Сега за сега таков услов не постои, иако е можнио и тој да го додадат во некоја етапа, можеби на самиот крај кога нема враќање назат...
Поентата ќе биде да после прием во ЕУ, Србиј ќе поставува услови за прием на Косово (па и као држава) како во ЕУ така и во други меѓународни организации. Македонија е признаена од Грција како држава но тоа ич не ни помага да влеземе во НАТО, ЕУ.
И како призната држава Косово ќе мора да одговори на барањата на Србија за да влезе. Пример, проблем со државен имот фабрики, електрани ... кои биле градени кога косово беше во состав на Србија па после едностарно одземени, приватизирани продадени... па имоти, пари, фирми на срби иселени одтаму а кои не се обештетени или чии имот е одземен по било која причина, па положба на малцинства, црквите на СПЦ, парите на државата или државните фирми на србија останале заробени на косово, убиени и исчезнати цивили на косово.... листата може да биде многу долга и многу непријатна дури и косово да биде признато од Србија како држава
Србија не ќе биде во можност да го блокира Косово , пошто на крај Србија ќе мора да го признае Косово или да потпише дека нема да го блокира зачленувањето на Косово.
Па дури мислам дека Србија има потпишано дека нема да го попречи зачленувањето на Косово во разни организации.
Изјавите на странските дипломати се јасни: Србија нема да може во ЕУ без да ги разјасни своите граници и без решавање на проблемите со соседите.
Исто така речено е дека Србија и Косово ќе влезат во ЕУ како одвоени држави.
Зачленувањето на Косово во ЕУ е поджано и од Еу земјите кои не го признале Косово.
Кој можеше да замисли дека Тачи и Дачич ќе се сретнат десетина пати , дека ќе подадат рака ? (водачот на УЧК и малиот Слобо).
Еден ден биде признаено и Косово на ист начин , за некого незамисливо а за некого остварливо.
Не заборавај дека Србија должи многу повеќе на албанците ... а државниот имот е имот на граѓаните на Косово, не е имот на Србија ... Косово беше експлоатирано за да се изгради Србија ... албанците во 1999 наследија уништени фабрики и инфраструктура, наследија 200.000 уништени имоти ... Косово последните 15 години е изградено повише него во последните 150 години.
И србите како и вечината народи на Балканот се изморени од историја и конфликти ... Денес јавниот долг на Србија е 20 милјарди евра, а веќе најавени се нови 1 милјарда евра Емиратите.
Испаѓа дека секој жив србин од страна на државата е задолжен за 3.000 евра. Рачунај ги и личните долгови на граѓаните и ќе видиш што ги чека.
Како никогаш досега имаат невработеност над 25%.
Не е само сиромаштијата во прашање , туку и губењето надеж, разочараност.