Монтажни куќи

Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Со сопругата РАЗМИСЛУВАМЕ, ПЛАНИРАМЕ да градиме монтажна куќа. РАЗГЛЕДУВАВМЕ некои понуди од ХОТ и ХОТ и ЛЕСНИНА.

Ме интересираат вашите мислења, а можеби и лични искуства за/со монтажните куќи.

Бараме совети и мислења!?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
44

Еднаш, една моја пријателка била да ги разгледува, ама сомничава затоа што биле дрвени го зела и татко и (пензиониран командир на пожарна, искусен за пожари) да ги види и да и даде совет колку се безбедни...Човекот и рекол дека нејзиниот стан побрзо ќе изгори отколку тие дрвени куќички, нормално отакако ги видел материјалите кои се вградуваат во ѕидови исл. Инаку и јас многу сум загреан за нив...
 
Член од
18 април 2008
Мислења
874
Поени од реакции
213
Abe tie kuki se idninata. Samo da vides edna Amerika kako izgleda, nema ni edna betonska kuka site se montazni (drveni). A i ponudite od hot-hot se stvarno `too good to be truth` ali ja definitivno sum u plan da zimam takva kuka. Nema da zgreses ako zemes.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Читав во леснина дека има и некој ОГНООТПОРЕН гипс картон. Е сега дали овие во Хот и Хот го ставаат, не знам.
Но изолација на надворешните (па и на внатрешните) ѕидови е прва лига. Лично бев со мајстор/изведувач на лице место да види што ставаат и човекот вели ЗА ТАА ЦЕНА И ТИА МАТЕРИЈАЛИ, ЅИДАНА НЕМА ШАНСА
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Има некој видено таква во своја близина. Јас сум од Струмица и кај нас ги нема-освен една во едно село правена од Леснина
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Читав во леснина дека има и некој ОГНООТПОРЕН гипс картон. Е сега дали овие во Хот и Хот го ставаат, не знам.
Но изолација на надворешните (па и на внатрешните) ѕисови е прва лига. Лично бев со мајстор/изведувач на лице место да види што ставаат и човекот вели ЗА ТАА ЦЕНА И ТИА МАТЕРИЈАЛИ, ЅИДАНА НЕМА ШАНСА
Значи има изолација?Пошто мене ме интересираше и јас ги гледав.Со вереникот сакаме да куќа ама скапо е да градиш или да купиш.
 
Отвори го вебсајтот на Хот&Хот, контактирај ги лично и така ќе дознаеш. И мислам дека се комплет со прозорци, бродски под и санитарии. Тврда градба е ОК, ама се додека не дојдеш до тие издатоци, прозори, врати паркети и слично...Е тогаш ќе го видиш ѓаволот кога бил млада невеста.:pos2:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Значи има изолација?Пошто мене ме интересираше и јас ги гледав.Со вереникот сакаме да куќа ама скапо е да градиш или да купиш.
Изолација е супер:
Гипс картон од внатре. Стаклена волна 10 цм. ОСБ плоча околу 2 цм (тоа е нешто како пресувани парченца дрво или поголеми струготини). 5 цм стиропор. Некоја си фолија. Мрежа врз стиропорот и на неа се става фасада од готов малтер.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Отвори го вебсајтот на Хот&Хот, контактирај ги лично и така ќе дознаеш. И мислам дека се комплет со прозорци, бродски под и санитарии. Тврда градба е ОК, ама се додека не дојдеш до тие издатоци, прозори, врати паркети и слично...Е тогаш ќе го видиш ѓаволот кога бил млада невеста.:pos2:
Бев таму. СЕ е 295 со клуч на рака. Само темелот е на газдата, т.е. мој. Плус се гради од 30-60 дена. Побрзо само во стрип.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
44
Изолација е супер:
Гипс картон од внатре. Стаклена волна 10 цм. ОСБ плоча околу 2 цм (тоа е нешто како пресувани парченца дрво или поголеми струготини). 5 цм стиропор. Некоја си фолија. Мрежа врз стиропорот и на неа се става фасада од готов малтер.
Башка и нема да мораш да ја варосуваш од надвор. Плус кај тврдите градби...работела земјата, па јеби га испукал ѕидот, абе нон стоп работа околу неа...
 
Г

Гоццццце

Гостин
Поставете некоја слика да видиме за кои куќи станува збор.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Поставете некоја слика да видиме за кои куќи станува збор.
Имат слики од куќи во ШПИЦ, ама тие не се нивните, туку слики од СТРАНСТВО. Ама ќе пробам да ти најдам една НИВНА.

Затоа мене ме интересира дали некој има видено НИВНА направена и КАДЕ.
 
На врв Bottom