Барав на google, па ја најов темава.
Реновиравме спрат на приземје, премалтарен, нови пвц прозорци.. се комплет.
Едниот зид е позади него земја (полнетица) и на него ми јавува мувла, најчесто на места каде што има некој мебел... неколку дена кога не бевме дома на ламинатот имаше и вода, лајсните мувлосуваат нон стоп без разлика дали ги прскаме со некое средство (саво) а на зидот треба подолго време да се врати мувлата.
Не верувам дека зидот влечи влага од земјата бидејки до сега не се јавила влага, најверојатно е од пвц прозорците.
Се вселивме есента, а прв пат јави влага почетокот на летото.
Во текот на зимата јавуваше вода на прозорците, па тука помогна и собирач на влага, бришевме почесто и со крпа и се решаваше тој проблем...
Проветрувањето само делумно го решава прблемот...
Некој совет од стручно лице или искуство како може целосно да го решам проблемот?
КАде да се стави изолација на зидовите? Некој начин на вентилација на собите...