Мојата соба е светла. Јас лично ја уредував, ги бирав боите, мебелот, завесите (оган да ги изгори, кај ми беше паметот), јас ја местев... Се` јас си направив. Татко ми не ми даде да кречам до душе. Не е битно.
Насабајле ми се плаче ако е сончево времето, низ тоа завесите право во очи ми мава. Што и да направам на прозорите, сонцето право во очи ми мава! Собата ми е многу повеќе од обична просторија за спиење. Можам да седам внатре со саати, само да седам и да гледам, и нема да ми се здосади.
Ѕид од под до таван со книги (нема место веќе, инаку радо би си ја пренела цела библиотека), табла со разно разни ливчиња, слики, потсетници, нешто што ми текнува у спиење па станувам да го запишам среде ноќ, ѕвезди на плафон, по полиците сувенири (кои ги обожавам патем), кутии, мечки, фотографии, некои мои изуми (глупости), пак по некоја книга... Се` и сешто, за многумина безначајно, но јас си чувам.
Средена е, ама има денови кога изгледа како атомска бомба да паднала. Ако не сум расположена, тогаш се затрупувам со работа, што значи книги, листови, хартии, партитури насекаде. Ако не сум расположена, цртам, читам, пишувам... Значи пак книги, листови, хартии, цедиња насекаде. Заклучувам, ставам знак на врата од надвор

, не давам никој да припари, а бирото и клавирот изобилуваат со празни чаши од кафе (додека пушев и пепељари). После тоа средувам.
Си имам мал милион финти, пр. трчам по ходникот, па вртам лево, кочам малку и влегувам внатре така што паѓам на кревет. Или од друг агол, па се дочекувам на столот и возам до бирото.

Ако ја имам таа среќа да е отворена вратата, нормално.
Сама сум во соба.