарите цел бутик ви собраа плус гратис чотек
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.218
Поени од реакции
4.118
Таа е вистината извини ако те боли ама многу во филм влеговте сега со партијава со цицате како на времето иначе на мапата ве немаше одма филмој дека сте троцида делије ама убаво ве спуштија на земја лозарите со чкембарите цел бутик ви собраа плус гратис чотек
Како тоа некој не спуштил на земја ?
Дали ти виде напад врз навивачка група Комити кога дојдовме организирано ? Неможеш да сметаш некаква победа на група кога сте начекале рандом ликови за Вардар, тие не се членови на Комити ..
И сам си свесен дека Лозари и Чкембари се 5 скалила под Комити во моментов , се курчите со тие маиците цела недела тука а уствари вистината е дека кога стигнаа Комити во Кавадарци ниту еден Лозар или Чкембар не беше виден на улици , се криевте по куќите тогаш , така да ете кој се плашел а кој не ... :)
 
Член од
26 март 2022
Мислења
490
Поени од реакции
4.382
Во Комити моментално не фигурира ниту една политичка партија. Групата ја сочинуваат искрени, едуцирани членови, кои успееа во три години, да ја воскреснат трибината, да изградат менталитет во различна форма од досегашниот. Визуелно, групата е на многу високо ниво. Се прават кореографии и пиротехнички спектакли, на речиси секој натпревар. Гостовањата се далеку попривлечни за членови од претходните години на криза. Во однос на секој аспект, групата е далеку пред сите останати мак. тифо групи. Сите тука го знаете тоа. И сега, како може да провоцираме? Е, ајде ќе пишеме, "Комити партиски полтрони".
Не можеш вашиот слаб навивачки капацитет, да го анулираш со тоа што ќе напишеш лага, на сметка на Комити. Тоа треба да ти биде јасно.

И тоа пази кои групи провоцираат со партискиве фори..Чкембари, Лозари и најјако...Шверцери!! :)))

Чкембари пред претходноте избори, за време на кампањата, го ораа теренот "Под Тумбе Кафе", заедно со еден партиски кандидат, од каде што "заедно" порачаа дека ќе има нов стадион. Значи, во ред е вие како група да барате бенефиции ЗА КЛУБОТ, ама не е во ред тоа да го прават Комити, кои патем, моментално, го имаат целосниот легитимитет, поради тоа што се правно косопственици на клубот. Истиот тој кандидат, континуирано објавуваше видеа од Чкембари и Лозари...ама немаше реакции од ниту една група. При сево ова, општината е таа која главно го спонзорира ФК Пелистер. Со кој образ вие, ги набедувате Комити за нешто?

Шкупи како клуб е финансиран од страна на општината Чаир. Ок, збориме за Шверцери и Шкупи..ваљда и за нив не треба да објаснувам колку се ДИРЕКТНО контролирани од ДУИ, и колку пати досега служеле за одредени партиски активности. Последната беше баш пред краток временски период. Богами, колку бакљи запалија на собирите на Али и на Артан...се фрлила пара.

Лозари се исто така во тесна врска ао градоначалникот на Кавадарци. Класична локал прича.

Така да господа...помалце пишување, повеќе размислување за тоа што сакате да го напишете, зошто цело време вака ќе завршуваат вашите неуспешни обиди, да ги омаловажите Комити.

Колку ви се Комити и Вардар трн во окото, доволно говори тоа што се заортачивте сите заедно, и пљукате со исти куршуми по нашата група..и Чкембари и Шверцери. И си личите заедно да сте...Само, без гајле..допрва ќе ве газиме, па уште толку ќе ви го зајакнеме братството.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Секако, да, да, секако. Чисто и искрено, едуцирани членови.


Упс, партиски едуцирани членови. Интересно е шо ни самите не сте свесни дека партија ви ја води групата.
 
Член од
26 март 2022
Мислења
490
Поени од реакции
4.382
Секако, да, да, секако. Чисто и искрено, едуцирани членови.


Упс, партиски едуцирани членови. Интересно е шо ни самите не сте свесни дека партија ви ја води групата.
Како? Ајде просветли ме. Како тоа партијата ја води групата? Повели.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Како? Ајде просветли ме. Како тоа партијата ја води групата? Повели.
Рано е, ќе се просветлиш за време таман на почеток на новата сезона.
 
Член од
27 ноември 2021
Мислења
362
Поени од реакции
2.013
Рано е, ќе се просветлиш за време таман на почеток на новата сезона.
Не е партија во прашање,масони стојат позади Комити и ни помагаат за вие да изгледате мизерно во споредба со нас.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
FB_IMG_1685644479803.jpg


СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА!

Како што ветивме, нашата борба е целосно транспарентна. Затоа, водени од мотото “Вардар – клуб на народот”, би сакале на секој навивач и симпатизер да му ги презентираме досегашните резултати од борбата, како и чекорите кои во наредниот период ќе ги превземеме.

Првично, би сакале да напоменеме дека по состанокот со директорот на клубот, Слободан Крстевски, добивме гаранција дека долгот направен по неговото доаѓање на кормилото на клубот, ќе биде вратен од негова страна во целост, без притоа истиот да биде наталожен на досегашниот долг на ФК Вардар.

Понатаму, би сакале да се заблагодариме на дванаесетте општини (Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Центар, Илинден, Ѓорче Петров, Чучер Сандево, Зелениково, Гази Баба, Бутел, Петровец, Сопиште) со кои остваривме конструктивни состаноци, и дојдовме до позитивно решение. Сите дадоа збор, и се обрвзаа пред јавноста, дека клубот ФК Вардар ќе го помагаат заеднички, од секој можен аспект.
Во неделата што следува, очекуваме и формално да се одржи заеднички состанок на сите градоначалници, на кој заедно со нас, ќе биде дефиниран темелниот систем, преку кој долгорочно ФК Вардар ќе биде подржан од страна на општините.

За жал, единствено со градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска, се уште немаме остварено средба, иако официјално барање доставивме уште на 3 мај 2023. Причините за ваквата постапка не ни се познати. Веруваме дека градоначалничката Арсовска ќе искаже волја и што поскоро ќе го прифати нашето уредно поднесено барање за средба. На клубот во овој момент му е потребна поддршка и помош од сите засегнати страни, особено од Градот Скопје, бидејќи ФК Вардар, гледано од историски, и од било кој друг аспект, е чедо на градот Скопје. Тоа не смее да се заборави!

Мора да напоменеме дека општините Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров, веќе на дело ја демонстрираа желбата за соработка. Имено, општините Аеродром и Ѓорче Петров обезбедија фудбалски терени, кои во целост ќе ги стопанисуваат, а кои ќе бидат од огромна важност за младинската школа на ФК Вардар, како и за тековните спортски активности на првиот тим. Од друга страна, пред бараж натпреварот во Кавадарци, од општината Кисела Вода беа обезбедени 1 000 000 денари помош за фудбалерите на клубот, како мотивација пред одлучувачкиот натпревар. Во името на клубот, ви се заблагодаруваме!

МЛАДИНСКА ШКОЛА

Во целиот изминат период, благодарение единствено на навивачите, за сите генерации во клубот, беа обезбедени сите потребни услови, за непречено реализирање на сите тековни спортски активности. Како што веќе напоменавме, со помошта од Општините, издејствувавме нови два фудбалски терени, од кои едниот веќе е во фаза на изградба. Секако, целосно сме посветени на ова прашање, и веруваме дека во најбрз можен временски рок, на сите засегнати страни, ќе им ја претставиме нашата визија и начинот на кој школата ќе функционира во иднина.

УЈП И ПУИГ

Следните чекори, се можеби најважни, во овој период од борбата. Како што веќе е познати, голем дел од долгот на клубот е направен кон УЈП и ПУИГ.
Ние, како засегната страна го нудиме следното решение;

Долгот кон УЈП да биде репрограмиран на 10 години, со што, секоја тековна година, клубот кон институцијата би исплаќал дел од целокупниот долг. Дополнително, заедно со одговорните лица да се најде решение со кое поранешните раководни лица на клубот ќе одговараат и ќе го сносат товарот за долгот настанат за време на нивното ,,управување". Веруваме дека ова решение е најдобро, бидејќи долгот тлее веќе неколку години, директорот на клубот Слободан Крстевски, иако вети, не е во позиција да го исплати, и во моментов не постои ниту една засегната страна, спремна да го врати. На ваков начин, УЈП ќе си го наплати долгот, а на ФК Вардар со реализација на ваквото решение, ќе му биде одблокирана сметката, а со самото тоа можноста за финансиски прилив ќе биде многу поголема. Во периодот што следува, ќе биде организиран состанок со челните луѓе на УЈП, по кој јавно на нашата официјална страница, ќе го презентираме исходот од истиот. Веруваме и се надеваме на конструктивност!

