Здраво,
Фала за одговорите.
ѕидот со комшијата е со гипс картон и тервол - тоа ми го кажа инвеститорот. Но комшијата ми рече дека некој од работниците му кажал дека не ставале тервол.
Мувлата не е на ѕидот со комшијата а е над прозорот во ќошовите горе. Мојата спална граничи со спалната на комшијата, така да одкај него нема влага. Во спалната сеуште не затоплувам, пред некој ден кога го пуштија парното во зградата се затоплија изгледа ѕидовите и сега дома имам температура од 20 степени во цел стан. Иначе парното го ставув на струја но уште не ми е пуштено.
Вчера дојде еден специјалист за прозори и почна да ме прашува дали сум готвела, дали сум имала нон стоп топла вода дома, дали кога се туширам ги бришам плочките во купатило - демек влагата била затоа што дома сум имала многу влага и не сум проветрувала, не циркулирал воздухот. Дрн дрн, ...ептен се изнервирав затоа што ако има влага, треба да има во кујна кајшто готвам а не в спална, плус в спална секој ден отварам прзор за по 5 минути.
Го прашав дали е од температурна разлика, ми рече дека не е од тоа. И сега ме убедуваат дека дома влажноста на воздухот ми е голема и затоа имам влага -- а во цел стан вратите се отворени, не сушам алишта дома, проветрувам, не се осеќа влаже воздух.