Во моментов Голден Стејт го има статистички најдобриот напад во историјата (подредено е по Offensive rating). И тоа убедливо (разликата меѓу Голден Стејт и досега првиот тим, е колку меѓу тој тим и 40 рангираниот).
Но она што за мене е многу поголемо изнендување е што Торонто е моментално 2 на листата.
Ќе видиме дали ќе издржат и едните и другите. Голден Стејт целосно очекувам да издржат. Торонто не верувам но можно е да останат високо рангирани.
До оваа сезона, најдобри напади во историјата:
ЛА Лејкерс (1986-1987) - Showtime Lakers генерацијата
Chicago (1991-1992) - Bulls на Michael Jordan
Boston (1987-1988) - Celtics од ерата на Bird, McHale, Ainge
Phoenix (2009-2010) - "7 seconds or less" Suns предводени од Steve Nash (со Alvin Gentry, не D'Antoni)