НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Колку битен играч е Холидеј...
Може и нај underrated играч у лигава дефинитивно.
Мидлтон играчина, Мајкл Ред 2.0
Пак ке повторам неверојатно корисен играч + плус одличен, ма какви супер ту веј играч. Ја погодија овие сложувалката која им недостасуваше.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Искрено и Јанг дивееше и Боги не е во форма, ваљда ради повредата. Хуертер го држеше на клупа, се на се лошо паднаа на крајот, плус се запали Мидлтон. Ама нема везе има уште 3 натпревари до влез на Атланта во финалето. ;)
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Искрено и Јанг дивееше и Боги не е во форма, ваљда ради повредата. Хуертер го држеше на клупа, се на се лошо паднаа на крајот, плус се запали Мидлтон. Ама нема везе има уште 3 натпревари до влез на Атланта во финалето. ;)
Не ја гледав оваа последната, ама затоа ги гледав тие пред тоа. Друже кој и да иде понатаму, кој и да освои ќе биде трети-пети или осми фаворит за титулата! Едноставно кој ќе има среќа да го издржи физички и троа психички здрав сево ова, на крај ќе биде шампион. Најдобрите одамна испаднаа, џам ќе свитка Атланта со Тре(или како и да се чита) и да отиде во финале! Преголемо оптоварување им наметнаа, за да биде колку толку реална завршницата!
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
699
Поени од реакции
975
Не ја гледав оваа последната, ама затоа ги гледав тие пред тоа. Друже кој и да иде понатаму, кој и да освои ќе биде трети-пети или осми фаворит за титулата! Едноставно кој ќе има среќа да го издржи физички и троа психички здрав сево ова, на крај ќе биде шампион. Најдобрите одамна испаднаа, џам ќе свитка Атланта со Тре(или како и да се чита) и да отиде во финале! Преголемо оптоварување им наметнаа, за да биде колку толку реална завршницата!
Се слагам дека повредите испаднаа дека се најбитни, ама чисто информативно Атланта е доста повредена, па пак ги поминаа подобрите Филаделфија кои беа релативно поздрави, односно си заслужија да дојдат до тука.

Милвоки и Феникс имаа доста среќа да им се паднаат повредени противници досега.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Оф топик, али страшна бараба беше Рој.. кој го гледал знае. Штета повредите мислам дека со Олдриџ доста проблем ќе правеа.
Па и дедо Оден глеј го глау му ебам 20 че може има овде, ко 49 да има :ROFLMAO:
FB_IMG_1624909358865.jpg
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.911
Оф топик, али страшна бараба беше Рој.. кој го гледал знае. Штета повредите мислам дека со Олдриџ доста проблем ќе правеа.
Па и дедо Оден глеј го глау му ебам 20 че може има овде, ко 49 да има
Прегледај го приврзокот 299940
Рој беше страшен проспект, нешто што за франшизат сега е Лилард.
Олдрич играше во животна форма, а Оден налик на Ембиид.
Штета, партали ќе правеа, баш ради вакви раб портланд не просперирал одамна.

Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
George najjakite partii gi imase protiv miami pred 7-8 god. koga indiana se drzea itekako so miami a i george so lebron.. da ne zaboravime ja imase edna od najstrasnite povredi sho sme gi videle taka da faktot sho se vrati posle to na all star nivo e golem uspeh.. sepak pregolemi se ocekuvanjata za nego.. nemoze sekoj da bidi prva opcija vo shampionski tim..

Индијана беше медиумски толку форсирана екипа тие години, доста напори се вложија преку "медиумиве" на Интернет да се продаде како многу сериозна екипа на почетокот на минатата декада , посебно Џорџ како индивидуалец - за следна генерација чудо, во новата, за клубот посветла ера по годините со Грејнџер. И цела таа напумпана еуфорија и лажна надеж, која кулминираше со нереални очекувања за тимот на подолг рок(резултат на промашени, преоптимистички проценки), беше примарно за да се прикаже дека Мајами (и Лебронот) имаат некаква конкуренција во таа мизерија,
во години кога Истокот почнуваше сериозно да кризира, во недостиг пред се на квалитетни индивидуалци па и комплетни екипи (и откако Бостонци остареа)....па и Вогел мисирот не беше поштеден во пофалбите, како доста снаодлив тренер, со голем потенцијал, кој 10 години подоцна во Лејкерс се виде колку е кадарен да менаџира со нападот...

Индијана беа незгодни за Мајами и тежок противник затоа што беа јаки онаму кај што овие беа слаби и со дупки- висина, центарска позиција, игра под кош - Хиберт со 2.18, искусен Вест (до ден денешен запоставен играч), кловнот Ленс од клупа вадеше одлични партии, кога најмалку се очекуваше... тимски добри дефанзивно...И само затоа што парирале (и ги мачеле) Мајами тие 2 години е многу плиток аргумент.... не заборавај, Хиберт беше серијата во 2013-та во финале на истокот играчот најбитен, во многу сегменти, а не Џорџ (наредната година друг човек беше)!! Таа серија отиде во 7, кога и беа најблиску Индијана да го изненадат ривалот Мајами.

Ете ти прилика и да се потсетиш на миленикот ти Леброн, колку му беше јака конкуренцијата тие години - Ленс и Џорџ со 22 години, Хиберт едно плејоф искуство или па Хил со 26 години.....и Махими квалитетно дрво од клупата....па за плејмејкерските способности на Хил кога ќе слушнев....Додај и фактот што и Ленс и Хиберт па едни блескави и долги кариери кои ги имаа...Хил-организаторот по годините во Индијана се претвори во луксуз од клупа....Ленс -за жал, од фабрика дојде со грешно наместени батерии....Мајами се мачеше со Хиберт бате, тоа е таа немилосрдна конкуренција!!



Џорџ си остана играч на стара слава, медиумски форсирана "икона", кого преку носталгијата денес сигурно не може да го спасиме, а повредата од пред многу години не е апсолутно никаков фактор, смешно алиби, прочитај од стручни лица мислење на следниве линкови:


Дојде во лигата како неконстантен шутер и играч, и денес е истиот! Недостатоците во играта во раната фаза од кариерата, ради младоста и неискуството му ги преќутуваа - ги релативизираа неумешно неговите адвокати, ги третираа како најнормална работа -неизбежна фаза од развојот на еден играч, така да ова денес што го прикажува во плејофот, со истите, веќе видени симптоми и не е воопшто шок. И Дурант ја направи партал Ахиловата и повеќе од година пропушти, и пак во плејоф партал прави и рекорди руши и тоа на 32 години.. а за неговиот стил на игра многу критична повреда, па и за било кој кошаркар! Или земи го еден Доминик Вилкинс...

Фактот што на неколку месеци пред почеток на 2021/22 сезона, голем дел од фановите уште како најголемо достигнување од кариерата му ги спомнуваат (со голема доза носталгија) тие две-три плејоф серии, како рани успеси, пред 7/8 години (како дете со 22 години), доволно говори за неговата кариера....Џорџ, врти, сучи, испадна само Дени Грејнџер 2.0 (ова 2.0, 3.0 многу клише и излитено ми звучи) !

Остатокот од текстот не се однесува на твојот коментар, слободен си......
==========================================================================================================================


Феникс ако не ја заврши работата денес дома, солидно ќе си ја искомплицираат серијата....со Пол играат многу лошо веќе два натпревари, што е нетипично за нив и изненадување...Пол и Букер се дрва во второ полувреме, последните два натпревари, а и Феникс се мачи за 35 поени во второ полувреме.



И Денвер и ЛА беа смејурии дефанзивно ( не дека па офанзивно многу понудија!), друго е Клиперс, екипа со најдобрата одбрана (кога сакаат!) оваа година во плејоф....затоа и Феникс оставаа впечаток во нападот на добро подмачкана екипа во претходните рунди, против слаби противници.

Притисокот кај Пол е огромен, си знае тој, кога има прилика за првпат да игра финале, овој плејоф буквално пред пензија ги доби неговите 5 минути - цела кариера се мачеше со таква клетва-повредите, оваа година во плејоф сите негови противници ги фати клетвата, кој пцуел и колнел алал да му е- најдобрите играчи (Дејвис, Мареј, Ленард) да им бидат повредени...поголем ветер во грб-компензација од ова не можеш да добиеш, ниту пак некоја екипа во историјата на лигата уживала такво олеснување, три рунди за ред (за четвртата ќе видиме, има играчи за повреди!)......и ако се испосерат Феникс серијава, не гледам за Пол друга прилика за титула.

Домашниот терен ништо нема да значи за Феникс ако се добутка до 7-ми натпревар , Нетс и Фила спичкаа 7-ми натпревар дома, а и посебно против оваа екипа на Клиперс, која е непредвидлива и луда годинава, такво жилаво тике, на ниедна екипа не би им ги препорачал за во 7-ми натпревар!

Клиперс- ашлаците одбраа оваа сезона да одат по најтешкиот пат... Феникс има среќа серијава што води 3-1, немаше да биде нереално и да беше 3-1 за Клиперс..Освен првиот натпревар, кога и се што фрлија Феникс влезе, 3 натпревари со ред личат на Орландо и Булс од регуларен дел.

Многу себичен е Џорџ серијава (така и ја почна, 15 тројки испуца на првиот меч), сам треба да биде свесен дека тој не е играч за да плеска по 25 шута, форсира тешки шутеви, дрибла непотребно, а со слободните од 2-от наптревар уште толку сам си го качи притисокот , за неколку магнитуди, потоп да го прават со критики. А нема потреба од себичење и таков пристап, Клиперс има повеќе опции во нападот и не зависат како Феникс од само 2/3 играчи!
Оваа рунда, најбитната во неговата кариера е воедно (беше) прилика за Џорџ да си ја воскресне кариерата...прилика да игра финале, која ја чека скоро декада !
==============================================================================================================================

Атланта ќе го дочека Богданович да распали, како што Нетс го дочекаа Херис.....најверојатно во 8-от натпревар!! Вилијамс фали поентерски серијава, Капелата - со години само евтин приврзокот на Харден ( и сега Јанг), како индивидуалец офанзивно им е најголем хендикеп (гревот па не може ни слободни да погоди)...

Мидлтон е курајберот кај Бакс веќе 4-5 години со ред, во плејоф да ја спасува од резил Антенава.....Грчката шпага !

1-от наптревар со Мајами, ја реши во продолжение, тежок шут последна секунда....Да го изгубеа тој меч серијата сигурно ќе имаше друг тек, иако Мајами убедливо потрфлија тимски....

3-от натпревар со Нетс, губат 0-2, Мидлтон дава 35 поени (48% шут) , половина скоро од 86 поени за Бакс....ја спасува серијата, да беше 0-3....

6 -от натпревар со Нетс, 38 поени со ~70% шут, вади мајсторка

3-от натпревар со Атланта- 38 поени ~60% шут , крадат една на гости....

Во последните 2 недели Мидлтон има 3 натпревари со 35+ поени и преку 50% шут....или од друга перспектива =Во кариерата, во плејоф , без оваа сезона, Мидлтон има само 3 натпревари со 30+ поени во плејоф !!! Мидлтон е најбитниот играч кај Бакс во плејоф, веќе со години, тоа е толку очигледно, а не трската Грчка лимитирана-константет бунарџија од слободни- карикатура од MVP !!

Се заебаваат и старо и младо денес со Симонс, но овој е никој и ништо , а две години за ред MVP-то, кој е веќе декада во лигата активен, во серијата со Нетс 48% шутира од слободни, и покрај тоа што судиите го толерираат по 5 минути да се мести, спротивно на правилата, со што и го прават цел свет глуп, дека не знаат да бројат до 10!
 

madrock

Bogi
Член од
23 април 2014
Мислења
589
Поени од реакции
1.921
Каков тим ќе пратат Американците на ОИ во Токио :eek:

 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Каков тим ќе пратат Американците на ОИ во Токио :eek:

Ќе фрчат тројки од сите страни. Добро е што ќе играат со ваков тим. Да видиме дали Србија ќе се квалификува, штета што Јокиќ нема да игра, добро ќе беше да изигра барем по 10-15 минути на утакмица.
 

madrock

Bogi
Член од
23 април 2014
Мислења
589
Поени од реакции
1.921
Ќе фрчат тројки од сите страни. Добро е што ќе играат со ваков тим. Да видиме дали Србија ќе се квалификува, штета што Јокиќ нема да игра, добро ќе беше да изигра барем по 10-15 минути на утакмица.
Јокиќ се пораѓа тогаш... :pos: Шала на страна, знае тој дека со ваков состав на САД нема шанси да земе злато на ОИ, плус одмор му е потребен ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom