Ти сам не знаеш што правиш и што пишуваш изгледа. Прво си трол, па не ти се трола, па пак си трол.
Одлучи што си.
За да си трол, треба да знаеш што зборуваш. Уште од твојот прв коментар излезе дека не знаеш што рекол Фројд, туку тресеш од ракав, и наместо да се сопреш и да научиш нешто, ако те интересира, ти почна да се обидуваш да го фаќаш форумџијата на детски фори. И откога и тоа не ти успеа, и се покажа дека си шовинист, излезе дека никој од нас не те разбрал!
Пред да испратиш мислење, прочитај што си напишал и дали има смисла тоа што го пишуваш.
А ако во форумот религија те споредуваат со горенаведените ликови, тоа не би требало да го сфатиш како комплимент.
Не ми е јасно што сакаше да постигнеш со тоа што ме цитираше. Веројатно сакаше да ме дискредитираш на ниво на некој шовинист без никакво образование или знаење на ништо. Затоа морам да ти одговорам, а ќе одам малку и офтопик па нека мипрости леандра. Кажав кога сум трол(со други зборови кога јадев л.... од досада) и кога не сум трол затоа што видов дека има забуни. Гледам дека тролањето не ми оди од рака и затоа не тролам повеќе. За Фројд можеме да правиме муабет во друга тема, а можеме да правиме муабет и за Франкл и за Лакан и за Фром. Колку што сум имал слободно време во животот сум читал и нивни дела меѓу другото. Кажав дека првиот пост беше обична провокација и знам дека Фројд не рекол дека жените се непоштени и не треба да им се верува.
А тоа со религија ми беше шала што они не можат никогаш да ја сфатат. Атеист сум, но не ми значи ништо мислењето на некој нафуран атеист што го научил Докинс напамет (ако воопшто и стигнал до ниво на Докинс) и мисли дека со тоа има право да омаловажува религии. Сега сум ептем офтопик ама морав и на тоа да ти одговорам.
Е сега да се вратиме на темата иако ќе звучи како да се повторувам. Значи научно не можеме да тврдиме ништо затоа што немаме ниту хипотеза асална ниту докази ниту можеме да направиме експеримент па да мериме поштеност.
И останува некое субјективно мислење и филозофирање. Значи во животот секој може да те заебе и машко и женско и било кој. Тоа не се знае кој кога некого ќе заебе. А за менување партнери не гледам причина зошто некој или некоја да не ги менува ако тоа му одговара. Е сега дали во мк може да се најде поштена. Ако мерило за таканаречена поштеност е да девојката имала малку партнери тогаш сметам дека во македонија може да се најде поштена знаејќи дека македонките тешко даваат и сепак сме едно конзервативно општество. А и машките може да се рече дека се поштени бидејќи малку им даваат женските. Впрочем мислам дека и агресијата која е околу нас е резултат на тоа. А ако правиме муабет за верност тоа е друга работа која никој не може да ти ја гарантира.
И сега жити се кажи кај виде во ова што го пишав шовинизам.
--- надополнето: 19 септември 2012 во 20:00 ---
И шовинист сигурно нема да напише дека лупетал глупости или да промени мислење. Немој да си наивна. Да бев шовинист во одговорот што го пишав ќе ги најдеше зборовите кујна, природа, задача, пегла, покорување.