ПУИГ е несомнено, нераскинлив историски дел од ФК Вардар. Но, во овој момент, ситуацијата е доста комплицирана, од причина што за време на претходното раководство на клубот, е направен долг, кој од многу аспекти е проблематичен, но за тоа, во периодот што следи. Тоа што ние, како засегната страна сакаме да го предложиме е состанок со челните луѓе на ПУИГ, на кој заеднички ќе дојдеме до најдоброто решение, преку кое долгот би можел да биде целосно вратен. Веруваме во нивната конструктивност, веруваме дека се спремни да помогнат во заедничката борба. Секако, едно од нашите најважни барања е да ФК Вардар своите натпревари ги игра на Градскиот стадион, домот и душата на клубот. Ова е барање за кое силно ќе се бориме, зошто недозволиво е повеќе гордоста на градот и на целата држава, домашните натпревари да ги одигрува на било кое друго место.

ДОНАЦИИ

Веќе извесен период функционира акцијата за донации, преку апликацијата Gofundme, и досега се собрани вкупно 6 945 евра. За жал, оваа апликација не е достапна за корисниците во Р. Македонија. Затоа, бидете спремни, зошто за многу брзо, ќе го обзнаниме начинот за донации, за навивачите од Македонија. Тогаш ние сме на потег. Нека ја видат сите сплотеноста на Вардаровите навивачи!

ФИРМИ И КОМПАНИИ

Време е сите во општеството, не само навивачите и општините, да се приклучат и да помогнат. Како што тропнавме на сите општински врати, така ќе тропнеме на вратите на сите големи македонски компании. На сите нив, ќе им ја презентираме целокупната визија, и активности кои ги имаме реализирани за доброто на клубот. Очекуваме позитивно да одговорат на нашите барања, зошто ФК Вардар заради сите успеси, историјата и традицијата, заслужува!

ОСТАНАТИ ФИРМИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ИМААТ ПОБАРУВАЊА

Разбираме дека претходните раководства работеле неодговорно и создавале долгови кон чесни луѓе кои ги извршувале работните задачи, меѓутоа бараме и разбирање дека ваквиот долг е реално недостижен во моменталната ситуација. Ќе ве поканиме заедно да најдеме решение како за спас на Вардар, така и за правичен надоместок на вашите побарувања.

За крај, веруваме дека сходно оваа соопштение, јавноста уште повеќе активно ќе се вклучи во борбата за клубот, и уште повеќе ќе ја изрази довербата во нас, навивачите, кои деноноќно работиме, волонтерски, за доброто на клубот. Нашето присуство во клубот, е гаранција дека НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ валкани игри и криминал. Конечно, после многу години, имаме историска шанса да го издигнеме Вардар високо. Да ја искористиме сите заедно, таа шанса!

СИТЕ ЗАЕДНО – ЗА ВАРДАР НАШ!
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Ова што го прават Комити е нешто невидено за мене во навивачкиот свет. Па добри 80% од енергијата е насочена кон спас на ФК Вардар, а групата ја имаше најдобрата сезона во историјата на мак тифо движењето. Ако беше Вардар среден, и целата таа организација беше насочена единствено на Комити, без проблем ќе влезевме во топ 4 екс ју. Смејте се вие колку сакате на постов, тоа е вистината. Исто се смеевте и пред една година кога ви пишувавме дека Комити се шират во сите градови и села низ Македонија (не само Вардарска Македонија), па се случи експлозија во Кавадарци кога можеби 500 луѓе беа фанови кои не се од Скопје. Ова само ќе расте, па вие смејте се. Додека некои пеат независна Битола, ние се бориме за обединета Македонија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom