Пропратното писмо има неколку имиња: мотивациско писмо, писмо за пријавување, писмо за аплицирање итн. На англиски се нарекува *Cover letter или насловно писмо во наш превод. Од самите имиња можеме да ги изведеме функциите за важноста на ПП:
- Тоа е првиот документ кој воопшто го гледа оној кој ќе ја чита нашата ПБ
- Тоа е писмо бидејќи се пишува како писмо, со дата, наслов, предмет на обраќање, со вовед, текст и заклучок
- Тоа е писмо во кое се наведуваат нашите намери и нашата мотивација зошто аплицираме за работното место
- Во него се пишува и објаснува со реченици (за разлика од ПБ каде сме концизни, кратки и не се расплинуваме со зборови)
Пропратното писмо и дава душа на професионалната биографија. Без пропоратното писмо нашата ПБ нема душа и топлина, нема личност позади зборовите. Затоа и толку многу се бара ПП – за да се оцени колку што може подобро човекот кој ја напишал биографијата. Ако некој друг може да ви ја напише ПБ, тогаш може да ви напише и ПП, но тоа е малку потешко, затоа што зборовите и речениците е најдобро да се ваши.
Што сака да дозне читателот од ПП?
Значи тој кој ја има нашата ПБ преку ПП сака да дознае кои сме всушност ние, зошто конкурираме за работното место во таа фирма, зошто сме помислиле да аплицираме, што не мотивирало да се пријавиме на конкурсот, што знаеме за фирмата за која конкурираме. Исто така, тој или таа што чита ПП сака да го види стилот со кој ние се изразуваме и начинот на кој пишуваме. Е сега, тоа може и да не е важно доколку конкурираме за работник на ЦНЦ машина во дрвната индустрија, но сепак доброто изразување во пропоратното писмо отвора една важна врата: врата која се вика Јас ќе можам да се разберам со него/неа!!! Тоа е помислата што тој кој чита пропоратни писма мора да ја почувствува, посебно што многу често тоа е и самиот претпоставен кој утре нас ќе ни биде претпоставен (шеф, директор, раководител, тим лидер..)
Дали треба да напишеме што знаеме за фирмата за која конкурираме?
Некои луѓе сметаат дека тоа треба да го оставиме за на интервју, но ако не стигнеме до интервјуто можеме колку сакаме да знаеме за фирмата. Затоа во ПП секогаш влегува барем една реченица за информациите и можеби уште подобро, нашето мислење за фирмата за која конкурираме. Мојата препорака е обавезно да се спомне што знаеме за фирмата и зошто ни е важна или зошто сакаме токму во неа да работиме. Тоа најчесто оди едно по друго: затоа што вашата фирма работи со шпедиција, а јас имам искувство со тоа, се пријавувам на вашиот оглас...
Кои се главните карактеристики на одлично пропоратно писмо?
Поточно, главните елементи кои треба да ги има една ПП се следните:
- деловен формат на писмо
- почнува со формална прва реченица
- јасни и читливи реченици
- објаснети се нашите предности и силни страни
- објаснето е зошто сакаме да работиме на тоа работно место- има јасен тек на речениците и се покажани нашите писмени комуникациски способности
- има јасен одговор зошто баш нас- завршува со молба за интервју или средба
:smir:
досега само еднаш имам пратено зошто беше нагласено во огласот, и не е воопшто тешко да се напише, само неколку реченици, и можеби навистина е губење време но сепак е поразлично кога некому директно му се обраќаш,и кога праќаш само сиви со информациите.Мене повеќе ми се допаѓа кога се праќаат двете па најверојатно така ќе праќам и во иднина:helou: