|Volkswagen|
Тастатурата е посилна од мечот!
- Член од
- 21 јули 2009
- Мислења
- 2.725
- Поени од реакции
- 893
Уменоста е продукт на процесот на осмислено поставување на предмети (најчесто со симболично значење) на начин што имаат влијание на сетилата, емоциите и интелектот.
Првин за почеток, дозволете да ви ја доловам атмосферата во која го чкрапам овој текст. Значи, во позадина... Maestra Claire Pichet и нејзината Summer 78*. Звукот на крцкањето на прстите на кратко ја поремети мелодијата.
...А во мене? Гнев...Гнев кон она што го доживеав вечерва, …гнев кон оние кои го валкаат образот наУметноста, со р’бетно мозочни нагони за себепромовирање.
Чудно чувство околу срцето, ... грутка или клопка во желудникот, а во главата ми се зборовите и менталните клипови и се она што моите сетила беа изложени во получасовното бљуење.
Се почесто и почесто ја пречитувам горната дефиниција и упорно барам нешто во она што го доживеав. Верувајте се трудам, најмногу што можам да не бидам „хејтер“ и да плукам по се и сешто, но она што ми се врти низ главата не ме остава да бидам мирен, па исто како и вас повеќето уметници доволете да ја ишарам белината на овој Word документ.
„Осмислено поставување на предмети на начин што имаат влијание на сетилата, емоциите и интелектот...“
Вечерта започна скрос обично. Локација – (арт) кафуле Камарите, Битола, каде што станав дел и од инвентарот. Ја добив својата доза од мојот нов омилен пијалок „Пелкинова(е)ц“ и наеднаш атмосферата почна да се менува. Од коментарите на останатите посетители сфатив дека се најдов на сред „уметничка вечер“. Знаев дека ќе пукаат со „уметничките“ куршуми, но не знаев дека ќе остават такви длабоки лузни...
Арт перфомансот започна. Секој посегна по пакетата цигари, демек уметнички се расположи. Излезе едно бате, со онаа позната битолско-кабадајска (ако не знеш што е Кабадаја гледај на YouTube) формула „Биди кул, биди спонтан, качи глупости и ќе биди ОК“. Ѕвездата на вечерта беше 90 годишниот старец – Такецо кој им пркосеше на „уметниците“ со својата античка остроумност и љубов кон жената, вискито и животот, а овие за возврат под мовта (а не мустаќи) се смешкаа зошто не си ја гледа староста и не е кревет.
Откако беа закачени 4 фотографии кои беа се освен уметнички (двајца кои се криват со јазици и една типка расцицлена), се прочита една поема од почитуванот Симс (Од „Паркети“) која беше напишана како што разбрав од авторот на фотографиите, на ниво што поема од 10 годишно ретардирано дете ќе звучеше како ремек дело од Бодлер (Charles Baudelaire) и со тоа започна најграндиозното уметничко бљувотење кое моите очи го имале видено, а моите уши слушнато.
На шанкот на кафулето беше поставена кукла од излог, облечена колку што можев да видам во женска облека. Доаѓа нашата млада надежна манекенка (извини „чупе“, ама не си убава, особено не за манекенка) застана, почна да ја гледа страстно куклата, запали цигара подстана од столчето и ја залапа (бакна, French kiss) …баш со јазик и сето тоа, белата пластика што стоеше пред неа. Притоа, станувајќи ќе се отепаше од столчето на кое седеше. На враќање од перформансот доби апалауз и екстра гушкање од нејзините другарки кои викаа дека беше супер, а таа (како што милува еден мој сограѓанин да каже) „прдеше од радост“.
„Каква уметност,...каква експресија“ ечеше низ очите на присутните ...а оние со малку пониско ниво на свест зрачеше сексуалното насладување гледајќи како жена лижи пластика. Се на се...
...Мизерија...
Тониме како нација, тониме како уметници...интелектуалци...живи суштества во гомната наречени неукост, неедуцираност, непросветленост. Како кртови, длабоко пикнати во земја, нуркаме барајќи ја нашата цел во животот. Тлееме така како мали пламенчиња во темнината, а можеме да бидеме ѕвезди.
Уметноста не е мода драги мои. Уметноста е совршен балет од интелект и емоции, уметноста е да се почувствуваш возвишен. Уметноста е да креираш бесмртност од твојата смртност. Уметноста е стремеж кон ѕвездите преку сетилата на еден смртник.
Епа почитувани читатели и јас вечерва се почувствував уметнички настроен. Мојата пластика вечерва беше оваа белина што ја гледам пред себе и мојата експресија беа сите овие навезени букви. За оние што се пронајдоа во текстот, ве молам не го прифаќајте ова лично, ниту навредливо. Ова е субјективно гледиште со глобални последици. Сепак, покрај се...целам кон бесмртност.
Пријатно и создравје.
*на YouTube погрешно се поставува како дело на Yann Tiersen (Заб.на авт.)