Христијанско-социјалната Унија и нејзиниот традиционален коалициски партнер Христијанско-демократската Унија на Ангела Меркел, очигледно ги фаќа паника поради растот на десничарската партија Алтернатива за Германија, па сега во пресрет на редовните државни избори кои треба да се одржат на 14 октомври 2018 во германската држава Баварија - населена од мнозинско католичко население - воведуваат закон со кој секоја владина зграда во Баварија треба да има крст на главниот влез.
Ако ова не е патетичен повик за спас од незадоволството на Германците кои се` противат на неконтролираниот увоз на неограничен број на имигранти од држави со мнозинско муслиманско население, тогаш навистина не знам што е`.
https://www.24.mk/nov-zakon-site-vladini-zgradi-vo-bavarija-da-stavat-krst-na-glavnite-vlezovi
Нов закон: Сите владини згради во Баварија да стават крст на главните влезови
01.06.2018 | 18:18
„Кројцфлих“ или „обврска за крстови“ е новиот закон во германската држава Баварија кој од денеска стапи во сила. Законот предвидува христијански крстови да бидат поставени на влезовите на сите јавни институции, за да служи како потсетник за историското и културно влијание на Баварија.
Законот го воведе премиерот на Баварија Маркус Содер од владејачката Христијанско-социјална Унија, кој е и коалициски партнер на демохристијаните кои ги предводи канцеларката Ангела Меркел. Воведувањето на овој закон според Содер е со цел подигнување на баварскиот идентитет по напливот на бегалци и мигранти од доминантно муслиманските земји. Вели дека крстот не треба да се гледа како религиозен, туку како културен симбол, централен за баварскиот идентитет.
„Сакаме да испратиме јасен сигнал дека луѓето имаат желба да го истакнат нивниот идентитет. Крстот е основен симбол на нашиот баварски идентитет и начин на живот. Тој упатува на основните вредности како што се добротворни цели, човечко достоинство и толеранција.“ - изјави Маркус Содер-премиер на Баварија.
Баварските власти појаснуваат дека иако потегот предизвика револт во одредени кругови, тие се сосема сериозни во намерата целосно да ја спроведат, но до сега не одговорија дали се предвидени и казни зо оние институции кои нема да ја почитуваат законската обврска. Премиерот Содер, во Владата на Баварија го постави крстот уште во текот на април, кога законот беше во процедура. Сепак, таа не одговори дали ќе има казни за оние институции кои нема да ја почитуваат наредбата.
Баварија беше една од најпогодените германски држави за време на бегалската криза во 2015 година, кога голема пропорција од скоро еден милион луѓе кои побараа прибежиште во Германија стигнаа во регионот, по што порасна популарноста на анти-имиграциската политичка партија Алтернатива за Германија. Според последните анкети, 56% од Баварците ја поддржуваат законската обврска за крстови, додека 38% се против.
Анита Буховски