НЛБ Јадранска лига сезона 2010 / 2011

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Денеска почнува НЛБ лигата.Во 20 часот и 15 минути сезоната ја отвараат Хемофарм - Цибона.Титулата од лани ја брани Партизан :)

Да се потсетиме како ја победи лани Цибона во Загреб :vozbud:

Утре играат :

Партизан - Будучност
Широки - Крка
Цедевита - Задар
Олимпија - Игокеа
Нимберг - Звезда

а во недела Загреб - Раднички

--- надополнето ---

Хемофарм 86:80 Цибона
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
цедевита оваа година се појаки од сите они ќе освојат.
 

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Партизан повторно ќе биде НЛБ Шампион !!! ТВРДАМ
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
На кои програми даваат пренос ?(за партизан прашувам)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Оваа Цибона е една од најслабите во последниве години,ако не и најслаба.Богдановиќ е единствениот добар играч.Стипчевиќ за просечна екипа е ок,но во појаките НЛБ екипи може само бекап да биде.Радошевиќ игра добро сега за сега,во предсезоната беше добар,но не е некоја класа играч.Делаш и Зубчиќ ова им е прва сезона каде што се очекува нешто од нив.Оваа сезона ќе се види дали тие дечки ќе ги биде или не.Враговиќ,тоа е некој си бек од Хрватското првенство исто и тој просечен играч.Земаа некој американец кој не е проверен квалитет.Играл нешто на колеџ 3-4 години и тоа е се од него.Тренерот е тапа.Пари нема клубот,во долгови е до гуша.......
Оваа сезона Цедевита и Партизан се главни конкуренти за титулата.
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Партизан 78:79 Будучност
Широки 62:72 Крка
Цедевита 70:66 Задар
Олимпија 61:54 Игокеа
Нимбург 94:73 Звезда
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Загреб 82:76 Раднички

Со овој натпревар се комплетираше првото коло од НЛБ лигата.
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.554
Поени од реакции
841
Партизан 78:79 Будучност
Широки 62:72 Крка
Цедевита 70:66 Задар
Олимпија 61:54 Игокеа
Нимбург 94:73 Звезда
Нимбурк, Спасев.:smir:

Што се однесува до Звезда и оваа година ќе биде сушна. Состојбата у клубот е катастрофална, нема управа, навијачите бојкотираат, нема Европа, само сме ориентирани на српска лига, а средина на табелата во НЛБ или у краен случај опстанок, ќе биде премија за оваа екипа.

Летово од клубот заминаа многумина играчи: Бјелица, Штимац, Кешељ, Стевиќ, Рондовиќ, Кикановиќ, Радивојевиќ и Милошевиќ.
Дојдоа: Aрнаутовиќ (Мега Визура), Милошевиќ, Балабан (Партизан), Дрча (Америка), Јанг (Америка, ама прашање е дали ќе има право на настап), Мирковиќ (Крив Баскет), Николиќ (Крка)

После овој преоден рок тимот за оваа сезона изгледа вака: Бакиќ (капитен), Недовиќ, Милошевиќ, Дрча, Арнаутовиќ, Балабан, Мирковиќ, Николиќ, Катниќ, Радосављевиќ, Цветковиќ, Арнаутовиќ, Недовиќ, Јеловац и Јанг, за кого реков дека е неизвезно дали ќе има право на настап.

Значи, ова е млада екипа составена од талентирани играчи, од кои може да биде нешто, а тренер е Михајло Увалин.
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Второ коло:
Вторник

Задар - Олимпија
Будучност - Звезда
Крка - Цедевита

Среда

Раднички - Нимбурк
Цибона - Широки
Партизан - Хемофарм
Игокеа - Загреб
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Задар 66:72 Олимпија
Будучност 89:75 Звезда
Крка 77:81 Цедевита
Раднички 82:87 Нимбурк
Цибона 83:72 Широки
Партизан 77:66 Хемофарм
Игокеа 70:79 Загреб
 
Член од
4 ноември 2008
Мислења
1.330
Поени од реакции
80
http://on.net.mk/sportal/kosharka/makedonski-klub-vo-nlb

Македонски клуб во НЛБ?

Генералниот менаџер на Јадранската лига, Роман Лисац најави дека ќе допатува во Македонија да ја разгледа можноста во текот на следната сезона еден клуб од нашата земја да се партиципира во регионалното натпреварување.
"Во преговори сме со луѓе од Македонија, повторно се појави интерес за вклучување на клуб од оваа земја. Доаѓам во Македонија и ќе видам дали некој од клубовите е подготвен да ги задоволи условите и да направи чекор напред во формирање на квалитетна екипа. Тоа подразбира дека ни се потребни цврсти гаранции дека ќе се формира конкурентен тим, но задоволување на условите за одигрување на натпреварите во лигата", изјави Лисац.
Тој потврди дека постои и голема веројатност во следната сезона дел од НЛБ лигата да биде Макаби од Тел Авив, кој би го заземал местото на чешкиот претставник, Нимбурк, кој се повлекува од натпреварувањето поради финансиски проблеми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom