Монтажни куќи

Член од
16 ноември 2007
Мислења
26
Поени од реакции
0
За жал СЕУШТЕ ништо. Парите не стигаат. Есапот ДОМА и на ПАЗАР не бил ист. Ќе се почека уш некое време.
Поздрав и со повеќе к'смет од мене.

Парите никоаш не стигаат, ама има една поговорка ``Напрај нешто коа немаш ништо`` :helou: Јас денеска бев во хот хот и разговарав, нудат услови имаат склучено договори со некои банки алфа и ИК така да може да се земе кредит, единствено што треба е плац и плоча. Јас сум заинтересиран така да работам на случајот. Изведбата е солидна да не речам одлична и градењето односно монтажа трае од 30-60 дена зависи од квадратурата. Изолацијата е исто така одлична, од тоа што разговарав со еден сопственик ми кажа дека со 3 кубика дрва во една сезона одлично поминува.
Со нови информации наскоро.
Цената е 295 евра за м2. Така да куќа од 105 м2 е 30.900 евра комплет.
Над 100 м2 ти уредуваат и бања, купатило и уште некои ситници. Навистина солидни понуди имаат.

А да не знае некој плац да се продава во Усје?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ај подобјасни како оди монтажата? За колку време? И дали може да се монтира во град, или тие се само за викенд куќички?
 
Член од
12 февруари 2009
Мислења
3
Поени од реакции
6
prvo pravish osnova sto znaci ploca so ili bez podrum ispod,i do plocata nosish voda struja i odvod na mesto prrethodno oznaceno od izveduvacot.Za detali vo nacinot na gradba pojdi na sajtot na lesnina imas so slika se objasneto po fazi na gradba i toa e slikana mojata kujka.Vremeto na izgradba zavisi od toa kolku objekti gradat odednash.Jas bev prv vo sezonata prolet 2006god. i mojata ja napravija za nepoln mesec.

A za toa kade mozes da ja pravish ako sakash i na mesecina.Mojata e vo radisani i si plativ komunalii isto kako za cvrsta gradba bidejki nemaat stavka za ovoj tip na gradba, i si ja poseduvam najlegalno celokupnata dokumentacija vklucuvajki i imoten list.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
И дали може да се монтира во град, или тие се само за викенд куќички?
навикнати сме на тврди бетонски или цигла градби. инаку во Норвешка, Шведска, Финска луѓе живеат во такви куќи и цели градови се со такви куќи по иста шема правени. Супер решение башка ако кошта куќата што ја сакаш над 30 000 евра имаш и кујна од нив. Нормално вц. Така да ептен се исплатат.
Само ти треба плац и цевки, темели такви работи сам да си напраиш.

за гаранцијата 50 години што спомна некој.... колку мислите дека имаат гаранција бараките во елитната :nesvest: населба тафталиџе, каде што бајдвеј е изгор да купиш куќа или барака или што и да е. Или руските згради во карпош 3, 4... се тоа биле монтажни објекти.

prvo pravish osnova sto znaci ploca so ili bez podrum ispod,i do plocata nosish voda struja i odvod na mesto prrethodno oznaceno od izveduvacot.Za detali vo nacinot na gradba pojdi na sajtot na lesnina imas so slika se objasneto po fazi na gradba i toa e slikana mojata kujka.Vremeto na izgradba zavisi od toa kolku objekti gradat odednash.Jas bev prv vo sezonata prolet 2006god. i mojata ja napravija za nepoln mesec.

A za toa kade mozes da ja pravish ako sakash i na mesecina.Mojata e vo radisani i si plativ komunalii isto kako za cvrsta gradba bidejki nemaat stavka za ovoj tip na gradba, i si ja poseduvam najlegalno celokupnata dokumentacija vklucuvajki i imoten list.
имам чуено муабети дека многу крцкале, безвезе, како црвчиња да има во дрвото.... ова вистина е или муабети? (затоа што ти имаш, па ќе изберам да верувам на прва рака муабет) :)
 
Член од
12 февруари 2009
Мислења
3
Поени од реакции
6
Za site sto imaat nedoumica vo vrska so materijalite eve edno malo pojasnuvanje:eek:d vnatresna strana na zidot ima dva reda gips karton eden vrz drug,vrz spojot na prviot red gipskarton se zastrafuva vtoriot red,toa e za da ne dojde do pukanje,gips kartonot e ognootporen,predvideno ededn red da drzi polovina cas pozar,znaci dvata reda eden cas sto e sosema dovolno za vistinska reakcija posto za eden cas i zgrada cela gori ako ne se izgasne na vreme ama gospod da cuva e najvazno.potoa ide prema nadvor znaci,petnaeset santimi tervol,pa OSB ploca toa e vrsta na vodootporna iverica,pa fazer-vodootporen gips karton za fasadi,vrz nego rabis mreza so lepak ina kraj vlecena fasada.Sto se odnesuva do drvoto, gragjata sto se stava e od avstrisko proizvodstvo i e kuvano drvo,tretirano so pesticidi vo tekot na obrabotkata i go farbash isklucivo zaradi izgled,da skape nema sansa,a istoto se stava pomegju zidivite vo vnatresnosta,kako sto se stavaat i betonskite stolbovi.Od istoto drvo e napravena i krovnata konstrukcija i se sto treba da se napravi od drvo.
 
blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Убави се тие куќи,практични се,не се претерано скапи а и не се евтини,не се замараш со надгледување и градење...Мислам дека се исплати да си купиш монтажна куќичка.
:salut:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Да мерак и мене ми се свиѓаат многу само кај нас сеуште се слабо застапени,ние сме научени на малтер и цигла и друго тешко прифаќаме :toe:
 
I

Intex

Гостин
Колку е квадратот од куќиве и дали има некоја можност да се земат на кредит (рати)?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Koj saka da pravi montazna kujka slobodno moze da me konsultira jas ziveam veke tri godini vo montazna kujka od lesnina.Filingot e nezamenliv i zime i lete.Izolacija ima nevidena.
kaj ti e montirana????

Да мерак и мене ми се свиѓаат многу само кај нас сеуште се слабо застапени,ние сме научени на малтер и цигла и друго тешко прифаќаме :toe:
kombiniraj...
naprai betonska karabina podrum-prizemje-sprat , montiraj odozgora kompletno drveno visoko-podkrovje, useli se ...pa posle dograduvaj...:)
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Башка и нема да мораш да ја варосуваш од надвор.

Dobro mene ne mi e jasno zar ne treba ovie drveni kuci posle nekoe vreme da gi farbas odnadvor pa drvo e ???

Квалитетот на живеење кој го обезбедува овој тип на субурбана архитектура е на далеку повисоко ниво од конвенционалната архитектура, која е многу поопиплива на нашава територија. Почнувајќи од самата структура на ѕидовите (лесни прегради изведени од природни материјали, кои допуштаат „дишење“ на ѕидот, со што објектот станува поврзан дел со надворешната средина), преку аспектот на задоволување на термичко-акустична заштита на истиот според најстрогите стандарди, до драстично намалената потрошувачка, како при градење, така и во текот на употреба на истиот. Тоа се објекти кои бараат помало време на изведба, се изведуваат комплетно по „сува постапка“, т.е. нема вградување на материјали кои притоа треба да опфатат еден дел од периодот на изведба за да ги постигнат своите ултимативни својства.

Друга предност е тоа што (земајќи во предвид дека секој објект има времетраење на употреливост), по истекувањето на употребливоста на објектот и при неговото рушење (т.е. демонтирање), не се соочуваме со проблемот на неупотреблив шут од истиот и негова дислокација - уште еден плус во заштедување на време, материјални средства и здравје. Овие објекти, при демонтирањето се расклопуваат на истиот начин како што биле склопени, панелите се носат на рециклирање или освежување (во зависност од оштетеноста) и се повторно спремни за вградување.

Moe prasanje e neli se vgraduvaat cevki za voda sto ako primer istite protecat
vodata i drvo ne e bas dobra kombinacija kako e ova izvedeno kaj montaznite kuci ????

,tretirano so pesticidi vo tekot na obrabotkata i go farbash isklucivo zaradi izgled,da skape nema sansa,
Na kolku vreme ja ti farbas kucata i kaj e istata postavena koj grad ???
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Дали е можно материјалите со кои се составува куќата да предизвикаат алергиски реакции?
Инаку многу убаво изгледаат...

Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Da se slozuvam deka mnogu ubavo izgledaat no mislam deka cena na kvadraten metar ne e realna 295 eura me interesira primer kolku cinat vakvi kuci vo Amerika, skandinavskite zemji
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Da se slozuvam deka mnogu ubavo izgledaat no mislam deka cena na kvadraten metar ne e realna 295 eura me interesira primer kolku cinat vakvi kuci vo Amerika, skandinavskite zemji
Зависи како гледаш на работите. Ако се наплатува само површината, би излегло дека куќа од 100 квадрати би чинела 29.500 евра. Тешко дека во Скопје би нашол толкав стан за тие пари, нели :smir:? Секако, има и дополнителни трошоци, но и предности. Монтажната куќа ќе биде склопена многу брзо, со што осетно би се намалиле трошоците околу изградбата на вообичаените куќи кај нас, која може да трае и со месеци, а мислам дека се наплатува со дневница (а можеби монтирњето на куќата е пресметано во цената?). Во секој случај, ако се е ок. со овие куќи, тие се згодна замена за цврстата градба.
 
Pa vo Sk ce zemes samo ednosoben stan za okolu 30.000 eura ama ovde ti treba i zemjiste na koe ce gradis a toa e dosta skapo od Aerodrom do Karpos 4 , ( mislam deka e tuka atraktivno mesto za ziveenje) pa ce iskoci druga matematika t.e poskapo od stanot a i gledam na pazar 3 prodavaat zemjiste se nekade nadvor od SK
 
Kajgana Shop

На врв Bottom