Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.379
- Поени од реакции
- 35.028
Maлку преплатено, ама Винсент е добар пикап.Прегледај го приврзокот 383103
Добар пик ап за Лејкерси, нешто што ЛЕ ЏМ сака, шутери околу него, некој што е способен да дава тројки. Знам дека е плеј, ама во Лејкерси автоматски ке стане шутер, бидејќи ЛеБрон ја има 99% топката кај него
Мајами е покриен на позицијата, затоа и го оставиле да оди.
Лејкерс се покриваат за во случај да не можат да вратат дел од играчите, посебно Остин Ривс. Му дадоа макс понуда што можат $52 милиони за 4 години но вистинската цена ќе се види на 5-ти Јули кога рестриктид агентите ќе можат да примаат (и потпиушуваат) понуди од други тимови. Ама мислам дека Лејкерс ќе ја мечуваат било која понуда... Ривс нема да биде промашај, вреден е, има талент, и играта не му зависи од шут. Зависи само колку други тим ќе сака да ги заебе Лејкерс да платат повеќе, а такви тимови има напретек.
Хачимура 3г. 51мил.
И Кем Редиш, така-така пикап. За ветерански минимум нема голем ризик, може ќе се узобили и ќе ја сврти работата. Сега ако не се среди, после овој договор толку ќе биде од него во НБА... За тие пари да игра ограничена минутажа во регуларна сезона, за да се штедат стартерите.