Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Оваа власт десетта година проектира буџети со дефицит. Така да, тоа “признание“ го има уште од почеток на секоја година.

Тоа што е битно, е дека исплатите никогаш не доцнеле. Е сега, ако на Кире му треба само месец дена на функција за да даде кратко демо како би изгледала Македонија ако СДСМ ја води, Ставрески треба да е луд да го спречува.
Јасно ми е оружјето со кое ќе пукаат сега, на овие функции кои ги доби СДСМ ќе се прикаже цела неспособност на тие кадри (а реално и не се нешто способни) и потенцијалното сценарио ако тие би биле власт.

Вие одите на претпоставката дека на народот поарно му е да си живее на кредити не мислејќи на долгорочен план, и тука сте во право 100%, научен е народот на таков живот уште во Југославија, затоа и овој систем на владеење сосем му одговара, и ова ти го викам најозбилно без никаква иронија, и не знам зошто СДСМ се мачи непотребно да зборува за кратење буџет, за намалување администрација и задолжување, луѓето се задоволни, им одговара моменталната состојба- пензионери пензија секој месец, урамнување им се прикажува како зголемување- задоволни, администрација огромна- редовна не многу голема плата- пак задоволни, земјоделци-редовни субвенции- задоволни.

Реално кој слој од општеството би бил незадоволен и зошто, нема такви.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.237
Поени од реакции
26.079
OK, ама тоа сеуште ќе се случува кога на власт е ДПМНЕ. Не знам баш како ќе перцепира јавноста доцнење на плати и пензии пред избори. Ризична игра е тоа...
Тоа е една од варијантите. Кире излага на прес, и се сили дека ставил вето. Имаат механизам и да му го спорат ветото, ама не треба да го направат тоа. Ќе ги исплатат на 25ти, а дотогаш јасно ќе кажуваат дека тоа е заради генијалноста на Кире.

Другата е повторно да ги исплатат на време и да го игнорираат неговото вето. Ама тогаш пораката не би била толку силна. Ако продолжи вака, најверојатно ќе ги искомбинираат двата методи. Четири месеци се повеќе од доволно време.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Ова е исто како јас да земам сега 50 000 евра и да соберам десет души да ги частам секој ден по кафани, сите ќе ме сакаат како бог, но дали ќе ме сакаат ако они се жиранти на кредитот?

Епа што кур тука Брутардуси, Кон ретардисти и Бастерди ми продаваат муда за бубрези, абе само прост народ не може да ја види подалечната слика. Абе ретардираниве се задолжуваат за да можат да исплатат плати и пензии нешто за што не смееш да се задолжуваш, тоа води кон тотален колпас за 3 години од сега или за 10 години снемување од карта поради долгови.

Штета што има толку прост и неписмен народ.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Тоа е една од варијантите. Кире излага на прес, и се сили дека ставил вето. Имаат механизам и да му го спорат ветото, ама не треба да го направат тоа. Ќе ги исплатат на 25ти, а дотогаш јасно ќе кажуваат дека тоа е заради генијалноста на Кире.

Другата е повторно да ги исплатат на време и да го игнорираат неговото вето. Ама тогаш пораката не би била толку силна. Ако продолжи вака, најверојатно ќе ги искомбинираат двата методи. Четири месеци се повеќе од доволно време.
Има и контра муабет ако почнат да доцнат со пензиите во контекст на ветото. Оној дека ДПМНЕ не е способен да сервисира држава без секојдневни позајмувања.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.237
Поени од реакции
26.079
Јасно ми е оружјето со кое ќе пукаат сега, на овие функции кои ги доби СДСМ ќе се прикаже цела неспособност на тие кадри (а реално и не се нешто способни) и потенцијалното сценарио ако тие би биле власт.

Вие одите на претпоставката дека на народот поарно му е да си живее на кредити не мислејќи на долгорочен план, и тука сте во право 100%, научен е народот на таков живот уште во Југославија, затоа и овој систем на владеење сосем му одговара, и ова ти го викам најозбилно без никаква иронија, и не знам зошто СДСМ се мачи непотребно да зборува за кратење буџет, за намалување администрација и задолжување, луѓето се задоволни, им одговара моменталната состојба- пензионери пензија секој месец, урамнување им се прикажува како зголемување- задоволни, администрација огромна- редовна не многу голема плата- пак задоволни, земјоделци-редовни субвенции- задоволни.

Реално кој слој од општеството би бил незадоволен и зошто, нема такви.
Нема човек во светот што би сакал да му доцнат пари. Без разлика каков е изговорот.

Дополнително, тој изговор „мора, заради иднината на фирмата/државата“ е потрошен во 90тите. Тогаш вујко му на Кире и неговите другарчиња им викале на работниците истото, додека не им ги испљачкале фабриките и ги оставиле со 50тина неисплатени плати.[DOUBLEPOST=1448810832][/DOUBLEPOST]
Има и контра муабет ако почнат да доцнат со пензиите во контекст на ветото. Оној дека ДПМНЕ не е способен да сервисира држава без секојдневни позајмувања.
Па ВМРО-ДПМНЕ проектира буџет со дефицит кој треба да се покрие со задолжувања. Дополнително, краткорочен баланс и редовно работење постигнуваат со краткорочни задолжувања. ВМРО-ДПМНЕ нема ни да се труди да го негира тој муабет. Само да го прифати и да каже дека тоа ќе им биде политика и во иднина.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Тоа е тоа, и затоа @Darko_ufo , може народот е прост или не знам каков, но луѓето пре би живееле во овој систем кој се задолжува и им дава пари отколку во систем кој ќе им ветува дека сега треба да се стегнеме ама после ќе дојдат добрите времиња. Тоа е големата грешка на владата на СДСМ од 2002-06.

А кој е вујко на Кире иначе?
 
Така е, само што ДПМНЕ упорно проектира во јавноста дека стабилната исплата на платите и пензиите се должи на генијалната инвестициска политика на Груевски, а не на секојдневното задолжување. Не сум слушнал дека некој медиум на власта се има пофалено со тоа.
 
Па, инвестициската политика и зголемувањето на извозот и обемот на економијата дозволува такви задолжувања. Јас паметам времиња кога ММФ не и дозволуваше на Владата на Бучковски ни 30 милиони евра да подигне. Иако беа наменски.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Тоа е тоа, и затоа @Darko_ufo , може народот е прост или не знам каков, но луѓето пре би живееле во овој систем кој се задолжува и им дава пари отколку во систем кој ќе им ветува дека сега треба да се стегнеме ама после ќе дојдат добрите времиња. Тоа е големата грешка на владата на СДСМ од 2002-06.

А кој е вујко на Кире иначе?
Ајде бе биди ми жирант на 10 000 евра.

Овој систем нема да трае исто како и во Грција, само што нас нема да не тинтраат така. Нардов тогаш гол и бос ќе шета. Само штета тогаш неокј друг ќе биде на власт и ВМРО нема да биде крив.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Па, инвестициската политика и зголемувањето на извозот и обемот на економијата дозволува такви задолжувања. Јас паметам времиња кога ММФ не и дозволуваше на Владата на Бучковски ни 30 милиони евра да подигне. Иако беа наменски.
Мислиш дека еден просечен Македонец го разбира тоа? Јас мислам дека 90% од луѓето не знаат што е државна обврзница. Во случајот има две приказни. Првота е дека заради СДСМ каснат пензиите и платите, а втората е дека парите за пензии и плати иделе од позамици, и дека наскоро ќе пропаднеме заради позајмиците. Јас да сум на место на ДПМНЕ не би си играл со шансите која приказна е поубедлива.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.237
Поени од реакции
26.079
Мислиш дека еден просечен Македонец го разбира тоа? Јас мислам дека 90% од луѓето не знаат што е државна обврзница. Во случајот има две приказни. Првота е дека заради СДСМ каснат пензиите и платите, а втората е дека парите за пензии и плати иделе од позамици, и дека наскоро ќе пропаднеме заради позајмиците. Јас да сум на место на ДПМНЕ не би си играл со шансите која приказна е поубедлива.
Нема потреба од играње. Досега се исплаќаше редовно, иде нов човек, доцнат. Дополнително, тој сам излезе на прес и кажа што направил. Нешто во гледајте ме, чудете се стил.

Само треба да се повторуваат неговите зборови. Јас да сум на местото на Грујо, и да може да се исплатат плати и пензии на време, не би го направил тоа. Иако не знам што ќе избере тој.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Мислиш дека еден просечен Македонец го разбира тоа? Јас мислам дека 90% од луѓето не знаат што е државна обврзница. Во случајот има две приказни. Првота е дека заради СДСМ каснат пензиите и платите, а втората е дека парите за пензии и плати иделе од позамици, и дека наскоро ќе пропаднеме заради позајмиците. Јас да сум на место на ДПМНЕ не би си играл со шансите која приказна е поубедлива.
Ќе зајмат дур можат, ко ќе се најдат на чекор до катастрофа ќе распишат избори кои ќе си ги изгубат нарочно, па СДСМ ќе треба да објаснува оти не може да дава пензии и плати
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ајде бе биди ми жирант на 10 000 евра.

Овој систем нема да трае исто како и во Грција, само што нас нема да не тинтраат така. Нардов тогаш гол и бос ќе шета. Само штета тогаш неокј друг ќе биде на власт и ВМРО нема да биде крив.
Не дека не си у право, но разбери, народот го сака овој систем.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Не дека не си у право, но разбери, народот го сака овој систем.

А бе садомазохистички ужива во него шо ти е тебе :icon_lol:. Сите во долгови сите беспари сиромаштија се зголемува, а овде пак ја свртија на политика :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1448822980][/DOUBLEPOST]Ако фалат 100 милиони евра зошто едноставно не ги создадат од ништо, само се вметнува во програмата 100 милиони евра и на картичките се додаваат виртуелни бројки. НБМ дава налог до печатницата да печати пари, банкоматите се полнат, поштарите носат пензии, социјална помош, инвалиднина итн. Нема потреба од позајмување, од камати, вета и глупости.

Така прави ФЕД исто и ЕЦБ зошто да не и НБМ?
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Најдобрата економија во Европа нема пари за плати и пензии ?
Човек, какви времиња дојдоја, замисли да имавме најлоша економија....како им е на Германија само, гревчиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom