Можни реформи на Уставен суд

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Распушти се таму во тој змијарникот наш наречен палата на правда од основен до уставен, тоа се луѓе кои што работат против сопствениот народ.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имаш право, нема. :-(

Бранко Наумоски нов претседател на Уставниот суд... Политичка одлука при која се стравува од конфликт на интереси...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=103010109364&id=9&prilog=0&setIzdanie=22120
Петиција да му се забрани на Мисирков во далечната Америка да чита весници!
 

Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Уште Уставен да свири под свирката на Власта и што праиме ако додје уште поизопачена власт од оваа :uvo:
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Moјот став за Уставниот суд:
Кога едно лице ја има улогата на судија во највисокиот орган во државата, кога ја има огромната моќ да влијае и на работата на Собранието, на извршната власт и на локалната власт, тогаш треба да биде способно да го носи товарот на себе. Тоа лице треба да биде со еден збор - непогрешливо. Да нема ниту една дамка во својот живот, а единствено да живее за основните принципи и темелни вредности во државата. Не коментирам дали се такви лицата кои се моментално уставни судии. Иако еден од нив е прогласен за кодош, а според мене уставен судија не треба да кодоши ни во криенка:)
Институцијата Уставен суд, доколку би била сочината од лица кои немаат дамки во животот и работата, ако создадат имиџ на самиот суд и сопствен имиџ дека се непогрешливи, праведни, некоруптивни, лица кои се раководат единствено од Уставот и тоа им е светост, никогаш не би се разговарало за промена во концептот на работата, за судиите, нивниот интегритет и неприкосновеност.
Ако има причина зошто се критикувани, тогаш една од причините е нивната работа, нивниот професинален живот и неправедност.Каде што има чад, има и оган. Некои луѓе никогаш не се етикетирани, а некои многу често, а дури и не демантираат.
Верувам дека е тешко да донесеш одлука со која влијаеш на 2 милиони, а во судот се само 9тмина. Знам дека понекогаш одлуките се мачни, дека мораш да пазиш на секој потрег, на секоја последица, ама неколку пати да донесеш одлука против својот народ....Е тука не сум баш сигурна дека е дозволено да се греши ниту еднаш, а не повеќе пати.
Не се работи за функција која е политичка, каде народот дал доверба на средношколец да стане градоначалник, туку за функција која мора да биде чесна и професионална до бескрај.
Судиите сами допринесоа за сомневањата во нив, делумно. Јас со резерва ги примам нивните одлуки. Ако некој работел пред 20- 30 -40 години против Макединија за своја корист, денес можам да замислам. Не, не им верувам.
А нивна работа е да го докажат спротивното, не само мене, туку на сите.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Еве еден интересена напис за Уставниот суд:
http://www.makdenes.org/content/article/26857753.html
Стамен Филипов вели:
- Нема владеење на правото во Македонија
-Апсолутно не постои владеење на правото во Македонија, апсолутно не се почитува тој уставен принцип, барем во последните 5-6 години.
- ако го погледнете состав на Уставниот суд, само двајца судии се доктори на правни науки. На Уставен суд треба да бидат правници од прв калибар, значи да бидат најмалку доктори, а најдете ми во Уставен суд дали има еден судија од уставно право, нема. Има само две докторки на правни науки, другите, да извинете, се како аналфабети. И ако претседателката била кривичар, не може логички да сфати многу работи. Прво составот е ставен со цел да ја спроведува владината политика, а не да ја цени уставноста и законитоста, што е погрешно. А веројатно и судиите така се поставиле.
.........................
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
Уште Уставен да свири под свирката на Власта и што праиме ако додје уште поизопачена власт од оваа :uvo:
Уставен суд не покренува ако не поднесе некој. Ете имаше размена на територии меѓу РМ и Косово, опозицијата (уште Бранко беше таму) најави дека ќе поднесе барање ма ги викнаа на сиктер кафе у ус амбасу и ги свиткаа опашите. Да не зборувам за прости работи што се противуставни ( а не е заинтересирана некоја странска сила), како на пример полова дискриминација и абер нема за укинување на дискриминацијата... конкретно законот за Пиом, жените одат 2 години порано во пензија и имаат 5% поголема основица без никакво образложение, дури циркусот ќе биде поголем ако дојде да иде во пензија некој што променил пол од машко во женско, ПИОМ нема да му прифати :D дека е женско.
А имаше еден пензионер рекордер по уставни поднесоци, ама нешто се умртвил...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom