Од друга страна и скоро сите ИТ кадри во македонија и слично си ја кренаа цената до небо во рок од неколку години. Имаше периоди кога почетници без 1000 евра не сакаа да почнат со работа. На сениор 3к му биле малце. Бараа плати поголеми од програмери во западна европа што земаа. Некој во Кратово или Капиштец ќе бара плата поголема од некој во Амстердам и Берлин. Едниве праат R&D, иновации и стартапи, а нашиве ако не им направиш тикети во Јира ништо нема сами да сработат, а не пак иницијатива да покренат.
Едноставно па и такво ни е и образованието во Мк, незнаеме подобро. Математика, физика, информатика, биологија, хемија се се учеше напамет. Рецитирај лекција и дефиниции, ни некој да те натера да мислиш ниту да ти ги поврзи работите. Онака колку да се помини со сите петки, без размислување само бубање.
Потоа зошто неаме ИТ индустрија, немаме навика да мислиме и смислиме.
Ќе се средат работите за брзо, тој што го бива ќе си најди работа, дугите малце треба да си размислат. Сеа фалат плочкари и водоинсталатери...