НОВА УМЕТНОСТ - Лижачи на пластика

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Уменоста е продукт на процесот на осмислено поставување на предмети (најчесто со симболично значење) на начин што имаат влијание на сетилата, емоциите и интелектот.

Првин за почеток, дозволете да ви ја доловам атмосферата во која го чкрапам овој текст. Значи, во позадина... Maestra Claire Pichet и нејзината Summer 78*. Звукот на крцкањето на прстите на кратко ја поремети мелодијата.

...А во мене? Гнев...Гнев кон она што го доживеав вечерва, …гнев кон оние кои го валкаат образот наУметноста, со р’бетно мозочни нагони за себепромовирање.

Чудно чувство околу срцето, ... грутка или клопка во желудникот, а во главата ми се зборовите и менталните клипови и се она што моите сетила беа изложени во получасовното бљуење.
Се почесто и почесто ја пречитувам горната дефиниција и упорно барам нешто во она што го доживеав. Верувајте се трудам, најмногу што можам да не бидам „хејтер“ и да плукам по се и сешто, но она што ми се врти низ главата не ме остава да бидам мирен, па исто како и вас повеќето уметници доволете да ја ишарам белината на овој Word документ.

„Осмислено поставување на предмети на начин што имаат влијание на сетилата, емоциите и интелектот...“

Вечерта започна скрос обично. Локација – (арт) кафуле Камарите, Битола, каде што станав дел и од инвентарот. Ја добив својата доза од мојот нов омилен пијалок „Пелкинова(е)ц“ и наеднаш атмосферата почна да се менува. Од коментарите на останатите посетители сфатив дека се најдов на сред „уметничка вечер“. Знаев дека ќе пукаат со „уметничките“ куршуми, но не знаев дека ќе остават такви длабоки лузни...

Арт перфомансот започна. Секој посегна по пакетата цигари, демек уметнички се расположи. Излезе едно бате, со онаа позната битолско-кабадајска (ако не знеш што е Кабадаја гледај на YouTube) формула „Биди кул, биди спонтан, качи глупости и ќе биди ОК“. Ѕвездата на вечерта беше 90 годишниот старец – Такецо кој им пркосеше на „уметниците“ со својата античка остроумност и љубов кон жената, вискито и животот, а овие за возврат под мовта (а не мустаќи) се смешкаа зошто не си ја гледа староста и не е кревет.

Откако беа закачени 4 фотографии кои беа се освен уметнички (двајца кои се криват со јазици и една типка расцицлена), се прочита една поема од почитуванот Симс (Од „Паркети“) која беше напишана како што разбрав од авторот на фотографиите, на ниво што поема од 10 годишно ретардирано дете ќе звучеше како ремек дело од Бодлер (Charles Baudelaire) и со тоа започна најграндиозното уметничко бљувотење кое моите очи го имале видено, а моите уши слушнато.

На шанкот на кафулето беше поставена кукла од излог, облечена колку што можев да видам во женска облека. Доаѓа нашата млада надежна манекенка (извини „чупе“, ама не си убава, особено не за манекенка) застана, почна да ја гледа страстно куклата, запали цигара подстана од столчето и ја залапа (бакна, French kiss) …баш со јазик и сето тоа, белата пластика што стоеше пред неа. Притоа, станувајќи ќе се отепаше од столчето на кое седеше. На враќање од перформансот доби апалауз и екстра гушкање од нејзините другарки кои викаа дека беше супер, а таа (како што милува еден мој сограѓанин да каже) „прдеше од радост“.



„Каква уметност,...каква експресија“ ечеше низ очите на присутните ...а оние со малку пониско ниво на свест зрачеше сексуалното насладување гледајќи како жена лижи пластика. Се на се...

...Мизерија...

Тониме како нација, тониме како уметници...интелектуалци...живи суштества во гомната наречени неукост, неедуцираност, непросветленост. Како кртови, длабоко пикнати во земја, нуркаме барајќи ја нашата цел во животот. Тлееме така како мали пламенчиња во темнината, а можеме да бидеме ѕвезди.

Уметноста не е мода драги мои. Уметноста е совршен балет од интелект и емоции, уметноста е да се почувствуваш возвишен. Уметноста е да креираш бесмртност од твојата смртност. Уметноста е стремеж кон ѕвездите преку сетилата на еден смртник.

Епа почитувани читатели и јас вечерва се почувствував уметнички настроен. Мојата пластика вечерва беше оваа белина што ја гледам пред себе и мојата експресија беа сите овие навезени букви. За оние што се пронајдоа во текстот, ве молам не го прифаќајте ова лично, ниту навредливо. Ова е субјективно гледиште со глобални последици. Сепак, покрај се...целам кон бесмртност.

Пријатно и создравје.

*на YouTube погрешно се поставува како дело на Yann Tiersen (Заб.на авт.)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Пост кака(пупу)низам
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Добредојде во светот на шарлатанството, каде се е уметност, се е наука, се е право на избор.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Нема што да те чуди, постмодерна и сè е уметност...

Пред некое време присуствував на ликовна изложба, на отворањето беше најавуван грандиозен перформанс. И „актерите“ излегоа со бели мантили, носеа некакво количе направено од железни шипки и на него имаше закачено кеси. Перформансот се состоеше од тоа што се гледаа еден со друг, шетаа наоколу и се дереа, т.е. испуштаа неартикулисани звуци, додека во позадина одеше музика што потсеќа на лудило. Тоа траеше повеќе од 20 минути. И си мислев да догледам до крај може ќе има некаква поента, ама ништо.

После слушнав коментари како перформансот бил одличен, прекрасен, носел убави пораки. And I was like WTF? До мене ли е што не можам да ја сфатам „прекрасната“ порака или светот се свртел наопаку?
Среќа имав една истомисленичка, па ја преживеавме маката коментирајќи и прашувајќи се што беше уметничкото таму.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Не знам дали сме сеуште неразвиени интелектуално и уметнички како нација, па да ја прифатиме вредноста на уметноста,....ама ова веќе преминува во трагедија...
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Не, не дечко. Не си разбрал ништо ти. Лапањето на цурата со куклата го претставува денешниот свет. Толку е изобличен и бесчувствителен што е исто ко да се лапаш со кукла. Нема љубов, само нагони.

Е сега како тоа го одглумила цурата ја појма неам, ама знаејќи дека некои го прават тоа колку да бидат зборени и „славни“ не ме ни чуди и да се испрдела таму од својата „гламурност“.
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Ova lapanjeto so kuklite neodolivo me potsekja na Charles Bukowski vo Ljubov za 17 ipol dolari.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мајсторски ги поставуваш темиве, секоја чест ми е мерак да те читам.
А од уметност не се разбирам, ваљда некој што се разбира ќе започне дискусија,а ние ќе читаме.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Ova lapanjeto so kuklite neodolivo me potsekja na Charles Bukowski vo Ljubov za 17 ipol dolari.
Да,...најголемиот инспиратор за art crap во Македонија.
--- надополнето: Aug 29, 2011 9:25 AM ---
Мајсторски ги поставуваш темиве, секоја чест ми е мерак да те читам.
А од уметност не се разбирам, ваљда некој што се разбира ќе започне дискусија,а ние ќе читаме.
Тенк ју :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Можеби твоето ниво на интелект и не дозволува тоа да го наречеш уметност, ама за нив тоа е врв, секој има свој поглед кон нешто.
Така на пример, некој ќе наслика жолта позадина со разни црвени и жолти точки и ќе каже тоа е излив на емоции и има луѓе што ќе се восхитуваат, ама ќе дојде некој со свој поглед и ќе каже мене ова ми личи на мајасел
Секој има свој поглед на нештата, но твојата револтираност е зошто тоа некој сака тоа да го продаде како уметност, а тоа и мене ме нервира, на пример сакаат да ни ја продадат гага како музичар, а всушност она ти е еротска ѕвезда која само не потпишала за Вивид
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Во Македонија се е мода...па и уметноста...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Многумина се обиделе да најдат одговор на прашањето што е уметноста. На крај заклучиле дека уметноста е различна во различен контекст, културен код, искуство и слично.
И тоа е во ред, можеби за некои племиња цртањето по пештери било неопходно за други причини, за нас денес тоа е уметност. И милион, милион примери.

Само проблемот е зошто примерите што ги наведовме погоре ги сметаме за уметност? По која дефиниција се тие уметност?
 
С

Сатори

Гостин
Во Македонија се е мода...па и уметноста...
Не.Во Македонија апсолутно ништо не е уметност, мода, не можам ниту така да го наречам, многу повеќе е задоцнето „пушење“ на западни „вредности“.
А за се останато можам да коментирам само откако ќе го видам.
Постмодернизмот секогаш ме фасцинирал, не може ништо да се измисли, не може на ништо да се базира и затоа сите се хиперактивни во создавање култура. :icon_lol:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.256
Поени од реакции
27.661
Така на пример, си одиш на театар со ќерка, син на 4-5 годинша возраст за да ја гледаш детската претстава Хајди, а место Хајди ти испаѓа травестит во минич и ти игра модерен танц. И додека ти збунет си ги триеш очите овој те замолува да ја напуштиш салата како "културен" човек затоа што претставата завршила. А тебе детето зачудено те прашува каде е Хајди. Хајди се разболе сине, ракот на идиотизмот и ренесансата и кај неа стаса веќе.
Можеби за некои сум лаик за уметност, но, ете можеби и сум една од оние на кои не им се допаѓа во кој правец се движи уметноста.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom