Им се смеевме на Хрватине едно време што за секој гол на Манџукиќ против Интер Запрешиќ, две недели беа во транс и само за тоа збореа...
Не ја гледам, ама претпоставувам дека нема никаков напредок кај него и дека си дреме на тројка и ја прави онаа финтана '' демек шутира, па оди на двочекор ''.
Претерувате. Ние сеуште се радуваме на головите на Пандев. Босанцине се радуваат уште на головите на Ибрахимовиќ. Али ете сеа на СП ќе идат и веќе престанаа. Ние сме уште таму, ненапреднати и јебига, тоа ни е тоа што е максимумот па затоа се радуваме.
Да има напредок, да имаме 10 играчи во Премиер,Примера, Серија А итн, ќе се смени тоа. Или да имаме 2-3 во НБА.
Перо е
прв Македонец кој играл во НБА и вчера го играше
првиот меч. Зошто да нема еуфорија?
А и не знам како може да напредне за неполн месец таму. Он тек 2-3 месеци ќе помине во навикнување на протеинско-креатинскиот начин на пумпање па после тоа може да се очекуваат подобрувања.
А и драстични промени е залудно да се очекуваат пошто има речиси 30 години и е пред се дефанзивец. Како тоа е најдобар, во напад знае да направи блок и огромен простор за соиграчите и нормално да пукне некоја тројка. Никој не очекува од него да биде стартер.