Виртуелната реалност е само прикриена реалност, задрж за неколцина, нездрж и уфунет за мнозината.
Некој се крие, сокрива своја вистина, величи замисла, некој исто како и в реалноста, душа открива, ништо не прикрива, цел се разоткрива.
Капак на капа велиш, камен на камен, за секое грнче капаче, за секој камен своја цврста крепост и тврдина.
Кафе сеуште сон не ми разбива, сал чинам, муабет ми клепки корави отвора, буди, расонува.
И како вчера, в минато, така и в денешија, прекуглава работа, натежнала, ме навјасала, почивка чинам, пред повтор в костец да се фатам, да ја сработам, мирно вечер да сонувам, а вечерта, како ден година, далечна ми се чини, далеку в иднина.