Сите имаат на хартија. Феникс, нов тренер и играчи. Бакси, исто. Бостон, нови играчи... тоа сето треба да се вклопи во една синергија и да оди напред, дали и кој ќе го направи ќе видиме.
Од друга страна ГСВ иста екипа, костурот е тој со години. Лејкерс, иста екипа подобрена. Денвер, иста екипа. Клучните играчи на клучни позиции во овие 3 екипи не се променети.
Точно е дека Лилјакот е играчиште, дека Порзингас и Холидеј супер ќе му дојдат на Бостон и дека Нуркич и Бил се одличен додаток на Дјурант и Букер ама тоа се нови изменети постави, костурот не е ист + тренери се сменети (добро освен Бостон). Треба време сето тоа да се уигра, да се створи хемија, да кликне.
На кој побрзо, нему подобро ама не е така црно-бело како што изгледа на хартија. Плус, една повреда пред или за време на ПО може цела сезона да ја смени, а сме гледале и тоа.