Можност за избор на пол на детето

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Богатите парови од сите делови на светот, се почесто патуваат во САД, бидејќи таму легално можат да го изберат полот на своето идно дете.
По појавувањето на клиниките за вештачко оплодување во кои се врши селекција на ембрионите за сума од 20.000 американски долари, податоците покажуваат дека најчести корисници на ваквите услуги се парови од Кина и од Канада. Паровите од Кина најчесто сакаат машки деца, додека Канаѓаните обично избираат девојчиња.
Оние кои го оправдуваат ваквиот начин на одбирање на полот велат дека на овој начин може да се внесе рамнотежа во семејството, додека противниците на таканаречените "дизајнирани бебиња" предупредуваат на можност од злоупотреба, па се залагаат за забрана на оваа пракса.
Постапката на таканаречената предимплантска генетска дијагноза (PGD), се однесува на анализата на оплодените јајце клетки и имплантирање само на оние кои ги задоволуваат желбите на родителите.
Во земјите кои законски го регулираа PGD, оваа метода е дозволена само за елиминирање на ембрионите кои имаат голем ризик дека ќе резултираат со деца кои ќе страдаат од наследни болести.

Дали го оправдувате ваквиот начин за одбирање на полот на идното дете?
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Nikogas ne bi si igrala so majka priroda taka , senadevam deka ke sum blagoslavena i so malo since i kerkicka ama ako ne sum , nema da na mepriroden nacin da stignam do to . Drugo e inseminacija , pomos za oplodnuvanje ova veke absurdno e !
Nie sme doma 3 kerki zamisli tatica da trzal za masko pa ke ne nemase nekoja od nas :) , ne biva :)
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Никогаш не би го направила ова. Што ќе ми даде Господ - тоа.
 

schtranga

Кратовчанче
Член од
7 август 2005
Мислења
1.295
Поени од реакции
18
Мистичен напиша:
Дали го оправдувате ваквиот начин за одбирање на полот на идното дете?
Sto da ne, postojat nekoi semejstva koi naprimer naklepale 7 deca ( site zenski ) sakajki edno masko da imaat i pak ne uspeale da go dobijat , a pusta zelba ... pa ajde pomos od socijalno , ne mozat site da gi izdrzuvaat...
Ja kao sto sakam edno masko edno zensko , (idealno bi bilo bliznaci) ovaa bi bilo sovrseno za mene :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Не, но во некои ситуации како нашиот балкански народ, повеќе сакаат машки деца па за нив е идеална таа можност да си одберат каков пол ќе им биде детето. Инаку јас лично сметам дека подобро е да остане така како што требало да биде, односно да ја почитуваме мајката природа!
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Kako sakal Gospod taka neka bide.Ne pravam razlika megu masko i zensko dete,kakvo e takvo e moe si e i jas ke si go sakam, nema potreba od nikakvo "dizajniranje" na decata
 

I am a bitch

Мачкица
Член од
24 февруари 2006
Мислења
2.016
Поени од реакции
2
ThA-BiTcH напиша:
Никогаш не би го направила ова. Што ќе ми даде Господ - тоа.
Потполно се согласувам! :kajg: Убаво е и машко и женско дете, и да е здраво и живо. Не е дека не го оправдувам ова, туку едноставно ми е глупаво! :ija: Како сакал господ-ТАКА!:icon_lol: :icon_lol:
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Глупости, тоа не е природно да бираш какво дете ќе имаш, со векови наназад до последн момент било мистрија каково ке биде а сега се занее однапред, ама да бираш пол е премногу
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
jas sum poveke za random choice ako me razbirate
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Другар мој викаше, што сака нека биде, само кога моча да е станат/исправен :pos:
Ова мала шала...Само сакам да ми биде живо здраво и да поминува лесно во животот.
Пред да се оженам повеќе скав син, ми даде господ ќерка...не би ја мењал сега за 3 сина. САМО ДА Е ЗДРАВО И ЖИВО.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Кој како сака нека прави ако некој му е толку пари и животна желба за определен пол на своето дете е оправдано.
Но според мене дајте бе луѓе малку да не се знае поинтересно е така,ако треба сега сите однапред да знаеме какви ќе ни бидат децата многу би ни било досадно.
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Најубо, без експерименти . Бебенце е, твое е, без разлика шо е.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Мистичен напиша:
Дали го оправдувате ваквиот начин за одбирање на полот на идното дете?
Еден од поголемите етички проблеми со кои се среќава генетиката во денешницата. Одбирањето на полот е всушност прилично едноставна процедура, но се јавуваат и уште порадикални идеи за комплетно генетско модифицирање....

Во секој случај ова е сеуште скапа инвестиција за многу луѓе во светот и природниот, многу поедноставен начин на оплодување е сеуште најприфатлив. Тешко дека поголемиот дел од луѓето би се отргнале од она задоволство во корист на процедура која долго трае, многу е непријатна, исклучително инвазивна и плус многу кошта.

Во секој случај сум против слободното бирање на полот на идното бебе пред се поради социјалното значење на истите во иднина.

Во Британија постои закон кој забранува купување на неферска предност. Неколку пати бирањето на полот на бебето падна пред овој закон.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Што и да е, живо и здраво да е.
Нема разлика син и ќерка, подеднакво се сакаат.

Палец или показалец?? Кој да го скршиш еднакво боли.
 

Marata

kinky
Член од
9 мај 2006
Мислења
473
Поени од реакции
3
Мене ова ми е бесмислено... да се направи рамнотежа - како не! Природата си правела рамнотежа милиони години, па сега ние ќе и се мешаме. Место да ја стремат медицината во покорисни цели, и тие пари што ги инвестираат во вакви работи, да ги инвестираат во барање лекови или незнам што, они играчки си играат... катастрофа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom