Цел муабет всушност започна околу препуцувањето на Ванлок со Сашко за величината на Леброн, му реплицирав на Ванлок околу тој дел (само тој дел од постот) и потоа дадов мислење т.е. споредба на финалињата на Леброн и финалињата на Џордан.
На тоа ја добив оваа реплика:
едит:
Најпосле, годинава ако Лејкерс изгубат во финале од Нетс (скраја да е) - доаѓањето во финале во една ваква конкуренција на Запад ти ќе го наречеш науспех?
И запрашав ако ТОА е релевантно тогаш истовремено може да се доведе во „прашање“ ДАЛИ тоа лејкерс не дојде релативно лесно до ланската титула?
ЗА останатите фанови на лејкерс да не се најдите увредени НИКАДЕ не потенцирав во ниту еден пост дека титулата е НЕзаслужена, заради тоа што мое мислење е дека кога ќе стигнеш во финале нема потоа изговори дали можеш или не можеш - еднаш во годината е финале и МОРА да победиш.
Така да никаде не ви го оспорив тоа што заслужено си дојдоа до титула бидејќи НИТУ еден противник не се покажа подобар од нив таа година.
Проблемот е што Ванлок како навијач на лејкерс не сака тоа да го слуша т.е. лани зборуваше едно (при дуелот со Мајами), а сега гледам зборува друго.
ФАКТ е дека релативно лесно си поминаа до финале и во самото финале, како што е ФАКТ дека им е заслужена титулата и не знам КАДЕ и ЗОШТО тоа треба да биде навреда за било кој навивач за тимот?
Ако веќе гледате навивачки на работите океј, но ако сме реални никој никаде не ја оспори ни величината на леброн (за оваа ера во која игра баскет), ниту пак финалето што си го освоија заслужено.
Тоа што другите тимови не биле доволно добри за да ги победат е нивни проблем, не на лајкерс но истото не го исклучува тоа дека споредбено со ДРУГИ периоди немале достојни противници (не дека некој им ја даде на поклон титулата или не ја зедоа со сопствени сили).
Најлесна е уз онаа на ГСВ кога им се сјебаа Ирвинг и Лав на Кливленд.
Исто е. И тогаш ГСВ си заслужи титула и сега Лејкерс си заслужи. Што е спорно тука? Противникот (без разлика на повреди, немање добар ден или слично) НЕ беше на ниво потребно да победи и тој што на крај зеде титула си ја заслужил - играл за неа.
Каде е кривицата на Лејкерси овде? Требаше да им пуштаат победи на противниците и со сите да играат 4-3 во победи за да биде "потешко" заслужена?
Кој бара кривица?
Читате парцијално што ви одговара (како навивачи на лејкерс) или наративот на муабетот не е битен?
Ванлок постави хипотеза дека АКО годинава има евентуално финале (што искрено не верувам) Лејкерс вс. Нетс и АКО Нетс освојат тогаш тоа на Лејкерс што играле финале е УСПЕХ.
Не батки, може уште 3 дена да бидите навијачи на лејкерс АМА не е успех.
И јас сум навивач на Њујорк ама во девеести Џордан, Олајџулон и на крај Робинсон и рукито Данкан ги намачкаа на леб. Заслужено? - АПСОЛУТНО.
Дали има пехар за runner up (второ место)? - ИМА, од трите подолгото.
Дали е УСПЕХ играњето во финале? - Ако тоа ве теши или треба да ги теши навивачите на Леброн, ајде НЕКАКОВ успех е, но тоа не ве прави шампион.