Темава нема поента, чиста женска фрустрација.
Вака нема да ги изнервирате машките...
Не им давајте, само тоа успева
Се согласувам дека темиве немаат поента. Ништо нема да се постигне со двете отворени теми! Форумов испадна ринг во кој се разменуваат мислења, кои не се применуваат во реалноста, што делува навистина смешно. Можам да видам мислења кои се напишани ради реда, а не дека тоа се практикува. Праксата е табу тема!
За чесност пишуваат мажи кои дома оставаат жена, со деца и одат во „подобар“ живот, односно за да променеле нешто и за да си го подобреле сексуалниот живот, демек дома не може да си вежбаат со жените и обратно. Жени кои ги изневеруваат мажите само штом тој се заврти за да плати сметка или пак да го викне келнерот, тие одма ја дигаат опашката и шараат наоколу со погледот и бараат нешто „подобро“ од она што го имаат.
Смачено ми е да читам дека секој маж бара „домаќинка
у кујна“, а „курва
у кревет“. Зарем, ако жената ужива во добра храна, која знае и сака сама да си ја зготви ја прави добра домаќинка? Зарем само ручекот на маса е некакво, било какво, мерило за „домаќинлукот“ на жената??? А, пак, „курва у кревет“ ми е најинтересно! Доколку жената ужива во сексот тогаш таа е курва, оти нели сексот е само за едниот да ужива, а под едниот се мисли дека жената во никој поглед не смее да има добар секс, а пак не дај Боже уште да ужива... Зарем, ако жената го посакува мажот и ако таа го иницира сексот е ненормална, неморална, прорачунлива??? Зарем, ако жената има секс со саканиот на задно седиште во било чија кола (мислам негова или нејзина) ја прави неморална, нечиста, курва? Зарем жената не смее да го посакува мажот (или дечкото)???
Луѓе што е морал??? Да лажеш каде стигнеш и кого стигнеш, ама дома ќе се правиш „фин/а“ господин/ госпоѓа???
Никому не му треба поштен маж/жена за пред луѓе. Секому му треба маж/ жена кој/а знае што сака и кого сака. Не ми треба некој да ми плати: одмор, излет, ручек, пијачка... Што после??? Додека јас сум на одмор, он да си се прпелка во истиот кревет со некоја друга? Или бетер, да си уплати во некое хотелче, мотелче, па додека јас одмарам на одмор, тој да си „вежба“ секс пози??? Никому не му треба сноб кој само мисли да се дотера и да провери колку пари има во џеб, па да пресметува колку пари има за швалерката, а колку остануваат за жената.
Себичноста, пресметливоста, љубомората, двосмисленоста и дволичноста се особини кои најмногу ги мразам!!! Држете се понастрана од нереализирани и исфрустрирани џукели, кои мислат дека ако имаат пари може имаат се`! Основните човечки принципи* се ептен заборавени!
*Што е принцип? Непишано правило на однесување!
Темава во меѓувреме е префрлена во ЧДА.