Моментална ситуација во ИТ индустрија, вработувања

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.518
Поени од реакции
29.000
Не го пишав како лошо, туку како генерален тренд што студираат во моментов луѓето. Инаку да, голем дел се откажуваат релативно брзо, а и веројатно факултетиве водат шкаклива евиденција, па дел од активните студенти, ни самите не знаат дека се се уште активни. Тоа што порано беа правен и економски, сега е финки, додека пак претходниве доживуваат огромен пад (соодветно на пазарот на трудот).
Да, баш така. На времето се чудев што правиме со 1200 дипломирани економисти на годишно ниво. па Америка нема таква економија. Имав барем 3ца колеги што се водеа уште како активни затоа што ја немаа дадено дипломската. Повеќе значење би дал колку на годишно ниво дипломираат, мање битно колку се запишуваат. Имаш ли статистика за другите факултети, на пример машински и електро?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Врз ИТ индустријата претежно влијае состојбата во другите индустрии, така да индустријата сама по себе не е во опаѓање, туку западот има глобална криза.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Каква е ситуацијата со вработувања во ИТ индустријата во Македонија моментално?

Прочитав на LinkedIn дека пред некој ден отпуштиле пола од 80 вработени во Web Factory.

Има масовни отпуштања во УСА и Канада, а не е сјаен ни пазарот во ЕУ за ИТ.

Ме интересира дали има некој слушнато за отпуштања или затварња на фирми во ИТ.
Не само во Македонија, туку и глобално, состојбата е мизерна и на краток рок ќе се влошува. На среден рок, можеби ќе има мала стабилизација (доколку се намалат каматните стапки), но е малку веројатно дека состојбата ќе се врати на претходното ниво.

Мојата прогноза е дека платите ќе се движат околу просечната плата за инженер со соодветно искуство (со исклучоци на апла добри луѓе, кои тешко да се повеќе од 10-15% на тековниот пазар), доколку фирмите сакаат да останат конкурентни. Во спротивно, ИТ пазарот на глобално ниво ќе биде концентриран во земјите каде што се реализираат проектите, посебно за државни проекти или за оние што бараат висок степен на безбедносна проверка. За аутсорсинг со тенок буџет, фокусот ќе биде на Југоисточна Азија и Африка, овие постепено си го подобруваат квалитетот, а со цените се далеку пониски од нас.

Компаниите што ќе успеат да обезбедат проекти кај нас ќе мораат максимално да ги оптимизираат трошоците и ќе избираат кадар што е компетентен и не прави грешки.

Направи си анализа дали сакаш да го студираш ова, затоа што за да стигнеш и до шанса за работа ќе треба да бидеш натпросечно добар/добра. Во спротивно, не си го губи времето и барај си друга професија.

Овие што веќе работат може да се молат да не им бидат откажани нивните проекти, ако останат на улица ги следува истото, за влез назад на пазарот нема да добијат ни 70% од тоа што го заработуваат во моментот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Премногу луѓе има едноставно во индустријава и да бркаш кариера сега во ИТ и не е баш најветувачки. Ова ти го кажувам ко некој со скоро 10 години искуство кој лани изгуби работа и ми требаа 6+ месеци за да најдам нешто "пристојно". Не е само тука

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
што би рекол оној од деведесетите ... мала бара много крокодила ... и многу арно не е на арно, не можи до бескрај да се вработува, мора да има граница, кога ќе се исполни бројот ќе се оди на квалитет па така не дека се отпушта толку многу колку што се селектира кадарот и во ИТ, ќе се отпуштат 10 па ќе се примат 8 кои ќе работат колку што работеле тие 10 , па 6 наместо 8 и така...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.183

воукерската ера на бесплатни банани и кафе заврши, сега се враќа на токсичната работна средина каде што 2ца работат за 10. Тоа го почна Маск некаде пред 2 години кога отпушти 80% од работниците во твитер.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
14.957
Да, баш така. На времето се чудев што правиме со 1200 дипломирани економисти на годишно ниво. па Америка нема таква економија. Имав барем 3ца колеги што се водеа уште како активни затоа што ја немаа дадено дипломската. Повеќе значење би дал колку на годишно ниво дипломираат, мање битно колку се запишуваат. Имаш ли статистика за другите факултети, на пример машински и електро?
Имам ама не можам сега да ги објавам. Се надевам за брзо време ќе биде готов целиот проект. Сите факултети освен финки се во опаѓање, некои повеќе, некои помалку. Техничките науки подобро се држат, додека пак humanities се во сериозно надолна линија.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
792
Поени од реакции
327
Веројатно зависи во кој дел од ИТ сферата, во мојава насока(мрежна безбедност/Cybersecurity ) тешко се наоѓаат луге. А и тие што се, се слаби кандидати.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.407
Поени од реакции
9.717
Да, баш така. На времето се чудев што правиме со 1200 дипломирани економисти на годишно ниво. па Америка нема таква економија. Имав барем 3ца колеги што се водеа уште како активни затоа што ја немаа дадено дипломската. Повеќе значење би дал колку на годишно ниво дипломираат, мање битно колку се запишуваат. Имаш ли статистика за другите факултети, на пример машински и електро?
Имам ама не можам сега да ги објавам. Се надевам за брзо време ќе биде готов целиот проект. Сите факултети освен финки се во опаѓање, некои повеќе, некои помалку. Техничките науки подобро се држат, додека пак humanities се во сериозно надолна линија.
Bev na MFS minatata nedela, mislam deka beshe posleden den za upis (neznam za koj rok po red).
Generalen komentar e deka brojot na studenti se namaluva sekoja godina.

Generalno imashe 200+ zapishani studenti prethodni godini, sega se pod 200.
Obichno MFS imashe povekje studenti od FEIT (ili kako i da se vika sega elektro),
ama godinava FEIT se 200+ zapishani studenti.

Ima nekolkugodishen dokumentiran deficit na kadri za mashinski inzheneri.
Stranski kompanii imaat doagjano na informativni razgovori (nekoi od niv vekje se vo TIRZ zonite)
brojkite koi tie gi barale se mnogu pogolemi od brojkite na studentite koi se zapishuvaat
(a nekade 1/2 do 2/3 od zapishanite zavrshuvaat).
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.306
Поени од реакции
6.241
Ја не би советувал никој сега да оди у оваа бранша ако оди реда-ради односно ради пари. Ерата на асоцијални гикови кои се поимаа за IT-аши умре последниве 10 години а тоа значење популаризација и ќоро и сакато да почне да програмира. Да би имал години и желба да почнувам со учење IT сега, би барал технологија што може да ме однесе у niche кој мене ме интересира надвор од пограмирањето па би ги споил и би станал атрактивен за тој пазар. Вака сега приучени недоучени со 10 различни јазици, веројатно на регрутериве не им оставаат впечаток а и они се лимитирани што да бараат. Генерално лош период за гуштери али па ќе си донесе и тоа некаков баланс на пазарот на труд после извесно време па ќе има квалитетен кадар за другите брашни, обесхрабрен од лошото стање во некад ветувачката IT индустрија. Којзнае што е следното - сине батали ова земи _______ учи таму се парите.
 
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
346
Тука фалат луѓе

И младиве не сакаат такви работи. Сум разговарал со мајстор, вели ќе дојде дете ќе поработи и ќе си оди зошто многу напорно му било, вели нема кого да научиш пребрзо се откажуваат а платата е повеќе од добра за македонски стандард. Ама треба да се лежи, да се клечи и многу да се внимава, нема удобна фотеља или работа од дома.
 
Кога ќе треба сметките сами да си ги платат и да ранат и други усти плус, ќе почнат да сакаат. Дур помагаат мама и тато е лесно.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Од друга страна и скоро сите ИТ кадри во македонија и слично си ја кренаа цената до небо во рок од неколку години. Имаше периоди кога почетници без 1000 евра не сакаа да почнат со работа. На сениор 3к му биле малце. Бараа плати поголеми од програмери во западна европа што земаа. Некој во Кратово или Капиштец ќе бара плата поголема од некој во Амстердам и Берлин. Едниве праат R&D, иновации и стартапи, а нашиве ако не им направиш тикети во Јира ништо нема сами да сработат, а не пак иницијатива да покренат.

Едноставно па и такво ни е и образованието во Мк, незнаеме подобро. Математика, физика, информатика, биологија, хемија се се учеше напамет. Рецитирај лекција и дефиниции, ни некој да те натера да мислиш ниту да ти ги поврзи работите. Онака колку да се помини со сите петки, без размислување само бубање.
Потоа зошто неаме ИТ индустрија, немаме навика да мислиме и смислиме.

Ќе се средат работите за брзо, тој што го бива ќе си најди работа, дугите малце треба да си размислат. Сеа фалат плочкари и водоинсталатери...
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
324
Поени од реакции
666
2+ godini go slusam/me istoto iskreno jas nemam nekoja nadez za stabilizacija.. rabota se potesko se naoga skoro i da ne pisi nikoj na linkedin pa i za pusteno cv retko nekoj da ti odgovori tvoja prognoza koga ocekuvas spored tebe “stabilizacija” ? jas iskreno krenav race to e duri tera neka tera
Ех не можам да ти кажам кога точно, но ќе има, сеа нели, јеби га време тече од нешто мора да се живее, но зависи што бараш конкретно, зашто ИТ сфера е широка, имаш у скопје/МК компании ала тајд, слајс и ред други што бараат разни кадри, ако бараш нешто специфично и уште поважно (од искуство ова е поважен фактор) со специфична но не и ниска плата, тогаш е тешко. Мислата ми е ќе треба да се стабилизира, ама да се најде ИТ работа за поддршка за 30 илјади со смени и/или викенди не е тешко, а ако бркаш фул стак за 3-4 илјади евра, потешко. Ко што кажа Лестер фокус е Африка и таму Југозападна Азија, ама има и трошки и за нас, но и толку треба, не сме и ние некој пазар.
 
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
346
Веројатно зависи во кој дел од ИТ сферата, во мојава насока(мрежна безбедност/Cybersecurity ) тешко се наоѓаат луге. А и тие што се, се слаби кандидати.
Ете ви дефицитарна струка. Лапни го пасвордот од комшијата, собирај пакетчиња и барај zero day exploit на МС. Ова е само пример инаку е тотално нелегално и не пробувајте. Воопшто не охрабрувам вакви постапки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom