Каква е ситуацијата со вработувања во ИТ индустријата во Македонија моментално?
Прочитав на LinkedIn дека пред некој ден отпуштиле пола од 80 вработени во Web Factory.
Има масовни отпуштања во УСА и Канада, а не е сјаен ни пазарот во ЕУ за ИТ.
Ме интересира дали има некој слушнато за отпуштања или затварња на фирми во ИТ.
Не само во Македонија, туку и глобално, состојбата е мизерна и на краток рок ќе се влошува. На среден рок, можеби ќе има мала стабилизација (доколку се намалат каматните стапки), но е малку веројатно дека состојбата ќе се врати на претходното ниво.
Мојата прогноза е дека платите ќе се движат околу просечната плата за инженер со соодветно искуство (со исклучоци на апла добри луѓе, кои тешко да се повеќе од 10-15% на тековниот пазар), доколку фирмите сакаат да останат конкурентни. Во спротивно, ИТ пазарот на глобално ниво ќе биде концентриран во земјите каде што се реализираат проектите, посебно за државни проекти или за оние што бараат висок степен на безбедносна проверка. За аутсорсинг со тенок буџет, фокусот ќе биде на Југоисточна Азија и Африка, овие постепено си го подобруваат квалитетот, а со цените се далеку пониски од нас.
Компаниите што ќе успеат да обезбедат проекти кај нас ќе мораат максимално да ги оптимизираат трошоците и ќе избираат кадар што е компетентен и не прави грешки.
Направи си анализа дали сакаш да го студираш ова, затоа што за да стигнеш и до шанса за работа ќе треба да бидеш натпросечно добар/добра. Во спротивно, не си го губи времето и барај си друга професија.
Овие што веќе работат може да се молат да не им бидат откажани нивните проекти, ако останат на улица ги следува истото, за влез назад на пазарот нема да добијат ни 70% од тоа што го заработуваат во моментот.