Јасно ми е оружјето со кое ќе пукаат сега, на овие функции кои ги доби СДСМ ќе се прикаже цела неспособност на тие кадри (а реално и не се нешто способни) и потенцијалното сценарио ако тие би биле власт.Оваа власт десетта година проектира буџети со дефицит. Така да, тоа “признание“ го има уште од почеток на секоја година.
Тоа што е битно, е дека исплатите никогаш не доцнеле. Е сега, ако на Кире му треба само месец дена на функција за да даде кратко демо како би изгледала Македонија ако СДСМ ја води, Ставрески треба да е луд да го спречува.
Вие одите на претпоставката дека на народот поарно му е да си живее на кредити не мислејќи на долгорочен план, и тука сте во право 100%, научен е народот на таков живот уште во Југославија, затоа и овој систем на владеење сосем му одговара, и ова ти го викам најозбилно без никаква иронија, и не знам зошто СДСМ се мачи непотребно да зборува за кратење буџет, за намалување администрација и задолжување, луѓето се задоволни, им одговара моменталната состојба- пензионери пензија секој месец, урамнување им се прикажува како зголемување- задоволни, администрација огромна- редовна не многу голема плата- пак задоволни, земјоделци-редовни субвенции- задоволни.
Реално кој слој од општеството би бил незадоволен и зошто, нема такви.