Моторџиите во борба за своите права

Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89


Како резултат на повеќето нелогичности во законите на Република Македонија кои ги тангираат моторциклистите, започнавме со петиција на која потпис ќе стават сите незадоволни моторџии, а во сабота (8.10.2011) ќе се одржи мирен но бучен протест по улиците на Скопје со цел да се исполнат нашите барања.

Како што е наведено во петицијата, бараме:

1. Намалување на цената на зелениот картон

(Во моментов без разлика на зафатнината на моторциклот, зелен картон чини 90 евра)

2. Можност за регистрација на мотор на пократок период од една година

(Возната сезона за повеќето трае до 5 месеци, а сите сме обврзани да ги регистрираме моторите за цела година)

3. Намалување на давачките како за автомобилите

(За моторциклите не важи намалената царина и данок за увоз како за автомобилите, па така доколку сакате да купите моторцикл кој чини 2000 евра во Бугарија, давачките за него изнесуваат дополнителни 2000 евра)

4. Дозвола за увоз на моторцикли од Америка

(За моторциклите не важи дозволата за увоз како за автомобилите)

Нашите барања се сосем оправдани и логични и затоа очекуваме да наидеме на разбирање кај надлежните институции. Собраните потписи од петицијата ќе бидат доставени до надлежните министерства, а во сабота (8-ми октомври) ќе излеземе на улиците да ги поткрепиме на дело потписите од петицијата.

Акцијата доби поддршка од македонските мото клубови, сите слободни возачи, како и од Моторциклистичката Федерација на Македонија (МФМ). Во денешниот разговор со нејзиниот претседател Ленин Јовановски тој изјави: "Имате целосна поддршка од МФМ, ние веќе ги доставивме тие барања до надлежните но засега немаме одговор, се надеваме дека со оваа акција ќе се решат проблемите со кои се соочуваат нашите моторциклисти."

Доколку сеуште не сте се потпишале на петицијата тоа можете да го сторите преку следниот линк:
http://www.petitions24.com/baranje_od_motordziite_vo_makedonija
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
348
Поени од реакции
81
Потпишано и од мене. Иако не сум сеуште некој голем моторџија (тоа го мислам зошто сеуште возам скутер) бидејќи имам 17год, планирам на 18 да купувам 600cc брзински, па се надевам ќе се дружам со многу македонски моторџии :)

А со ова погоре потполно се согласувам :D
 
Член од
14 април 2006
Мислења
116
Поени од реакции
43
Не обожавам многу многу мотори но ве подржувам треба да имате право на овие барања
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Потпишав уште кога видов на твитер, и направив ритвит, шер на ФБ, Г+.

Најверојатно ќе дојдам и на протестот бидејќи сметам дека ќе направам подобри фотографии од тебе и од Дејан Стојанов :) Се шегувам, најверојатно ќе дојдам да дадам поддршка иако сум пешак.
 

Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89
Ако идеш да не носам апарат, да повозам и јас малце :))

поздрав до сите и фала за поддршката
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Ако идеш да не носам апарат, да повозам и јас малце :))

поздрав до сите и фала за поддршката
Префрли го преку грб додека возиш, немој ко Дејан на врат па да го трескаш од резервар. И јас некогаш сум брз во праќање фотографии но некогаш сум желка спор. Сеуште немам пратено фотографии од Пиволенд за cOoLTuRa.mk
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
потпишано... дефинитивно разумни барања и нормални барања...
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
потпишано и од мене момци , се надевам ќе ги остварите својте цели
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Конечно некој се сети и на ова...

Потпишано со двете раце!
 
Член од
1 февруари 2010
Мислења
120
Поени од реакции
41
Па бидејќи барањата се во границите на нормалата би требало да се одобрат ... Само напред ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom