Значи глеј, кога ќе остарам, нема да оглупам и да барам спас во нешто што не постои. Староста дава немоќ, а секој немоќен се надева. Па и да постои, зашто мислиш дека било кој од нас ќе оди во рајот? секој втор вика дека е верник, ни самиот не се секава кога последен пат бил у црква (а да не било велигден или свадба). Се нервирам кога некој што ни самиот не е верник ќе ми кажува што да праам во иднина.
Меѓу другото: многу сум благодарен на религијата дека ако не била таа светов би бил у хаос, да не бил некој што ги напишал божјите заповеди и сето тоа, ама веќе сме 21 век, тогаш луѓето не знаеле што има преку небото, сега имаат отидено до месечината. За пеколот: НЕМА ништо ни доле (доколку некој се чудеше). Ако во некоја религија би верувал, би било будизам. Будизмот не тврди дека некој е семоќен и дека тој ќе суди после животот, будизмот вика: умираш, се реинкарнираш (јес да ни тоа нема многу логика). Но стварта на будизмот е: дошол мудар човек, им објаснил на луѓето што да праат и зашто да прават и го дисциплинирал човештвото у азија. Е сеа, некој што незнаел како да го натера остатокот од светот им рекол дека има семоќен за да им дотера памет (и го ценам тоа) ама не го ценам тоа што со лага го направил тоа што го сака од човештвото.